Докторска партија беше ова денеска на Сер Боби, а искрено бев голем скептик после овие 3 нерешени средби, мада имав напоменато дека голем проблем му беа и отсуствата на клучни играчи.
Тој го пронајде Костадинов, дечково изигра брилијантна утакмица, го имаше секаде на теренот, прав Канте.
Воопшто не се осети отсуството на Адеми на овие две средби, со Костадинов и Барди средината функционира беспрекорно.
А да не заборавиме дека на Мрме главен проблем во тимот му беше Костадинов, тотално бескорисен и невидлив.
Плус многу добри му беа и измените, кога обезбедивме второ водство го стави Спировски и ја засили средината, многу добра партија покажа и Спировски, имаше добри моменти во делот на овие деструктивни задачи.
Ашковски исто добра замена место Чурлинов, брз е дечкото и е добро освежување.
Елмас одигра лидерски, конечно негови реализации после подолго време, ама искина во најбитен момент, од патики ги извади исландѓаниве.
Штета за овој жолт картон, голема штета, на многу наивен начин го доби, сепак е наш најдобар играч и е страшно голем хендикеп за во баражот.
Костадинов е заменлив, само да е жив и здрав Адеми.
Каква депресивна беше атмосферата пред мечот со Ерменија, делуваше навидум небитен меч, добивме страшен демант со една брилијантна игра и одлично тактички поставена од Сер Боби.
Епа после ова издание заслужуваме да се најдеме во Катар, нека е честито победата и нека се множат.