Македонија-Норвешка 25.01. (18:15ч) Група 1

Во која минута ќе го исклучиме телевизорот/стримот?


  • Вкупно гласачи
    80
  • Гласањето е завршено на .
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.736
ајде малку ќе бидат голгетерите во врвот, додека не одигра Рутенка ...
 
S

silmarillion

Гостин
Серит и оној попон со дваес женски, за да се гребат кај Столе :icon_lol:
Леле леле ко да знаев иако не пратам такви мувли. Ај ќе лапа гратис кебап кај Рори за заслуга :) Има и пар фаци од "ноќниот живот" али тие се друга приказна :)
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.215
Поени од реакции
4.959
Аууу последниот напад на Норвешка, свирежи, свирежи цела сала :D
Си мислиш во сала Младост, Пелистер-Вардар, а последен напад имаат тие :D
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Морам да признам дека прв пат во историјата навивав Македонија да изгуби во ракомет. Причината е пичкарскиот пристап против Хрватска, само за да се чуваат за овој меч.

Имаа противник кој не влезе 100% во овој меч, имаа противнички голман кој имаше 3 одбрани до 55мин, имаа судија кој искрено ни беше наклонет, имаа подолг одмор. Ама џабе беше се тоа кога нашиве се телиња. Еј да постигнеш 31 гол и да се доведеш до тој степен да го изгубиш натпреварот, стварно е тоа за насловни страници.
 
Член од
19 декември 2013
Мислења
236
Поени од реакции
152
И уште една утакмица заебана.Уствари добро еј, замислете да изгубевме со 1 а имавме 5 гола предност.Тоа веќе дно дна ќе беше,а не дека ова не е.Стандард ми е секој натпревар се повлекувам всоба последните 3/4 минути зато шо овие не знаат ни едно реми, не па победа да извојуваат без да добиеме сите ние инфаркти.Абе ексик.
И сеа дали ако ја победиме Белорусија(барем на то се надевам) ќе играме за 9то место или?
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.700
Поени од реакции
6.627
Значи уште на мене има влијание лошата партија со Хрватска и сега не знам зошто али воопшто не се радувам на овие 4 разлика. Одигравме добро во нападот и Лазаров не го чуваат норвежаниве. Оттука и предноста. Се плашам дека како и досега ќе ги стопиме лесно овие 4 гола предност и пак ќе имаме тесна завршница. Норвежаните нема да се откажат лесно, физички се поспремни и тоа ќе дојде до израз после 45 мин без разлика што губат сега 4.
Told ya :kuracc: исправка... и 5 губеа
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
Така е. Само вие со античка крв, потомците на воинот на коњ, вистинските патриоти, треба да ја гледате македонската репрезентација.

Македонија се сака, Македонија се љуби и кога победува и кога губи.
И неизбежното:
Ѓабе.png
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Борко е најголемиот идиот на сите времиња. Па да ти ебам мамето бе, кај на к*рот фрлаш контра на +4 за нас, играч помалку и капак на се немаше воопшто позиција за контра на Манасков. Втора работа, беше фластерот на Кире. Не дека за нас е нешто ново ова, но Обрван мораше тогаш да бара тајм аут, посебно кога Норвежаните ни се приближија на 2-3 гола разлика. И на крај нашето "неискуство". Ете имаме искусна репрезентација, играчи кои имаат еден куп вакви утакмица зад себе и џабе е. Квалитетот и сталоженоста да одиграш еден деликатен натпревар не се мери во одиграните утакмици. Тоа или го имаш или го немаш, ако имаш храброст и квалитет да добиваш вакви утакмици, тоа ќе го правиш и на 20 години.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Ме репнаа 540 евра. Гадна репрезентација, гаден народ, гадна земја.

Само за зијан сме. Овој бодот во газот да си го начукаат.[DOUBLEPOST=1453750913][/DOUBLEPOST]
Vie sto kliknavte deka ke go isklucite televizorot posle 10 ili 20 minuti go storivte li toa?

Jas mislam deka takvi kako vas podobro i da ne go vklucuvat televizorot koga igra reprezentacijata.
Јас гледав и искрено навивав за Норвешка, ама џабе.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.808
Поени од реакции
15.899
„Одигравме квалитетно прво полувреме, меѓутоа по обичај, не знам зошто во второто полувреме паѓаме така нагло и има голема разлика во нашата игра, концентрацијата и сѐ друго. Тоа останува да си анализираат стручен штаб и тренерите, не знам зошто е тоа така. Што се однесува до нас, беше тешко да се вратиме против она што ни се случи против Хратска, но одигравме одлично, одигравме силно против една незгодна репрезентација. Ако ги тргнеме тие последни 15 минути на страна, одигравме добро“, изјави Ристовски и додаде:

„Ние и покрај сите напади што стигнаа до нас по претходниот меч останавме заедно, одигравме достојни 45 минути. Тоа е одлика на достојни репрезентации, достојни карактери и покажавме дека со нашата игра да се можеме да се носиме со поголеми репрезентации“, заклучи голман
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Номче не требаше ни да биде повикан бе, не па овој го игра у клучни моменти. Номче е единствениот играч што сеуште после завршениот напад (без разлика дали успешно или неуспешно) директно иде да направи замена на клупа без да види колку брзо противникот прави транзиција! Помина неговото време, уништен е и од повреди плус, не е ни за минимална минутажа веќе.

Обрван е одличен тренер во смисла на подготовка на екипата меѓу натпреварите, прилагодување на противниците, поставување одбрана и напад во однос на тимот и сл. Ама е лош in game. Особено во поглед на ротирањето на играчите знае ептен да ја заебе.

Тоа на првенствово најмногу се отслика со играњата на Мојсоски кои беа непотребни и со форсирањето на Прибак и Жути кога е очигледно дека се лупаат у одбраната. Не се снаоѓа воопшто кога на нападот не му иде и ретко го влече правилноит потег. Не употреби „џокер“ на првенствово, некоја нагла промена во напаѓањето која ќе го изненади противникот.

Иако денеска одлично одигравме кога му играа фластер на Кире, се виде дека тоа е уиграна акција, кога Кире го влече фластерот на лево има едно проигрување и се отвара простор за Жути или пикерот. Дадовме три гола тогаш затоа после и го повлекоа тоа, па играа 4-2 со искачања на Миркуловски и Лазаров. Тогаш и Кире го заеба и зицерот шо го споменав погоре.

Во прилагодувањето на одбрана, напротив од нападот, е доста солиден. Знае во добар момент да изигра 5-1 и да го пресече противникот. Мислам дека на ова првенство не ни се случи некој да има one man show oд какви што патевме на минатите.

Освен во бранењето на пикерот за кое немаме решение, но мислам дека тоа повеќе се должи на умрената форма на Велемаркоски. Страшно како испаѓа лесно кога искача на блок, еден на еден е ко да игра против Стеф Кари, пикерите го бушат. Јоноски не е толку слаб колку што ги прави неговите стандардни глупи исклучувања али џабе, мора двајцата во тој бедем во средината да играат добро за да биде ефективно.

Рака на срце, Обрван е добар и на тајмаутите. Воочува каде греши одбраната ко што споменав и им укажува. Штета што не се научени нашиве да го слушаат тренерот. За пораз на негов грб можеме да го ставиме само овој и тоа само ради ставањето во игра на Номче. На другите утакмици си ја заврши работата.
 
S

silmarillion

Гостин
Ич да не ги мислите. Знаете една шетња по Барслонета колку ќе го издува Кире? Ехее исто ко да не било ништо, впрочем не му е прв пат. Борко кога ќе го згрми бемвето на аутобан одма ќе му искочи лутината и ќе заборави на тој волжебен момент кога така магично го проигра норвежанецот место нашиот.

Него ние овде што утре ќе се гнетеме по прљави бусови со лејди гага пензијаши пуни со перца праз од зелен пазар, ние што едини хајлајт ни беше ова, ние што ќе правиме : ))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom