Македонски филмови

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Има нешто ново онлајн излезено од страна на филмови македонски, или послабо??
Последен тој со Снежана го гледав и беше ок филм.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.811
Поени од реакции
33.661
Има нешто ново онлајн излезено од страна на филмови македонски, или послабо??
Последен тој со Снежана го гледав и беше ок филм.
После Снежана премиери имаа
-Hidden на Арсим Фазлија (тој многу сакам да го гледам, ама го нема, имал премиера на некој фестивал само и толку веројатно. @Shawn Spencer подобро ќе те упати, тој подобро знае и мислам дека го имаше гледано);
-Мими на Даријан Пејовски (не успеав да го гледам на кино, сега гледам ќе го има во Кинотека, па може ќе појдам да го гледам деновиве);
-Денот на жената на Гоце Цветановски (за него поим немам што е, веројатно некој lo-fi инди обид);
-Најсреќниот човек на светот на Теонче, нашиот кандидат за Оскар (го имам во компјутер, ама треба за Теона да собереш храброст, сила и многу енергија за да и седнеш, а плус и треба да ти е ептен досадно и да немаш што друго да правиш со себеси) и
-Кајмак на Милчо (ужас!).
Не знам дали уште нешто имаше, пак ќе речам @Shawn Spencer е подвижна енциклопедија за македонскиве, ако сум утнал или заборавил нешто, ќе ме исправи.
Од се ова онлајн мислам ништо нема. Овој на Теона ако сакаш да го гледаш, го имам, само ќе треба да го прикачам некако за да го споделам со тебе, доколку нема торент од него.

Еве што има на Gley, ако некој сака да гледа нешто од ова, ич нека не се претплаќа, не вреди за парите! 300 денари за само 13 наши филмови од кои едниот не е ни наш:
1673963341418.png
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
После Снежана премиери имаа
-Hidden на Арсим Фазлија (тој многу сакам да го гледам, ама го нема, имал премиера на некој фестивал само и толку веројатно. @Shawn Spencer подобро ќе те упати, тој подобро знае и мислам дека го имаше гледано);
-Мими на Даријан Пејовски (не успеав да го гледам на кино, сега гледам ќе го има во Кинотека, па може ќе појдам да го гледам деновиве);
-Денот на жената на Гоце Цветановски (за него поим немам што е, веројатно некој lo-fi инди обид);
-Најсреќниот човек на светот на Теонче, нашиот кандидат за Оскар (го имам во компјутер, ама треба за Теона да собереш храброст, сила и многу енергија за да и седнеш, а плус и треба да ти е ептен досадно и да немаш што друго да правиш со себеси) и
-Кајмак на Милчо (ужас!).
Не знам дали уште нешто имаше, пак ќе речам @Shawn Spencer е подвижна енциклопедија за македонскиве, ако сум утнал или заборавил нешто, ќе ме исправи.
Од се ова онлајн мислам ништо нема. Овој на Теона ако сакаш да го гледаш, го имам, само ќе треба да го прикачам некако за да го споделам со тебе, доколку нема торент од него.
И 'Те дуа, жими мене' имаше една фестивалска проекција лани.

'Денот на жената' имаше ребрендинг на името и сега се вика 'Бизнисот на задоволството', а не е излезен во кино, ниту бил по фестивали. Ниеден од овие не се онлајн.

Препорака да не очекуваш многу од 'Мими', не е ужас ко Кајмак, али е многу лош сценаристички.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.811
Поени од реакции
33.661
И 'Те дуа, жими мене' имаше една фестивалска проекција лани.
Знам, ама мислев пред Снежана дека беше. :D Баш сега гледав на Инстаграм, пред 48 недели напишале: наскоро во кината во Македонија. Кога е наскоро, не знам.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Знам, ама мислев пред Снежана дека беше. :D
Снежана беше јануари, Те дуа во април, Сокриениот - јуни, Мими јули, Најсреќниот човек - септември (светска премиера), Кајмак во ноември. Тоа е од лани.

Со напомена Сокриениот и Те дуа немале кино дистрибуција досега. Сокриениот и не знам ни дали ќе го пуштат.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.086
Поени од реакции
8.135
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Инаку, еве ги на едно место сите досегашни македонски кандидати за Оскар и филмовите со кои биле во конкуренција (од 2010 наваму, за претходно тешко се наоѓаат податоци, ги знаеме само кандидатите). Може ќе притребаат некогаш:

2021:
-Сестри - Дина Дума
-Исчезнатиот - Арбен Тачи

2020:
-Врба - Милчо Манчевски
-Ефектот на среќата - Борјан Зафировски
-Кеиф - Блаже Дулев
-Незо - Мерита Чочоли

2019:
-Медена земја - Тамара Котевска, Љубомир Стефанов
-Господ постои, името ѝ е Петрунија - Теона Стругар Митевска
-Еј - Васил Христов
-Дедо и внук - Илија Пиперковски
-Боите на Преспа - Перо Попов
-Џезмен - Аљоша Симјановски

2018:
-Исцелител - Ѓорче Ставревски
-Враќање - Кастриот Абдили
-Година на мајмунот - Владимир Блажевски
-Незаборавна пролет во заборавено село - Куштрим Бектеши
-Ругање со Христос - Јани Бојаџи

2017 (немавме претставник):
-Златна петорка - Горан Тренчовски
-Кога денот немаше име - Теона Стругар Митевска

2016:
-Ослободување на Скопје - Раде и Данило Шербеџија
-Џган - Вардан Тозија
-Лазар - Светозар Ристовски
-Три дена во септември - Даријан Пејовски

2015:
-Медена ноќ - Иво Трајков

2014:
-До Балчак - Столе Попов

2013 (немавме претставник):
-Балканот не е мртов - Александар Поповски
-Соба со пијано - Игор Иванов Изи

2012:
-Трето полувреме - Дарко Митревски
-Жената што ги избриша солзите - Теона Стругар Митевска
-Скопје ремиксд - група режисери

2011:
-Панкот не е мртов - Владимир Блажевски
-Ова не е американски филм - Сашо Павловски

2010:
-Мајки - Милчо Манчевски
-Војната заврши - Митко Панов

Од 2009 наназад тешко може да се најде дали имало други кандидати во конкуренција. Затоа надолу се напишани само предложените.
________________________________________________________________
2009:
-Созрецание - Иво Трајков

2008:
-Јас сум од Титов Велес - Теона Стругар Митевска

2007:
-Сенки - Милчо Манчевски

2006:
-Контакт - Сергеј Станојковски

2004:
-Големата вода - Иво Трајков

1998:
-Збогум на дваесеттиот век - Дарко Митревски, Александар Поповски

1997:
-Gypsy Magic - Столе Попов

1994:
-Пред дождот - Милчо Манчевски

Откако ги додадов документарците што беа последниве години во конкуренција направив ЛБ листа по твојата листа од темава. Додадени се и филмовите што беа во конкуренција 2022 година, само фали тој ‘Боите на Преспа’ за кои не можам да најдам постер.
Нека ме пингне некој ако најде постер од тој документарец па да го додадам и него.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903

Јес да е од некои портали што не ги сакам, али бар се потрудиле да побараат одговори за крадењето.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom