Македонска фудбалска репрезентација

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.314
Поени од реакции
10.341
Гледам кажувате поише шанси сме имале и подобра игра од Шкотиве.Да тоа е факт,и неможе никој да го порекне,ама пријатели головите се бројат,ниту стативите ниту шансите.Убаво изигравме,убав фудбал и за око и се,едноставно треба да се гордееме со оваа преродба која стартуваше во Македонскиот репрезентативен фудбал.Потсетете се на онаа шансана од центаршут што ја утна шкотот кога рипна и незнаеше со што да ја мавне,нашиот голман веќе беше матиран тогаш.Они имаат зошто да жалат,ние имаме зошто да се радуваме,по се изгледа ќе заживее и фудбалот кај нас после долго време.Со ваква игра и вложување резултатите ќе бидат неизбежни,нека ви биде тоа јасно.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Браво,браво,браво....
Јас ваква Македонија (фудбалска) немам видено досега...
Осмислени акции, точни прецизни пасеви итн итн....
Јас сум изненаден од играта на Георгиевски, дечкото ме запрепасти, брз,енергичен, добар и во напад и во одбрана ги има сите карактеристики за бек......
Само ме загрижува играта на Попов ама тој е надвор од форма поради неговата трансфер сага....
Немаме шанси за бараж овде, пуштете го тоа, само се надевам оти ова е почеток на нова фудбалска и успешна репрезентација
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
Хасани ти е најмодерниот тип на играч шо постојт во фудбалов,кој шо влезе вечерва,внесе свежина,изигра предобро,и не ви чинит...тука не можам да ве скопчам...
Не,не е во форма.
Многу ја успоруваше играта,очекував повеќе од него,изгледа се заеба што отиде во Волзбург,наместо да напредува ќе се уназади таму.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Ни фали уште Фалкао за да даваме голови од чистите ситуации :icon_lol:
--- надополнето: 12 септември 2012 во 01:46 ---
Ми се свиѓа тоа што и Албанците во нашата репрезентација ја пејат химната..
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.336
Поени од реакции
5.341
Играта со Чедомир Јаневски и играта со Џон Тошак е сосема различна то е ФАКТ !!!
Сменета е играта, како повеќе да се фокусирани, повеќе желни за успеси со новиот стратег...

Ова реми пред почетокот на натпреварот да ни го понудеа ќе го прифатевме сите, ама според играта која ја прикажавме ова реми е рамно на пораз !!!
Многу повеќе шанси имавме од нив, но слабата реализација не отепа !
Шансата на Тричко уште во првите минути можеше да биди одма гол, мислам дека Шиков ја сврти кај него и беше сосема сам тука требаше од прва да шутира, тој чека, чека и на крај се :гомце: се вратија и играчите и овај си мисли Меси е зеде ги дриблаше и ја еба цела акција :facepalm:
Голот на Битолчанецот Новески беше од офсајд, ама судијата се слуша и тој го призна погодокот :D
Имавме и други шанси во првото полувреме, ама нашите кога ќе влезат во шеснаесетник сакаат со се топка да влезат до гол :facepalm:
Најмногу виновен за голот на Шкотска е Шиков, аман бе над нога ти помина топката :facepalm:
Даниел Георгиевски изигра уште еден добар натпревар, ќе биди нешто од детето (y)
Демири КАТАСТРОФА кој кур е земен овај, ајде таму гитла врска нема, па и овај Хасани, ама Хасани не е лош толку ама е бавен многу како на јајца да трча, влезе одма 1 мин и жолт картон доби, од белокапците единствено Ибраими е најдобар, само да не се занесва по многу, некој филм си тепа дечкото, да го потсетиме дека игра за Марибор а не за Барселона :D
Иако јас сум против за тие да играат во нашата репрезентација, има други деца, тука како крило Драган Георгиев од Вардар пример би бил одличен, тие во нашата репрезентација е исто како некој наш да оди во Албанија да игра за репрезентација, е сега вие проценете колку срцето ќе го оставите на терен...
Ивановски :facepalm: Мирко, Мирко, Мирко :tapp: 2 пати излезе сам со голманот, па у пички матер шо чекаш 3 сати, земи лобовирај го на колена беше голманот...
И Демири во првото полувреме имаше шанса сам со голманот ама ја стопи Мек Грегор...
Пандев уште еден одличен натпревар, какви само влезови имаше (y)
Ќе жалиме за пропуштените шанси, ама времето оди напред...
 
P

PewDiePie

Гостин
Немаме шанси за бараж овде, пуштете го тоа, само се надевам оти ова е почеток на нова фудбалска и успешна репрезентација
На сите ни е јасно тоа,ама како може да биде ова почеток на нова успешна репрезентација,ако не се форсираат новите,тоест младите. Нека ги жртвуваат квалификацииве бе,ама тие што треба од младинсиот тим ги знаеме сите кои се да не се повторуваме по 100 пати,да се форсираат во прв тим да соберат искуство и после за Европско кога 3 од група ќе можат да се пласираат,да имаме тим што се знае меѓу себе и што има лидерИ,не еден ЛИДЕРИ.. Пандев колку и да е добар се гледа дека сам игра со чат пат блесок од страна,нас ни требаат ко пандев уште 2 барем,еден за шпиц и еден за одбрана. И дај нека ископаат асален централен барем за следи квалификации,или нека обрнат повеќе внимание на младинците,нека најмат тренери од страна нека научат барем еден одбрана да игра,одбаранава според имиња(демек ѕвездите)треба да е ок,ама попов брка гулаби,георгиевски изненадува позитивно ама му фали искуство,Новески уште сега да се замени зошто ќе не кошта уште бодови,човекот не може веќе,доста го мачат.
--- надополнето: 12 септември 2012 во 01:55 ---
Да не беше Хасани, уште топката Глигоров и Демири ќе ја префрлаа преку центар до Пандев.
Абе да ама мора повеќе да користи простор,сега има празен ростор и се гледа дека може да го помине,тој менува нога,тоест прави дриблинг,и бега или наназад или на страна,и се кочи цела акција. Мора да ги поминува и да отвори очи и уши за позицијата на играчите околу него,не главата долу и дриблај.
 
Член од
6 јануари 2008
Мислења
1.900
Поени од реакции
719
Супер изиграа момците нешто што одамна не сме го гледале кај нив па некако многу ни дојдоа вакви убави игри со Хрватска и Шкотска.Слаба страна-Одбраната кај Шиков и Попов цело време од таму не шетаа од другата страна беа постабилни нашите.Второ Хасани-ги има пробивите но завршната замисла не му е како на Чеде со брз пас и кратко држење на топката многу се плетка со нејзе наместо да ја отараси.Во второ полувреме почнаа да се губат малку,можеби заради времето на изигрување на 2-те утакмици во краток рок,изгубија концентрација и физичка сила за трчање и почнаа оние нафрлања кон средината па да се протурка до нападот а и се изгуби пас играта..Се надевам дека со тек на време ке се навикнат на играва и ке ја практикуваат.Пандев направи се што знае каков осет за пас арно другиве реализација 0.Ајде изгледа почнуваат промени па да се навикнат они,па можеби и ние :D
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Ја сум презадоволен. Со резултатите од овие два натпревара - не. Ама со играта, залагањето, со тоа што гледаме дека Чеде има своја замисла како треба да играме, што има план што и како треба - е со тоа сум презадоволен.
Можеби во други услови, пред година или две ќе речев дека е ова одлично, затоа што знаеме во каква очајна ситуација ни беше репрезентацијата. Ама со оглед на тоа што имавме доста шанси на овие две утакмици, шанси колку што сме немале во цели квалификациски циклуси до пред една година, сепак и не сум задоволен со само еден освоен бод.
Ама наредна утакмица, ќе идем на Градски со истата желба како до пред 4-5 години. Можеби и овие квалификации нема да направиме ништо позначајно, ама преку ноќ ништо не бива. Само нека продолжат вака, за смена на Чеде не ни сакам да слушнем. Со вметнувањето на Ѓуровски во тимот и со Спировски, играта ќе ни биде уште подобра. Само што очајно ни фали еден напаѓач, зошто греота е на вакви шанси да незнаеш да дадеш гол.

Штета, можевме да извлечеме многу повеќе од овие два натпревари, но што е тука е. Да се надеваме дека на наредните утакмици кои ги играме дома, пред преполн градски, ќе не израдуваат и очекуем минимум 4 бода иако е рано за било какви математики.

И морам да го пофалим Георгиевски. Сите заслужуваат пофалби освен 2-3ца, ама детево е ѕвер. Одамна немам видено ваков бек, слободно можем да кажем дека денеска играше како едни од најдобрите бекови у свет. Само нека продолжи вака, ќе има добра иднина.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
мислите споменик ќе ви изгради некој ако плукате по албанциве???
--- надополнето: 12 септември 2012 во 02:22 ---
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.729
Поени од реакции
9.460
Имам многу пофални зборови за овие 2 натпревари и стварно Чеде дојде во вистинско време на кормилото зошто ако дојдеше на оваа позиција додека беше Хари на чело со ФФМ пак ќе тераше стариот метод на повикување играчи. Сега се гледа дека со новово раководство може да се постигнат подобри резултати од минатите циклуси, а Чеде баш ќе има целосна слобода и добра позадина тоа да го оствари.

Најпрвин се радувам што Македонија започна да игра фудбал, започна да ја движи топката во свои нозе, започна да прави акции и да биде опасна за секој противник. Во минатото бевме сведоци на бледи изданија, каде игравме досаден фудбал и ретко стваравме шанси.

За селекцијата на играчите мислам дека за почеток Чеде направи добар избор и со својата замисла успеа одлично да ги вклопи на теренот.

Богатинов е добар, но мислам дека некогаш напразно лета многу, но ги почна овие квалификации добро и мислам дека треба да се зацементира на таа позиција.

Во Георгиевски добиваме супер десен бек за во иднина и се радувам што имаме толку добар офанзивен бек кој е одличен и во дефанзивни задачи.

Новески и Шиков некако ми се многу спори во последна линија и искрено се надевам дека баш Чеде ќе започне да размислува за ова дуо и дали треба да му даде шанса на некој друг играч. Попов моментално не е во форма, но сепак мислам дека ПЛ добро ќе му дојде и во нареден период ќе го врати онај стар сјај.

Демири е супер играч за улогата која му ја има доделено Чеде и мислам дека залудно би било кога би го критикувал некој, а исто и Глигоров ме изненади пријатно во овие 2 натпревари...фали само уште физички да се развие уште повеќе за да има повеќе снага во дуелите со противниците.

Ибраими е супер за десен напаѓач, корпулентен, брз, техничар...е сега некогаш солира и ги троши топките со непотребни шутеви но мислам дека Чеде по овие мечеви ќе го среди и него.

Тричко моментално не е во форма, а сите ги знаеме и причините за тоа, но во иднина кога ќе влезе во полн ритам во Бриж мислам дека ќе добиеме уште едно засилување во оваа формација каде искрено може да дојде многу во израз.

Пандев уште еднаш ја покажа својата класа како и на мечот со Хрватска и мислам дека тоа е идеалната позиција на која треба да настапува и во иднина во националниот дрес. Таму Пандев е најпродуктивен и мислам дека со солиден шпиц би биле смрт за секоја одбрана.

Ивановски/Ристиќ со тоа што го прикажаа во минатите мечеви мислам дека ја изгубија довербата кај Чеде. Ивановски потроши колосални можности да ги претвори во гол, додека Ристиќ секогаш каснеше да излезе во вистински момент на вистинско место.

Исто и Хасани ме изненади пријатно иако на неколку случаеви правеше потег повеќе, сепак знаејќи ја неговата моментална ситуација во Волфсбург мислам дека доколку би бил во форма малку повеќе би бил супер за влез од клупа и да направи разлика во втор дел зошто искрено од секогаш ни фалел таков играч.

За во нападот може да се проба и Хасани да се види како ќе функционира. Мислам дека е далеку подобар финишер од М.Ивановски и Чеде треба да се замисли на кого би требало да му ја додели таа позиција зошто и Филип Ивановски е одличен играч и одлично според мене би се вклопил во оваа формација.
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.749
Поени од реакции
1.009
Ми се чини дека ова е еден од најдобрите натпревари кои го изигра Македонија во последниве неколку години ... уште од времето на Катанец немаа изиграно вака добар натпревар ... ме радува и тоа што ги видов дека трчаат и покриваат по цел терен , нешто што одамна ( да не речам никогаш ) го немав видено кај нив ... во врска со старата болка т.е. голгетер , гледам дека сеуште ги имаме истите маки на таа позиција , и затоа ме чуди што и понатаму не го викаат Илчо Наумоски во репрезентација ... не дека и тој е расен голгетер , но е далеку подобар од Мирко Ивановски па и од Ристиќ ... ако не друго барем е брз и снажен , и плус тоа е во добра форма во последно време ... како и да е се гледа дека натпреварот со Хрватска не бил само момент на инспирација , туку дека ова е една нова и далеку подобра концепција на игра од тоа што беше последниве години ... се надевам дека ќе се продолжи во ист стил на работа и понатаму и дека ќе го остават Чеде Јаневски на селекторската функција барем 2-3-4 години , без разлика дали ќе се пласираме во на следново Светско или не , бидејќи системот на работа и стилот на игра кој го прикажува репрезентацијата е одличен , и треба време за сето тоа да се реализира за да после некое време донеси и резултат .
П.С. Читав на шкотските форуми на Тартан Армијата ( навивачката група на Шкоткса ) што пишува за натпреварот кој го игравме со нив , и како што видов Шкотите беа апсолутно воодушевени од нашата игра и многу реални во коментарите , и скоро никој не се бунеше дека нашиот гол бил постигнат од офсајд ... напротив имаше неколку мислења дека не било офсајд , а тоа го поткрепуваа со некои снимки и анализи кои ги правеле на Скај Спорт , каде што стручни коментатори кажувале дека не било офсајд .
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
И мене ме правеа будала, ама и ја исто мислим дека немаше офсајд. Колку што можев да приметим, Новески и топката беа во линија, така да правилна одлука на помошникот да не дигне знаменце.

Иначе и ја сум за враќање на Илчо во репрезентација. Мислим дека одлично би се вклопил во оваа формација на Чеде. Плус тоа што е борбен, игра пресинг и е далеку подобар финишер од Мирко и Ристиќ (иако уште стоим на тоа дека Ристиќ е добар реализатор, ама не се вклопува во оваа формација која што бара многу движење).
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Вие фудбал гледавте или,само коментиравте тука ? :)

Абе Пандев,како немаме барем уште еден како тебе!

Не беше толку лош Хасани,што кревате толку врева ?
За разлика од другите утакмици кога влагаше,сеа беше заинтересиран,имаше желба кај него,од кога влезе поголемиот дел од акциите одеа преку него и Пандев,има квалитет во него,само треба да влезе во ритам,има недостаток на утакмици.

Браво за Ѓеорѓиоски,за Демири,колку само претрчаа со Глигоров,не застанаа воопшто.Средниот ред многу кејф ми напраи,колку само бољи функционираме без Величе.

Чеде требаше да го пушти Ѓеорѓиев место Ибраими,и Ристиќ место Мирко.Подобри реализатори се,сигурно ќе искористееа една од топките на Пандев.

Се преродивме со играва,само незнам колку ќе трае,кај нас се што е убаво кратко трае,во овој случај се надевам нема да е така.
 
Член од
7 јули 2011
Мислења
133
Поени од реакции
31
Чеде покажа дека е класа тренер покажа што е тренер дека ги поврза конците во репрезенатцијата која губеше од пекари и позарникари дека ги натера да размислат зашто играат за репрезентација како се гине за националниот дрес а мое гледиште за утакмицата голманот топ одбраната георгиевски врв време беше да дојде ваков бек а не оној најголемото дрво владе лазаревски одбрната шиков новевски расурија посложени акции а им се протна топка смешна што како професионалци несмеаат да си дозволат средината супер ибраими топ глигоров и демир си газеа стандард тричко лајт онака а мора некој или да се роди расен стрелец пандев да игра повлечено или да се роди некој македонски чави кој ке дава топки пошо пандев и тоа и тоа не го може еден е со гјуровски во репрезентација мислам дека тимот ке добије да идеја на креативност очекуваме чеде да најде некој освезуванја за со србија и хрватска и мислам дека ке ги следи насите репрезентативци и нивните настапи по странство како сите професионали тренерии а не како тошак и јонуз ако на ју туб видат дека дале гол ке го викант у репрезентација ми се свиѓа сто чеде послем утакмица со хрватска одма отисол да ја скенира шкотска со србија така треба и за некој нови репрезентативци што би биле на потенцијалниот список да ги скенира и постепено мислам дека со овој тренер има надез за нашата репрезентација :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom