Навистина многу ретко односно воопшто не пишувам на оваа тема, меѓутоа не можев да издржам овој пат. Ова само ја прели чашата, па земете една проста статистика колку години е Хаџи Ристески на ВЛАСТ, околу 8,9 години и што имаат постигнато ништо буквално ништо кажете ми еден светол и добар период на нашата репрезентација, или ајде да ја тргнеме репрезентацијата. Што се случува со Македонската Фудбалска лига, помизерна никогаш не била, сигурно се сеќавате имаше периоди кај што видеше дали воопшто ќе постои, кажете ми еден натпревар од лигата каде што имало повеќе од 500 гледачи. Некој го гледа тоа некој реагира или сите молчиме додека некој не лажи и ни го уништува спортот пред нос. Земете ги сите екипи македонски и направете анализа дали има сериозни екипи кои се спремни за некои силни натпревари во европските лиги. НЕМА, а најверојатно не можеме ни една салам репрезентација да собереме а и таа што ја имаме собрано не знаеме да ја менаџираме.
САМО КРИВО МИ Е ШТО ОВА ЌЕ СЕ ЗБОРА 10 ДЕНА И ЌЕ ПОМИНЕ А БЕДАТА ВО МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ И КРИМИНАЛОТ НА ХАЏИ РИСТЕСКИ ЌЕ ОСТАНЕ.
и само да ве потсетам има некој кој се сеќава на двете кримилани и нечесни избори за претседател на ФФМ и на кривичната пријава пред половина година за хаџи ристески. Најверојатно брзо сите забораваме.