Најмногу треба да се вложи во домашниот фудбал односно во нашата лига...а тука сме милиони години заостанати....право чудо е како стигнавме на ЕП со ваква инфраструктура и мизерни клубови.....дури мизерни да се кажат е млак збор, онака дното го допираат во секој сегмент.
Нашиот фудбал треба да биде донесен барем на ниво колку да биде атрактивен за европските клубови на трансфер пазарот, ништо друго. Реално да правиме муабет Македонската лига ниту е била, ниту ќе биде некојпат доволно квалитетна за да одржува играчи во топ форма, за да можат истите да се натпреваруваат во национален дрес со најголемите. Ни треба годишно по еден претставник ако ништо друго барем во Лига Европа.
Значи да развиваме играчи, и штом се појави вундеркид одма пласирај го некаде низ топ5 лигите во Европа, и нека се развива таму. Наше треба да биде само основата да му се даде, а искуството и надоградбата нека ја добива надвор. Пандев е ваков производ, затоа е и таму каде што е. Исто е и со Барди, Несторовски, Елмас и сите други шо играат во јаки лиги.
Јас би инвестирал во инфраструктура, во младински погони со стручни лица од надвор, по можност од Холандија или Италија. Пандев моментално го има најблискиот проект со оваа филозофија. Јавна тајна е дека италијански пари се замешани во проектот, (читај Интер или Лацио)
и дека имаат приоритет за купување во случај ако испадне генерациски талент. Секојдневно слушам за млади струмичани по разни турнири и едукативни спортски трибини низ Италија, од 1000 деца по еден да испаѓа добар на секои 2-3 години, тоа е феноменален успех. Грандиозен објект, феноменални терени, и опрема од последната излезена генерација. Замислете ваков проект во секој поголем град во Македонија.