Македонска фудбалска репрезентација

Член од
25 декември 2019
Мислења
1.731
Поени од реакции
2.635
Докторска партија беше ова денеска на Сер Боби, а искрено бев голем скептик после овие 3 нерешени средби, мада имав напоменато дека голем проблем му беа и отсуствата на клучни играчи.
Тој го пронајде Костадинов, дечково изигра брилијантна утакмица, го имаше секаде на теренот, прав Канте. :D
Воопшто не се осети отсуството на Адеми на овие две средби, со Костадинов и Барди средината функционира беспрекорно.
А да не заборавиме дека на Мрме главен проблем во тимот му беше Костадинов, тотално бескорисен и невидлив.
Плус многу добри му беа и измените, кога обезбедивме второ водство го стави Спировски и ја засили средината, многу добра партија покажа и Спировски, имаше добри моменти во делот на овие деструктивни задачи.
Ашковски исто добра замена место Чурлинов, брз е дечкото и е добро освежување.
Елмас одигра лидерски, конечно негови реализации после подолго време, ама искина во најбитен момент, од патики ги извади исландѓаниве.
Штета за овој жолт картон, голема штета, на многу наивен начин го доби, сепак е наш најдобар играч и е страшно голем хендикеп за во баражот.
Костадинов е заменлив, само да е жив и здрав Адеми. :)
Каква депресивна беше атмосферата пред мечот со Ерменија, делуваше навидум небитен меч, добивме страшен демант со една брилијантна игра и одлично тактички поставена од Сер Боби.
Епа после ова издание заслужуваме да се најдеме во Катар, нека е честито победата и нека се множат.
:oeoeoe:
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.865
Поени од реакции
4.368
Незнам дали спомна некој ама за мене исто така интервенцијата на Ристовски при 100% шанса на Исланд одма после 1-1 кога спаси чист гол е момент на утакмицата,да биднеше таму 1-2 за Исланд ќе беше пеколно тешко до крај.....
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.840
Поени од реакции
3.293

Да, Исланд фати налет тогаш. Моментум е тоа за време на утакмица. Да беше голот на Ристовски признат од страна на дебилот Маса, може ќе беше и 5-0 на крај, ама небитно.
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.035
Поени од реакции
28.672
Абе каква Русија, дајте ни ја Србија за да се чешат што ги снашло. Како секад ќе потценат ќе провоцираат.
Еве прочитаа тука и не избегнаа, среќа нивна.
 
комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.091
Поени од реакции
4.927
Докторска партија беше ова денеска на Сер Боби, а искрено бев голем скептик после овие 3 нерешени средби, мада имав напоменато дека голем проблем му беа и отсуствата на клучни играчи.
Тој го пронајде Костадинов, дечково изигра брилијантна утакмица, го имаше секаде на теренот, прав Канте. :D
Воопшто не се осети отсуството на Адеми на овие две средби, со Костадинов и Барди средината функционира беспрекорно.
А да не заборавиме дека на Мрме главен проблем во тимот му беше Костадинов, тотално бескорисен и невидлив.
Плус многу добри му беа и измените, кога обезбедивме второ водство го стави Спировски и ја засили средината, многу добра партија покажа и Спировски, имаше добри моменти во делот на овие деструктивни задачи.
Ашковски исто добра замена место Чурлинов, брз е дечкото и е добро освежување.
Елмас одигра лидерски, конечно негови реализации после подолго време, ама искина во најбитен момент, од патики ги извади исландѓаниве.
Штета за овој жолт картон, голема штета, на многу наивен начин го доби, сепак е наш најдобар играч и е страшно голем хендикеп за во баражот.
Костадинов е заменлив, само да е жив и здрав Адеми. :)
Каква депресивна беше атмосферата пред мечот со Ерменија, делуваше навидум небитен меч, добивме страшен демант со една брилијантна игра и одлично тактички поставена од Сер Боби.
Епа после ова издание заслужуваме да се најдеме во Катар, нека е честито победата и нека се множат.
:oeoeoe:
Елмас откако го префрли на крило од патики ги извади, и црвен изнуди и гол постигна.
 
Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.749
Поени од реакции
8.829
Samo Rusija da ni se padne, posto realno nemame sansi protiv Portugalija, Svedska, Svicarska/Italija..
Па реално само со Русија имаме најголеми и некакви минимални шанси вакви преполовени да изиграме нешто ...ако ни се падни некој од Португалија,Швајцарија,Шведска,Шкотска или Полска да си се помириме со време.
 
acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.920
Поени од реакции
826
Некој ако има снимка од натпреварот да сподели...
 
madrock

Bogi
Член од
23 април 2014
Мислења
589
Поени од реакции
1.921
Ако сме комплетни (а не сме, штета) само со Португалија и со Италија/Швајцарија не би имале шанси, со другите би можеле некако да се носиме... со Шкотска и Русија и вака би имале шанси некакви.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Ако не даде гол Италија, и таа ни е можен противник во баражот. :cenzura:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom