Македонија-Норвешка 25.01. (18:15ч) Група 1

Во која минута ќе го исклучиме телевизорот/стримот?


  • Вкупно гласачи
    80
  • Гласањето е завршено на .
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.710
Требаше екстра-талентираниот, момчето со раскошен талент, дечкото што е од друга планета да биде повикан место Мојсо.. а тоа е ФИЛИП ТАЛЕСКИ :)
Без зезање, Мојсо е неупотреблив за ништо, но си има привилегии во репката и секогаш си е на големите натпреварувања, дур не му текне да се пензионира ќе си игра за репката, па за кој кур да се нервирам јас? :)
Се уморив веќе од ова ЕП жити курот, подобро да не се пласиравме, го чекам нестрпливо овој дуел со Белорусија и конечно да си ги пакуваме куферчињата.
Ова не е хумано што се случува.. па во 48 мин. Жути забоде гол за ебени 5 разлика, колку треба да водиме за да победиме на крај незнам.. кога успеавме и ебени 5 разлика да прокоцкаме, па дури и им бркавме 1 негатива..:pos:
Шала на страна но не сме за големи натпреварувања, играме одлично 50 минути, во последните 10 паѓаме како круши, зошто?? прашање на кое никој неможе да даде одговор, секогаш така, секогаш иста песна, па преку курот веќе. :)
да предложиме да ги сменат правилата, да се игра 50 минути ??:confused: 50 минути, но запирање на времето како во Баскетот, да се знае точно колку трае нападот, а да може да се пријават за утакмица повеќе играчи од сега и замени како во баскетот, на прекините. Ракометот стана исфорсиран гладијаторски спорт , со повреди, еве ја случката со Германија. И да ги укинат коцкастите стативи:D
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Не е до минутите, и до менталитетот е :D

Македонците ако знаат дека се игра 50 минути, ќе почнат онаму на кај 40-та да си го ладат, пошто свесно или несвесно ќе го спрокалкулираат времето.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Не е толку до падот после 50 минута,речиси секоја селекција има пад во игра...
Тоа им се случи и на Французите со Полска,на Данците во првото со Шпанија,Германија не знаеше кај тера со Шведска во прво,Шпанија цел меч се мачеше со Словенија,кога со судни маки и голема судсика помош се докопа до бод....
Не е толку до падот во играта,тој мора да се случи во еден натпревар,неминовно е,па макар и си ротирал како онај лудакот Кадењас..
Кај нас проблемот е во ПСИХАТА,само во тоа,порано беше во психофизичката спрема,сега на физички план сме спремни,можеби не како елитата Експертите и слично,ама барем со селекции како Полска и компанија можеме и тоа како да парираме кондициски,се виде тоа кога им анулиравме 3 гола за само 2 минути,и тие се тешка дупка во психата како нас,баш затоа мислам дека уште во 1/2 финале ќе тги турнат гаќите,посебно ако налетаат на Данска,со Шпанија можеби ќе парираат зошто и Шпанците се тешка дупка првенствово.....
Проблемот кај нас е што КОГА ИГРАМЕ,ИГРАМЕ ама кога се блокираме,се блокираме и не не барај повеќе..
Класичен пример вчера,до 47,48 минута имаме 5(пет )разлика,противник во нокдаун,речиси дотолчен на под,и шо прајме ние?
Наместо смирено да ја затвориме таа одбрана која и да не постоеше во второ,18 комада ни стегнаа ејјј,и тоа грото со влезови во 6,тоа е недозволиво за одбрана 6-0:tapp:
Требаше со чести прекршоци да ја умртвиме играта на Норвежаните,да ги натераме да грешат,да бијат од неизградени позиции,како шо беше во прво кога Тонесен и компанија не можеа ни рамката од голот на дегустаторот да ја погодат,камоли гол да дадат...
Овде не потопија,на нашата конфузија во одбраната...
Наместо да намалиме со тие стандардни измени 2ЦА IN 2ЦА OUT ние упорно си тераме со истата тактика..
Ако не се лажам само ние и Русите на цело ЕП сме единствените кои менуваат по 2ца one way играчи,Русите го менуваат Бузмаков,ако игра Черноиванов во напад тогаш само Бузмаков влегува,ако игра Чипурин во напад тогаш влегуваат назад или Челичев или Черноиванов..
Премногу е ова за вакво темпо не мечеви,не е ова Металург,плус освен Полска сите со кои игравме имаа страшен брз центар,па дури и Србите...
Па сигурно од 31 гол,20 и кусур гола на Норвешка беа од агресивен брз центар,додека ние се смениме,посебно по тие измени во дијагонала тие речиси со цела постава беа пред нашиот гол,и после шо се случува?
Ацо и Велко како шо се бавни дури да стигнат да ја формираат таа централна одбрана и толку од приказната....
Вака изгледаат Ацо и Велко додека ги чекаме ДА ЈА ЗАТВОРАТ ТАА ОДБРАНА:pos:

Мораме овие работи да ги смениме од корен,значи место во поставата во дефанзива мора да има за тој што ќе игра лев бек,вака не оди,сите не научија шо играме и не бушат...
Ова е времето на модерениот ракомет,играчи како Мојсо,Кире и компанија на прсти ќе се бројат,играчи што играат само еден правец,ќе има и такви,посебно леваци и напаѓачи како Кире,ама сега се бараат играчи во два правци...
Не смееме повеќе да дозволиме да зависиме од тие дефанзивци,или пак целиот напад да го базираме само на напаѓачи,играчи со кои ќе вежбаме само напад,па потоа за одбрана ќе треба да бараме друго чаре,и да менуваме еден куп позиции.
Затоа е таа конфузија,зошто не поминуваат ни 10 минути да играме со иста постава во одбрана,нон стоп менуваме,затоа се прават тие грешки,посебно тие дупки кои се отвораат на позициите 2и 5 во одбрана...
Еднаш Столе брани 5ка,па потоа Прибак брани,па Жути брани и 2и5 ка во прво,па потоа го враќа онаму каде што треба,а истовремено треба и напад да организира,и пенал да изнуди и да ја заригра екипата:pos:,од каде наоѓа кондиција и сила оваа легенда ејј,секоја чест...:cuc:
Да имаа јајца барем уште двајца како него ќе беше се ОК,уствари уште еден имаме како него,Фитилот,дечкото можеби нема многу во глата,интелегенцијата не му е јака страна нималку,ама ДЕКА ИМА МУДА ИМА,И ТОА КАКВИ,не се плаши детево од никој,и кога беше во Пелистер,и да го залепат 10 пати пак ќе оди на шут,и да изеди ќотек во одбрана пак ќе оди на влез,кој сака нека е не му се дава,тоа му е добра карактеристика на детево ИНАЕТОТ,ПРГАВОСТА,ДРСКОКСТА..
Затоа далеку ќе дотурка,зошто САКА ДА НАПРЕДУВА,ДА ИСКОРИСТИ ШАНСА,ДА СЕ ПРОБА.
Кога сите се испичкаа против Карабатиќ овај му влезе директно во дуел,го измести малку ама онај лудак не дава да биди ИЗМЕСТЕН и си даде гол:pos:му закачи една бомба на Омејер, ГО ПИКНА ВО ВО ГОЛ ТИТИ:pos:,изборникот напрај голема грешка шо не му даде поголема минутажа,макар и да промашуваше..
Подобро да имаме бек шутер кој ќе има 2/10 кој ќе оди постајано на гол,отколку да имама додавачи како Мојсо па и Прибак..
Само криво ми е шо сите тие потенцијални шутери шо ги имаме се во една екипа,Фитил,Нелоски(за ова дете ми е најмногу криво,го ебаа повредите,класа бек можеше да биди)и Орката би се изделкал,maybe....(најмногу од аспект шо има само 19 години,затоа давам некоја мала надеж за детево,иначе далеку е од Фитилот)...
Само мора шо побрзо да ги запалат патиките шо подалеку од Лино,ќе ги упропасти тој лудакот,со тоа негово ДЕРЕЊЕ ПО СЕКОЈА ГРЕШКА,а згрешат одма ќе ги извади и тешко дека ќе добијат шанса..
За овие деца треба некој педагог тренер,шо ќе ги насочи на пат,ќе им укажи на грешките и ЌЕ ИМ ДАДЕ ШАНСА,МАКАР И ГРЕШЕЛЕ..
Гледајте Швеѓаните како делкаат играчи,Лукас Нилсон,детето за прв пат е во селекција,од Истад го зедоа,го гледав на еден меч со Татабања во КУП НА ЕХФ,12 гола им чукна на Унгарците во гости,уште тогаш ми остави впечаток..
И ете го добива шанса,и не само шо добива туку оди на шут,2/10 имаше со Шпанците,се му фати Де Варгас,и упорно и упорно одеше на гол,again and again..
Е така се создаваат играчи,а со неколку минути колку шо ние ги пуштаме не се создава ништо,само отворачи на шишиња и греачи а клупа(случајот со Македонците во Вардар,со секоја чест на исклучоците како Столе)...
Овие работи ако не ги промениме од корен и да ги прифатиме модерните текови ништо не прајме..
Тоа шо неаме база на играчи,шо неаме извор од каде да црпиме играчи тоа е веќе друг проблем,кој е далеку поголем,и засега нема изгледи дека ќе се реши..
Слабата лига,слабиот квалитет на клубовите си го зема данокот,затоа таа база на играчи одамна не е REFRESHирана...:tapp:
П.С.
Добро бе,она ВИЛИПЧЕ кога стигна да се повреди еј,изигра 5 минути,даде два гола(толку лесни гола нема дадено ни на тренинг):pos:,и од среќа се подмочна и истегна мускулл...:icon_mrgr:
Како од шеќер да е праен,да му ебам фризурата да му ебам:kuracc:,шо чоек ќе беше,цццц.,....:ban:
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Столе мора да иде на бајачка за зицерите што ги утиња.
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
541
Поени од реакции
284
А исто да прашам, од кога Норвешка ни стана непријател? Не разбирам кој е императивот да направиме Норвешка да не иде даље а не ние да идеме?
како да ти одговворам, па се бориме за олимпијада и не ни одговара норвешка да е у финале со франција или да освои норвешка
 
S

silmarillion

Гостин
Ај како е математиката во моментов? Ние нарочно губиме од Хрватите за да ги тепаме Норвежаните за да идеме место нив на Олимпијада? Или?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom