А.Матковски, „За историското потекло на македонските имиња и презимиња“
Еве како што ветив, некои извадоци од студијата.
...Се разбира, бидејчи Македонија е сосетка на Грција, Бугарија и Србија, не е исклучено да се сретнат меѓу Македонците и типични српски, грчки или бугарски имиња, но тоа е поретко. Доколку вакви имиња се сретнуваат, тие се почести во оние краишта на Македонија каде пропагандите биле позасилени.
...Зошто, пак, кај Србите, Бугарите и Грците, ретко или никогаш не се јавуваат вакви типични македонски имиња: Трпе, Гале, Сребре, Доксе, Злате, Климе, Билјана, Никодимка, Солуна, Вардара, Струма, Калина, Македонка, Заре, Зоре, Заге, Филе, Стрезо, Чавдар, Ќитан, Санко, и други?
...Од историски и современи документи се гледа дека македонскиот народ секогаш не ги имал во употреба трите имиња. Така, во турскиот период (се’ до 19в.) Македонците ретко или никако не го употребувале третото име - презимето, туку само личното или татковското. Еве неколку такви имиња земени од совр. извори од втората половина на 15в.: Армен, син на Ѓорго, Пејо, син на Нове, Којо, син на Стојко, Диме, син на Никола, Продан, син на Рајан, Јован, син на Димитри, и др.
...Во 17 и 18в. биле во употреба кај македонскиот народ само првото и третото име - презимето, но без никаква наставка. Еве неколку примери од тој период: Боро Петко, Митре Јово, Петко Витко, Мартин Стојан, Јован Кандил, Илија Волкан.
...Како остаток од 17 и 18в. кај македонскиот народ, а не ретко и сега, се сретнуваат презимиња и без наставки. Такви презимиња се: Коробар, Дрндар, Љапо, Моне, Парлапан, Клисар, Кртот, Џамбаз, Смичко, Мире, Бомбол, Прличко, Цепенко, Караџа, Чамиш, Марин, Алач, Манче, Пројо, Пројко, Тупаре, Робе, Љако, Главинче, Печијаре.
...За Западна Македонија, а особено кај Мијаците се сочувани најархаични библиски презимиња со наставката -ски. Суфиксот -ски е најтипичен македонски патронимичен суфикс, но не и единствен...