Адеми ми личи како да идеш на загревање негде во некое местенце што пушта културна екс-ју музика. Се врти некое пиво, малку муабет, рок музика. Од таму правец на Боемска, да се м'цне нешто, а Адеми веќе е напиен и ужива во наши песни, ама не да се експонира - онака дискретно. А од таму правец у тоа "диското" кичерајско во Мичурин. Седиш со Адеми и никој ништо не ти може. Таму некоја Стојне Газова пее (божем) и ни се удвара на маса. Некој мешло со бричена глава се фура нешто изгледа љубоморен е, али Адеми му дава поглед и го строи на место. Мешло се повлекува фино лепо знае дека нема заебанции а и едвај стои, за на крај Адеми у 5 сабајле вика оваа фалш пее, дај уште едно пиво и за неа едно да не пее толку.
Со Џани се иде на тие rave-parties.