Македонските презимиња

Член од
22 јули 2007
Мислења
438
Поени од реакции
1
Член од
1 април 2008
Мислења
75
Поени од реакции
3
Абе и друго завршвит на ОВ, па не е бугарин :vozbud:
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво!
И јас можам да ти најдам 40 луѓе во Бугарија кои се презиваат на ски и да ти направам листа. :toe:
И како што претпоставувам добро знаеш Бугарија била најголем фашист на Балканот и во тоа време кога ја окупирале Македонија на сите принудно им ги смениле презимињата. И нашето фамилијарно презиме било сменето во Бугарско од тогашниот фашистички режим на Бугарија.
Затоа ( освен ако си горд на вашиот фашизам во тоа време) ти препорачувам да не тврдиш работи за кои воопшто и се немаш информирано.
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Во Македонија 90% тина проценти од имињата завршвале на ов и ев секогаш,порано имало и на ич,според татковото име.Ски порано било загрозен вид,такво скоро и да немало.
И која е целта на докажвањето не ми е јасно,презимињата биле такви и готово.

Абе и друго завршвит на ОВ, па не е бугарин :vozbud:
:pos2::pos2::pos2:
 
Последно уредено од модератор:
E

emission

Гостин
Ако се погледне Тријазичникот на Пулевски ќе се види дека од луѓето што ги спомнува од сите градови од Македонија на -ОВ , -ЕВ завршуваат помал процент од тие 90 што си ги напишал. Значи најголем дел се на ОВ, ЕВ, потоа карактеристични Македонски без наставки на презимето и потоа презимињата на СКИ. На СКИ освен речиси сите од Галичник има и од Велес, Солун , Охрид итн. Исто така има и од презимињата на ОВСКИ, и ЕВСКИ за кои Бугарите тврдат дека се измислени од Тито :pos2: и дека не биле употребувани пред 1945 и дека се создадени со додавање на СКИ на веќе постојните презимиња.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
А бре што сте запнале ОВ, ОВСКИ. Треба да биде СКИ, без В! Презимињата кои завршуваат на -овски се граматичка грешка. Кај нив еден дел е непотребен и треба да отпадне : или ОВ или СКИ. Презимето сосема добро граматички би функционирало без било кој дел од тие два суфикси.
А сега, тоа што Бугарите се презиваат со суфикс -ОВ, тоа е така бидејќи го прифатиле Македонскиот суфикс затоа што тие се во основа Македонци (генетски, етнолошки и во секој друг поглед). Доколку би биле навистина Бугари, суфиксот на нивните презимиња би бил : ОГЛУ!
 
Член од
20 октомври 2008
Мислења
216
Поени од реакции
6
Абе..
Сергеј ЛаврОВ е бугарин(министерот за надворешни работи на Русија)??
Можеби Васил ЛевСКИ е македонец???
Или пак Фридрих РИСТОВ(германец кој има напишано доста работи за Прусија) е бугар???
Овие со ов/ев се глупости. Овде во Бугариjа, повекето се на "ов"/"ев".

Има едно правило за "ски" и за географски поими т.е. Балкан"ски", Македон"ски", Малешев"ски", Софиjан"ски". Има и изклjучоци оваа правило, како например "Чорбаџиjски", но има и "Чорбадџиев".

Левски не е фамилно име. Васил Иванов К'нчев, со псевдоним Левски, затоа зашто направил "л'вски" скок, и от таму Левски.

Русите исто така имат много со ов/ев, но имат и с "ич", "ин" и многу други.
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Да обично ски е знак за потекло од некое место,ов ев татково име и ич исто така татково име.
А има една бугарка пејачка Рајна Терзијска,чести се такви презимиња?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕЗИМИЊА - КРЕАТИВНОСТ НА УМОТ


Двотомниот Речник на презимињата кај Македонците, обемно издание подготвено од Институтот за македонски јазик "Крсте Мисирков" заведува илјадници презимиња што постојат во државата, нивното потекло, начинот на формирање, бројот на луѓе и на семејства.

"Ало? Добар ден. Ќе ве молам, би можел ли да го добијам господин Газлевски?"
"Господин Газлевски во моментов не е тука. Имате ли порака?"
"Пренесете му дека го барал господин Докурчев".

Ваков хипотетички муабет по телефон, доколку се познаваа меѓусебе, би можеле да прават 38 луѓе што го носат презимето Газлевски, и деветмина Докурчеви. Така барем велат податоците собрани и класифицирани во двотомниот Речник на презимињата кај Македонците, обемно издание подготвено од Институтот за македонски јазик "Крсте Мисирков" во кое се заведени илјадници презимиња што постојат во државата, нивното потекло, начинот на формирање, бројот на луѓе и на семејства кои го носат одреденото презиме, местото во кое биле заведени, па и коренот што ги објаснува нивните значења.

38 - те Газлевски, на пример, биле регистрирани во Долно Српци, Битолско, поделени се во осум семејства, а презимето има два корена - едниот се поврзува со изведенка од личното име Газе или Газо, на кои се додале наставките, а вториот, со прекарот од кој исто така може да е изведено презимето, а тоа е "газле", што е дефинирано како "човек со голем газ". Докурчеви, пак, ги имало во две семејства во Велес, а презимето си го одбрале од прекарот "докурче", што значи "оној што носи облека до половиот орган".

Според објаснувањето во Речникот, сите презимиња во Македонија во основа потекнуваат од лично име или прекар. Некои, пак, може да се изведени и од двете категории истовремено, а исто име може да донесе огромен број варијации на едно презиме, во зависност како семејството одбрало кога застанало зад буквите со кои ќе се идентификуваат сите негови припадници.

Па така, во објаснувањата може да се види дека Лазарев може да се врзе со Лазарус - "бог помага, божја помош", Драгомиров доаѓа од старо општословенско сложено име со мотив "да им биде драг на луѓето", петмината Литајкови и 28 Литајковски се презимиња што буквално се изведени од литајка - едноставна селска кола со две тркала, но фигуративно значи дека се работи за прекар за "лит, празен, лесен човек", а Бакрданикоски, кои според речникот ги имало 12 во прилепско, презимето си го зеле од "бакрданик" - јадење од пченкарно брашно. Има едно чудо изведенки од фамилијарни имиња, па именување по села во кои живеела одредена семејно поврзана група, па дури и двајца луѓе кои го носат презимето Американски, и четворица Балкански, па тројца Бугарски, 26 Германски, еден Грчки, неколкумина Македонски.

"Проучувањето на македонските презимиња почнува поорганизирано со формирањето на Одделението за ономастика при Институтот за македонски јазик 'Крсте Мисирков'. Така, уште во 1970 почна да се собира материјал за нивна обработка. Всушност, се препишуваше материјалот од пописот на Социјалистичка Република Македонија од 1961 година и тоа рачно, се подредуваше по азбучен ред (пак рачно), а некои презимиња се проверуваа и на терен. Компјутерите тогаш не ни беа познати и техничката работа ни одземаше многу време и енергија. За жал. Згора на тоа ни беа недостапни 10% од попишаните презимиња (такви беа пропозициите на Заводот за статистика). Но, кога работата претставува задоволство ништо не е тешко. Напротив, обработката се одвиваше со посебен ентузијазам. Круна на тоа беше излегувањето од печат на двотомниот Речник на презимињата кај Македонците во 1994 година и под редакција на Трајко Стаматоски (раководител на проектот)", вели професор Марија Коробар-Белчева од Институтот, еден од обработувачите на материјалот заедно со Олга Иванова, Маринко Митков и Трајко Стаматоски. Додава и дека ситуацијата денеска е веројатно изменета, највеќе во бројна смисла, зашто сепак се работи за податоци од пописот во 1961 година. Освен тоа, Речникот ги заведува презимињата само на оние граѓани декларирани како Македонци по националност на пописот.

Разлистувајќи ги 1564 -те страници на изданието, се налетува на пример на 11 Абдалови (изведени од турскиот збор абдал - глупав, будала), па 16 Аждерски во Берово (од турскиот аждер - змеј, ала, или силен човек, јуначиште), Акалиеви (изведени од акал - умни, паметни), и контра нив 28 Алабакови и Алабаковски (од прекарот алабак - будала, глупав, тап), Алваџиеви и Алваџиоски, "шестопрстите" Алтипармакови и Алтипармаковски, "горчливите" Амароски, па и Амбаковски, изведени од прекарот амбак - на турски надворешната зелена корупка на оревот. Има и Амбарови и Амбарџиеви, па Ашикови и Ашиковски (изведени од турскиот збор за водење љубов, љубовник), и Ашлаков (мангуп на турски). Заведени се триесетина Бабачеви и Бабачевски (од бабаче - дебел, крупен човек), еден Бараба, Барутовски и Барутчиеви, Белдедовски и тројца Белобрадовски, Биволчев, и четворица Билмезови (од турскиот билмез - незнајко, глупав, будала). Македонија има и 30 Боримечковски, па Бричевски, Бубреговски (што фигуративно се користело за оној што живее и изгледа убаво), Бурекоски и Бурекчиски, па двајца Варизељови и неколку Велигденови, па волковските Влкови, В'лчеви, Влчкови, Волчеви, и други варијанти и изведенки од волк, и 33 Враговски.

Во Македонија има и Гаќеви, Глушчеви, Говедарови, деветмина Голицовски, Голомеови и една Господова, петмина Гурабиевски, тројца Дивљаковски, па Домазетови и Домакиновски, па двајца Дубарџиеви. Има и неколку Дупевски и Дупешовски, па четворица Заблеви (кои презимето го добиле од прекарот забле - заблест човек, зајадливец и дрдорко), или Зарезанкови (оној што сече, оној што е зарезан), но и три семејства Зверови и Збутанов. Речникот ги наведува седуммина Зејтинкови од Штип, па Зелембаба. На "S" има само 12 регистрирани презимиња, на "Њ" две, а на листата понатаму се 26 Јадилебовски од битолско Логоварди, Јајчари од Охрид, но и 6 Јуди од Крушево (потеклото е по Христовиот ученик што го предал). Во Велес, пак, има двајца Казанови, ама потеклото на презимето не е од прочуениот љубовник, туку прекар од турскиот казан. Турскиот јазик и зборот за слаб и закржлавен човек го дал и коренот на презимето Какарец, а Македонија и кочанско можат да се пофалат со десетмина Калашникови, иако коренот е во турскиот "калаш" - крадец, расипник и бекрија. Интересно е презимето Каликокошкоска, изведено од прекарот Каликокошка, односно оној кој колел кокошки, па Камшиковски од Ѓорче Петров, Карабатак во битолско, Кебапова, Келепуровски, Кркачев, Келешеви, па Кикиритков, Киселов (што освен асоцијацијата на лимон, фигуративно значи дека човекот е нерасположен, строг и незгоден), Лапајкоска во охридско, Лепешкоски во прилепско, а заведено е и презиме Клетничка. Во Гостивар четворица се презиваат Пењивраг, што доаѓа од српското "качување" и "враг", а во струмичко Бориево едно лице го носи името Љубов.

И така во недоглед, оти презимиња, кованици и сите можни измислици се нижат едно по едно, менувајќи ја само почетната буква.

"Презимето денес е најстабилна категорија во антропонимискиот систем бидејќи никогаш не го менува својот облик. Презимето не се избира. Тоа е познато е уште пред да се роди детето и следува по природен пат, за да го означи родот на кој му припаѓа, (неговата фамилија) и на тој начин ги чува фамилијарните корени. Затоа преку него најдлабоко се понира во минатото и се открива нашиот духовен и физички простор", вели професор Коробар. Македонските презимиња се образуваат од лични имиња со суфиксите -ски или -ов/-ев и дијалектното -оски/-ески, и од прекари кои означуваат: занаети, припадност по националност, според некое населено место, некоја психичка или телесна особина и слично. Па така ќе сретнеме Прдевски, Прдешлиеви и Прдлеви (од прекарот Прде - испушта гас), Чаламовски (од чалам - фалење, пречење), Пичоски (од пич - тукушто никнато гранче или новороденче), па дури и Фукара во Скопје (од турскиот сиромав човек, бедник).

Професијата, особено занаетите, многу често се наследувани и тоа придонело за нивно затврдување во презимињата. Презимињата со професионално име во основата се многу чести, а професор Трајко Стаматоски ја прави класификацијата на ваквите презимиња во "Македонска ономастика", издадена од Институтот за македонски јазик "Крсте Мисирков". Па така, во Македонија има "административно-правни" презимиња - како Адвокатов, Граматиков (од граматик-писар кај Србите, а кај нас и Китапов и Јазаџиев), Даскалов (од турскиот учител), потоа "војнички" - Бајрактаров, Борозанов (од турскиот - трубач), Гавазов (турски - стражар, придружник), Сеизов (турски - коњушар), "духовни" како Владиковски, Ѓаконовски, Поповски, "трговски" - Бакалов, Брашнарски, Туџаровски (турски - трговец), "занаетчиски" - Абаџиев, Алваџиевски, Ќумурџиев, Фурнаџиски, Шеќерџиев, Пушкаров, "земјоделски" како Козаров, Свињароски, Смокварски, Тикварски, но и "стопански" - Зографски ( грчки - иконописец), Коробар/Салџиев (турски - кораб, сплав), Сарафоски (турски - менувач, банкар), и многу други. Добар дел од презимињата имаат во основата професионално име од туѓо потекло, највеќе турско и потоа грчко, што доаѓа од повеќевековното политичко турско ропство и духовното грчко ропство. Интересно е и што дел од ваквите презимиња се поврзани со одредени географски региони. Овој тип презимиња овозможуваат и да се следи со кои професии се занимавале Македонците. Многу од овие занаети и професии се загубени со текот на времето, а во иднина веројатно ќе се загубат и други, па презимињата ќе останат само ретки сведоци за нивното постоење.

* * *

Македонците добиват презиме во 19 век

Презимето кај Македонците се зацврстува во пошироките слоеви на населението дури во деветнаесеттиот век со навлегување на европските обичаи и институции. До прифаќањето на презимето кај нас, како и кај други народи, е во употреба најпрво системот на голо лично име збогатен со многубројна хипокористика и подоцна системот на лично име со некоја додатна определба.

Кога веќе само личното име не можело да биде доволно за идентификација, почнал да се развива системот на лично име со некоја додатна определба. Презимето се јавило побрзо кај градското и она селско население кое имало поразвиени трговски, духовни, општествени врски. Во некои земји (како Полска, Јапонија, Русија и други) одделни слоеви на населението дури и немале право да имаат презиме. Се смета дека презимето се јавува уште во 11 век, и дека патот одел од Италија во Франција, за потоа да премине во Англија, а подоцна, во 12 век, имало широка распространетост во Германија, а во 15 и 16 век и во Данска и Шведска.

Кај Македонците, тоа затврдување на презимето е забавено не само поради степенот на развој, бавното навлегување на европските обичаи и институции, застареното општествено уредување, но и поради фактот што народите со кои македонскиот народ бил постојано во контакт (Турците, Грците, Евреите, Србите и Бугарите) не знаеле за презиме дури и во 19 век.

* * *

Највеќе Димитровски, Ивановски, Николовски

Со изумирањето на одделни презимиња (нивните носители) доаѓа до тоа голем број луѓе да носат исто презиме. Кај нас, голем број луѓе имаат презимиња Димитров(ски), Иванов(ски), Николов(ски), Стојанов(ски), Трајков(ски), Цветков(ски). Кај Хрватите, според податоците, најчести се презимињата Хорват и Ковачевиќ, а зад нив Бабиќ, Кнежевиќ, Новак, Вуковиќ. Кај Словенците најфреквентни презимиња се Новак, Хорват, Крајнц, Ковачич, Зупанчич, Поточник. Французите ги имаат Мартен, Бернар, Тома, Пти, Дибоа, Диран, Мишел, Ришар, кои ги носат милион лица, па се размислува за либерализирање на изборот на презимето и дозволување да се создаваат нови.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
ппс дали би го сменале презимето да ви биди без ски/ов?
Зошто да ми биде без -ски? Јас имам две презимиња, едното го користам тука и ми го има во македонските документи, со кое сум на -ска, додека во другото државјанство сум на -ски. Го користам тоа на -ска затоа што знам како реагираат кога ќе слушнат презиме, особено специфично, на -ски а се работи за женско. По правило, така и се презивам, презимињата не се менуваат зависно од полот.

Не гледам причина зошто да се менуваат презимиња за да испаднеме патриоти или да се правиме староседелци. Презимињата се такви какви што се, нема потреба од менување. Да, моето е од тие источно европски презимиња (Полска, Русија итн.) но, не значи дека и сите што завршуваат на -ски потекнуваат од таму. Колку што знам, прифатен е завршетокот -ски затоа што претежно земјите кај што се користи се православни. Ќе има и тука на -ов и во Бугарија на -ски затоа што во текот на историјата тука имало масовно преселување и мешање на народи. Тоа е неизбежен факт.
 
Член од
31 јули 2009
Мислења
117
Поени од реакции
10
Многу бизарна е тенденцијата во последно време да видиш жени со машки презимиња?!? :toe:

Мислам, какви се тие - Лила ДимитровСКИ, Сања ВелкОВ и не знам уште кои? На Тереза Орловски ли се угледале или шо им е финта?

Нашите презимиња, какви се да се, имаат род!

Што се однесува на старите, не знам дали некој приметил дека има и "хрватски" презимиња среде Македонците од Средниот Век и подоцна дури до 18 и 19 век се задржуваат.

Пример - Хорват и Јерекар?!? Мене некои шо сум ги чул од Охридско неверојатно многу ми звучат како старите хрватски православни презимиња од Далмација.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
По правило, презимињата остануваат такви какви што се. Кај нас е прифатено тоа со родови, но не мора да значи дека неможе да се променат.

Јас на пример, не сум македонка, и кога го вадев државјанството, ми го променија презимето затоа што при процедурата, кај нив секогаш презимето останува исто и не се менува. Затоа во едниот пасош сум -ска а во другиот -ски.
 
Член од
31 јули 2009
Мислења
117
Поени од реакции
10
Не гледам причина зошто да се менуваат презимиња за да испаднеме патриоти или да се правиме староседелци. Презимињата се такви какви што се, нема потреба од менување. Да, моето е од тие источно европски презимиња (Полска, Русија итн.) но, не значи дека и сите што завршуваат на -ски потекнуваат од таму. Колку што знам, прифатен е завршетокот -ски затоа што претежно земјите кај што се користи се православни. Ќе има и тука на -ов и во Бугарија на -ски затоа што во текот на историјата тука имало масовно преселување и мешање на народи. Тоа е неизбежен факт.
Ма нема веза тоа со мешањето или верата, просто еден утврден факт е дека во западна Македонија преовладуваат презимиња на В/СКИ, а во источна, на ОВ/ЕВ.

И едниот и другиот суфикс означуваат припадност, на пример Никола Ѓурчиноски значи "Никола од Ѓурчин", така било во јазикот порано.
Во Бугарија е најнормално да ги има таквите презимиња (на В/СКИ) поради нивниот заеднички словенски корен, а верувај ги има и појќе него шо сакаат да признаат Бугарите, не се сите на ОВ.

А мислам дека источно-европските презимиња ни се супер. :smir:

По правило, презимињата остануваат такви какви што се. Кај нас е прифатено тоа со родови, но не мора да значи дека неможе да се променат.

Јас на пример, не сум македонка, и кога го вадев државјанството, ми го променија презимето затоа што при процедурата, кај нив секогаш презимето останува исто и не се менува. Затоа во едниот пасош сум -ска а во другиот -ски.
Ма секако, сепак презимето си е лична работа, не знам каков е вашиот случај, ама мислам дека што се однесува на другиве веќе набројани примери, вештачкото менување на веќе етаблирани презимиња во нешто сосем ново и тоа поради некаква си мода да личеле на полски,чешки или не знам какви, е крајно бизарно и смешно, да не речам детски.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Preziminjata kaj Makedoncite se vsunost iminja plus ski.So toa se opredeluvalo na primer Petko od Trajko pa toj se zaveduval kako Petko Trajkoski.Retki se tie specificni preziminja koi nemaat vakva analogija .
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Постои ли речник со сите македонски презимиња? Ако има, каде може може да се најде, вреди ли да се најде, ги има ли навистина сите?..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom