Македонска фудбалска репрезентација

Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.162
Поени од реакции
4.701
Пред две години кога бев во Рим, штотуку пристигнати и гладни, седнавме у една пицерија до мостот до замокот Сант Анџело. Батето не виде со куфери:
-Where are you from guys?
-Macedonia.
-Ooooo belle, belle, my new friends from Macedonia. Do you know Goran Pandev?
(јас си викам у себе си е која е веројатноста да налетам на некој ваков, а 2-3 дена пред да одиме еден тогашен колега ми вика гарант ќе налеташ на некој што ќе те праша од кај си и кога ќе речеш од Македонија одма ќе ти го спомнат Пандев, особено некој лацијал.)
-Of course, he is our legend.
-I know I know, and he is my friend to, come here come.
ме натера батето, еден црникав одма се виде дека е од јужна Италија, влагаме у пицеријата внатре и зад шанкот срамежливо пружен шал од Наполи (веројатно затскриен да не го залупаат хулиганите од Рома и Лацио) и над тоа две слики од него. Едната со Хамшик, другата со Пандев.
Почна да ми кажува дека имале фамилијарна пицерија со браќата во Наполи, он сега пробал во Рим, додека работел дома во Наполи знаеле играчите да им дојдат некад навечер да се нагозбат, Пандев бил најдарежливиот.

Се вратив на масата јас, колку што паметам пиците ни ги наплатија ама пиењето не, кур го боли 5 евра го коштало тоа ама зборот ми е дека људината Горан Пандев му имаше оставено таков впечаток што се реши да нагости тројца Македонци со толина ко да му сме куќни пријатели.

п.с. после уште еден на Пјаца Навона кога му реков дека сум од Македонија, го спомна Пандев ама ништо не частеше муебамглавата, ама да не се циганчиме па сеа.


Нема подобра реклама за некоа држава од спортот и уметноста, а Гоче не има испромовирано низ светот како ретко кој.
Минатото лето бев во Наполи, сите ама буквално сите што прашаа од каде сме ја имаа истата реакција, ОО Мачедониа, Гранде Пандев! Страшно колкав траг има оставено, језда и наполитанците се малку позабегани за фудбал и ептен се приврзуваат за клубот и играчи. Баш тие денови потпишуваше и Елмас, оние што повеќе пратат фудбал и него одма го спомнуваа, и сите што го спомнаа прашуваа is he good :D

Има интервју со Бобан Николов. Играле пинг понг кога биле во карантин пред натпревари, заедно со Данчо Масев :pos:
Дарко Велковски играл ДОТА!!!
Редовно гејма Даре, со Стефан и брат му Милан Ристовски и уште еден црногорец од Ријека беа редовни кантер едно време, пред 5 дена во 11 вечер ми пишаа за кантер да играме :ROFLMAO: Невидена легенда, и општо цела репрезентација како се имаат погодено, кој од кој, затоа и има таков тимски дух и хемија. Кога играа со Албанија во Струмица, се потепаа после утакмица кој попрво да стигне во Скопје и директ во Хавана на пиење, Трајковски земал се жали слаби му беа пијачките, сокче му давале :pos:
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Трајковски земал се жали слаби му беа пијачките, сокче му давале :pos:
Добро Трајковски за тој ќутек што го има јадено од Панче од фискултурно оправдано е што така се понаша. Исто и Столе, затоа не му замеравам за киксовите, едноставно тикови му имаат остаено тие чакмаци.
Трајковски еднаш блам допре, на утакмица за школо, не знам против кој играа и овој дава гол и доаѓа до клупата соблака дрес и за да не биде виден и избркан од судијата сместа доби мечкин зафат од Панче и беше фрлен у ѕид а на негово место од клупа секундарно за врат беше фрлен у игра Филип Наумчевски.

Каква генерација бевме у фискултурно, Трајковски, Столе, Наумчевски, Дино Најдовски, јас и Кале

Стефан Ристовски пред нас беше една генерација.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.195
Поени од реакции
4.165
Мене ова воопшто не ме чуди, сепак е Италија. Пред неколку години бев во една карипска земја каде што фудбалот и не е нешто многу популарен, првиот одговор кога кажуваш од каде си одма следи "Пандев". На околу 10 иљади километри од тука, амбасадор во права смисла на зборот :D
Јас пред повеќе од деценија во Америка запознав еден јамајканец, и кога му кажав од кај сум прво нешто што кажа беше - Пандев, Пандев.
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.848
Поени од реакции
10.651
Добро Трајковски за тој ќутек што го има јадено од Панче од фискултурно оправдано е што така се понаша. Исто и Столе, затоа не му замеравам за киксовите, едноставно тикови му имаат остаено тие чакмаци.
Трајковски еднаш блам допре, на утакмица за школо, не знам против кој играа и овој дава гол и доаѓа до клупата соблака дрес и за да не биде виден и избркан од судијата сместа доби мечкин зафат од Панче и беше фрлен у ѕид а на негово место од клупа секундарно за врат беше фрлен у игра Филип Наумчевски.

Каква генерација бевме у фискултурно, Трајковски, Столе, Наумчевски, Дино Најдовски, јас и Кале

Стефан Ристовски пред нас беше една генерација.
Имам еден другар, исто така пропаднат фудбалер како тебе што во даден момент има тренирано неколку дена кондициони тренинзи со Трајковски. Сега он е келнер во Малта и логично на секое промашување и лоша игра на Трајковски му викаме земи си го другар ти таму и заедно точете пијачки и му ебеме сто мајки. Не дека ни треба повод ама пак.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.104
Поени од реакции
3.853
После Лазаров веројатно најдобар наш спортист е Пандев, па после него следи Панчев.
После Лазаров и Пандев може да биде Перо Антиќ. :P Панчев - не, барем за репрезентација никако!
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
После Лазаров и Пандев може да биде Перо Антиќ. :P Панчев - не, барем за репрезентација никако!
Не за репрезентација строго, туку општо по постигнувањата. Златна копачка и ЛШ реално не е заебанција. Иако има и Антиќ аргументи, па веројатно после нив следи Стефанов.
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.848
Поени од реакции
10.651
После Лазаров веројатно најдобар наш спортист е Пандев, па после него следи Панчев.
nikola1-1.png

Господинов од сликата, па три празни места, па сите други.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Јас немам класична приказна со Горан Пандев, но во седмо одделение кога не носеа во Струмица на мини-екскурзија, пиевме сок во ,,19" и Сашко ми се потпиша на салфетка.
Толку тажно, да.
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.848
Поени од реакции
10.651
Јас немам класична приказна со Горан Пандев, но во седмо одделение кога не носеа во Струмица на мини-екскурзија, пиевме сок во ,,19" и Сашко ми се потпиша на салфетка.
Толку тажно, да.
Тони Стојановски ти е татко, легендата дома ја имаш ти, кур те боли за Сашко Пандев.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.129
Јас немам класична приказна со Горан Пандев, но во седмо одделение кога не носеа во Струмица на мини-екскурзија, пиевме сок во ,,19" и Сашко ми се потпиша на салфетка.
Толку тажно, да.
Боље Сашко Коцев да ти се потпишал. :P
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.444
Поени од реакции
11.365
Хемијата е многу јака алка а моментално кај дечкиве е на многу високо ниво, затоа ликови ко Адис подалеку од репрезентација
сигурен сум од мака дека не ни честитал


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716

Kajgana Shop

На врв Bottom