- Член од
- 28 јули 2008
- Мислења
- 10.785
- Поени од реакции
- 3.522
Лани ги победивме дома 3-0 без поголеми проблеми. Мислам дека и сега победата нема да биде доведена во прашања, ама не треба да се залажуваме дека со противници како Ерменија сме постигнале многу. Искрено кога примивме гол со Словачка во 92. минута не бев толку изнервиран бидејќи познавајќи не нас нема да биде чудо да кикснеме на гости во Ерменија или Андора што би било фатално. Се на се мислам дека и покрај се имаме најстабилен и најдобар состав во последниве 10 години па некое реми во Русија или Ирска ќе биде добредојдено. Исто така треба да се оди од меч во меч а не да се калкулира со бодови бидејќи мора да се приспособуваме на играта на сите противници едноставно не постојат слаби екипи со што најголем дел до успехот е дефинитивно психичката подготвеност.