Македонија-Норвешка 25.01. (18:15ч) Група 1

Во која минута ќе го исклучиме телевизорот/стримот?


  • Вкупно гласачи
    80
  • Гласањето е завршено на .
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.694
Дојде на ред можеби и најважниот дуел за нашата репрезентација. Со оглед на тоа што немаме квалитет за повисок пласман на ова ЕП, со оглед на поразот против Хрватска и останатите резултати од нашата група, веќе е јасно дека ни останува само да го добиеме дуелот со Белорусија и да стигнеме до 9-тото или 10-тото место на крајот.
Но, дуелот со Норвешка има друга тежина, бидејќи сосема изненадувачки се појави репрезентација која може да ни го урне сонот за пласман на ОИ, репрезентација која може да ни застане на патот за пласман во квалификациите за ОИ.
За Македонија да се пласира во квалификациите за ОИ, доволно е првенството да го освои една екипа од Хрватска, Франција, Полска, Шпанија, Данска или Германија. Во целата оваа приказна се вмеша Норвешка, како кандидат за највисок пласман, победувајќи го домаќинот Полска и зголемувајќи ги своите шанси за пласман во полуфиналето.

Да бидеме реални, дури и да се пласира Норвешка во полуфиналето, тешко дека ќе го освои турнирот, но ние треба да се погрижиме да ги уништиме дури и нивните шанси за пласман во полуфинале.
Со други зборови, треба да ја тепаме Норвешка, Норвешка да загуби од Франција, а Полска да ги добие Хрватска и Белорусија. Нормално, има и други математики, но оваа е некако најсигурна дека ќе се реализира.

Норвежаните се изненадување за сите нас. Мене толку ми беа непознати, што дури типував дека нема ниту да ја минат групата :icon_mrgr: Во првиот меч против Исланд, промашија зицер во последна секунда за израмнување и загубија. Од тогаш, само нижат победи.
Ги победија Хрватите, ја совладаа Белорусија, а прилично лесно и го земаат скалпот и на домаќинот Полска.
Го гледав дуелот со Исланд, фатив нешто од дуелот со Полска, но ги промашив двете победи против Хрватска и Белорусија и затоа резултатот со Пољаците ми беше големо изненадување.
Тимот предводен од искусниот лев бек Мамелунд и пикерот Мирхол, ги искористи лошите одбрани на противниците во последните неколку дуела и буквално решетаа од каде стигнат. Товарот го понесоа играчи кои играат во екипи кои не се од Европскиот врв. Десното крило Бјорнсен е егзекуторот во контрите и доаѓа од Кристијанштад, десниот бек Тонесен доаѓа од Фуксе Берлин, левиот бек Хансен кој им збрца 8 гола на Пољаците од кои 6 од линијата зад 9 метри, доаѓа од Австриски Брегенц, левото крило Магнус Јондал доаѓа од Норвешки ОИФ Арендал (поим немам ни кои се овие :D), го имаат централниот бек на Кристијанштад О'Саливен, а на истата позиција игра и 20 годишниот Сагосен кој настапува за Алборг. Ако го додадеме Реинкинд, десниот бек на Рајн Некар кој ни пикна 4 гола во Скопје против Вардар, ќе ја комплетираме опасната стартна постава на Норвежаните, надополнета со голманот на ГОГ Свендборг, Кристиенсен кој може да се пофали со 30% одбранети удари на ова ЕП.

Борбеноста, добрата одбрана и брзата игра секако се главната одлика на овој тим. Норвежаните секогаш ни биле тежок противник и не се ни сеќавам дали некогаш сме ги совладале на големо натпреварување, без разлика дали се работело за машки или женски ракомет. Нивниот селектор изјави дека не сме биле репрезентација која може да се потцени, и дека наводно не им одговарал нашиот стил на игра.
Да ја отворав темава пред дуелот со Хрватска, ќе кажев дека можеме да ги добиеме Норвежаните, ама после бродолом против коцкестите, не знам за каков стил на игра зборува селекторот на Норвешка :icon_mrgr:
Одигравме добро против Франција која во првата фаза секогаш игра лабаво, а потоа гази. Одигравме добро против Полска која не блескаше против нас и Србија, но ја победи Франција. А потоа, следуваа два очајни дуели. Очаен дуел со уште поочајната Србија и дуелот кој сите мора што побрзо да го заборават, хаваријата против Хрватска.
Дуелот со Хрватска не тера да не знаеме во која насока да размислуваме. Потегот на Обрван кога на само три разлика, воопшто не размислуваше да ја врати првата постава во игра, говори дека нашите можеби свесно ги чуваа силите за дуелот со Норвешка, фоскусирајќи се на нашите ОИ квалификации, а не за пласманот на ова ЕП. Доколку тоа не било случај и навистина тоа се нашите сили, тогаш ќе загубиме како магариња од Норвежаните на кои овој натпревар им е да се биде или не.
Имаме максимално мотивиран противник и репрезентација која на последниот дуел или криеше карти или е во длабока криза.
Пак ќе повторам, не знам за каков стил на игра говори Норвешкиот селектор. Можеби мисли на силната одбрана коа порано ни беше одлика и позиционите и бавни напади кои ги завршува Кире. Гледајќи од наша перспектива, имаме голем проблем со противнички шутери. Со оглед на тоа што Норвежаните не играат премногу на пикер, веројатно ќе има стрелба од бек, а тука ќе биде тешко нас. Не можеме да парираме со брзина, голманите ни се боранија на шутеви од далеку, па Обрван ќе мора да смисли некој план Б. Норвежаните немаат бек кој е од светска класа, бек кој ќе мора да го чуваат по 2-3-ца играчи како што тоа беа Карабатиќ или Јурецки, но затоа имаат голема ротација и знаат добро да ја рашират играта за да создадат вишок на крило.

Не чека интересен меч, вистински тест за нашите можности. Само да не гледаме потоп како оној против Хрватска :гомце::гомце::гомце::busi:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
некаде читав во Хрватски медиум, со Белорусија судиите им помогнале...
б.т.в., мислам нема разигрување за 9/10 и 11/12 место, само за 5/8 ?
значи со цела сила против Норвешка, ама умно, не значи да се изгори во првото полувреме...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.694
некаде читав во Хрватски медиум, со Белорусија судиите им помогнале...
б.т.в., мислам нема разигрување за 9/10 и 11/12 место, само за 5/8 ?
значи со цела сила против Норвешка, ама умно, не значи да се изгори во првото полувреме...
Нема разигрување, само за 5-8 место...
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
После тоа сношти шо го видов, дефинитивно ќе мора да се оди на #Финта за да се добијат овие. Јер уосталом, #НемаПотреба од излегување на терен ..
 
И

Игнориран член

Гостин
Ќе не исплескат како Роко Сифреди шо плескаше во најдобрите денови.:icon_mrgr:

Тешко дека после онаков пораз ќе можат да се кренат психички и да ја добијат Норвешка.
Реално толку ни е квалитетот...
Пишав пред почетокот на првенството дека без голман сме во Полска. Борко не е константен голман.. Една утакмица ќе има 15 одбрани, после следните три утакмици по 2 одбрани.

Мое мислење е дека ќе изиграме прво полувреме рамноправно и после то ќе не заминат како брз воз скандинавците.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
план ж, Деки да избие на TOP 3 SCORERS:D
.. а друго се се знае, исто како сега само може ротации меѓу Фра, Нор и Пол, хрватите максимум бронза, ако ја тепаат Полска...
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
Или ќе изгубиме или евентуално ќе биде нерешено шанси за победа со голман кој има толку голем процент на одбранети удари се многу мали ако ние го имаме пак очајниот шут на Лазаров на кого нешто не му се играше против Хрватска.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Ако е играта како на последните две, реално добар генг бенг ќе добијат.Да се надеваме (лажи, лажи ме) дека не ќе е така.
Не знам со кој ум изјавил нивниот тренер дека ќе сме им претставувале проблем, дека нашата игра не им одговарала.Баш напротив, ние не се снаоѓаме со брза транзиција и контри, плус шутот од бек/далечина им е како порачан против нашиве голмани со моменталниот ментален склоп.
За разлика од Коњаникот мислам дека одбраната им е баш послаба страна (за тие 2 и пол утакмици колку приметив, можда беа во сенка на брзиот напад), ама пак и нашиот напад не е за машала.Плус, далеку сме потромави.Не знам, ризична игра на пикер и крила како со Србија?Како и да е, со финта и да клаваме поќе голој, друга опција не знам...

Да гледаме до крај 60 минути и да пиеме дијазепами, некако станавме зависни.Дрога брате!
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.077
Поени од реакции
3.234
план ж, Деки да избие на TOP 3 SCORERS:D
.. а друго се се знае, исто како сега само може ротации меѓу Фра, Нор и Пол, хрватите максимум бронза, ако ја тепаат Полска...
Nema sansi Hrvatska za polufinale, duri i so pobeda nad Polska.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Ако сакаме позитивен резултат, прва и најосновна работа е дека и после даден наш гол, мора сите да шпринтаат назад, нема време за прославување на гол. Друга работа, ќе мора да ги намалиме измените напад-одбрана. Тоа подразбира минути за Кузмановски а не за Номче или Вилипче. Исто така во полувремето каде ќе сме поодалечени од нашата клупа и Кире да игра одбрана (освен нормално ако нема некој прекин за да се смени). Трета работа, да се намалат техничките грешки на минимум, оти маме ќе ни расплачат од контри и полуконтри. Во позиционен напад кога се браниме, мислам дека треба да играме 5-1. Како што кажа Коњаникот, Норвежаните ретко играат на пикер, а битен им е протокот на топка што најлесно се запира со таков вид на одбрана. И најбитно, "Министерот за одбрана"(што патем, кога коментаторите ќе го речат ми иди телевизорот да го скршам :D) КОНЕЧНО да има ден, пошто после Полска нема топка фатено. :D
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Воопшто не сум оптимист за утре,мислам дека не ни бега пораз од најмалку 3,4 комада..
Реално после онаа криминала претстава со Хрватска,кога нашите ги турнаа гаќите,или како изјавија изворно ПОСЛЕ 10 МИНУТА ГО ИЗГУБИВМЕ МЕЧОТ...:tapp::tapp:
Сиктер бе таму,шо е ова бе,меч во наша лига во регуларен дел кога не е важно дали си прв или четврт на табела(сите одат во плејоф)...
Одете отепајте се бе,како не ви е срам?
Па уште и оние копуците од новинари и милион пара-"специјализирани"портали за ракомет НЕПОТРЕБНО ЈА ЗАГРЕВААТ АТМОСФЕРАТА ЗА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ОИ,па Норвешка да не освоеле,па вака да било така да било..
Сиктер бе таму,вие ги турнавте гаќите на -3 во 32 минута со една Хрватска,најслабата Хрватска во последните 12 ,13 години,без борба се откажавте како најголеми лузери сега на ОИ ќе оделе,седете бе мирни таму....
И не заслужуваат подршка после онаа мизерна претстава,онај пораз од Хрватска нема да го преболам никогаш,гонете се таму у :kuracc:..
И шо да се очекува за утре?Зарем човек шо реално размислува очекува нешто од утрешниот меч?
Реално да прајме муабет,без никаква лажна еуфорија..
Со шо ќе се спротиставиме на онаа игра на Норвешка?
Не дека и тие се којзнае што,им се погоди вчера денот,голманите на Полска бркаа муви,тие имаа над 70% реализација ако не се лажам,со такви бројки би ја тепале било која селекција,освен Франција...
Како ќе играме против нив?
Како против Хрватите,со Гробарот,Столе и Кире кои го почнаа мечот,ејјј овие тројца во иста постава ги игравме со Хрватска...:bravobe:
И тоа со Гробарот стартуваме на дијагонална страна со клупа,:чда:,хаха,кои цареви еј...
Веќе прочитана книга сме,не прочитаа сите,напамет не научија...
Не уништија со тој брз центар,транзиција...
За овие да не прајме муабет шо ќе ни направат, DOUBLE PENETRATION не чека:sekcza:,како шо не менуваат многу,освен Ерланд Мамелунд(дечкото шо му конкурира на Станиќ за најдобро одржувано СЕДЛО ОД ФРИЗУРА НА ЕП):cool:има да не потопат со брза транзиција и креирање шанси при непоставена зона...
Вака ги разбија Пољаците,бавна игра на Полска,не знаеа шо ги снајде Пољаците со тој брз проток на топка,па еден куп голови примија на непоставена одбрана,едноставно ги изреметија,за позициониот напад да не прајме муабет,ги уништија ВАЊСКИТЕ ПУЦАЧИ..
Нас еден Шебетиќ ни се шеташе како паун на Грујовиот антички плоштад(не знам дали сеуште постои ваков плоштад,или е во фаза на изградба):icon_mrgr:,па сега ќе бараме против игра за оние лудаци од шутери на Норвешка....
Иван Факинг Слошквиќ ни закуца 6 комада за 20ина минути,ејјј....:tapp:
Ако играат како шо играа со Хрватска нека ја предадат подобро,нека не се резилат,да не гледаме како не прават мајмуни од сите позиции и да не бушат Јондал,Бјорнсен од крила(а ќе не бушат и тоа како ако нема одбрана)за Бјарте Мирхол да не прајме муабет на линиата,за бековите пак воопшто,Ли Хансен како шо е во форма има да му ја дупни глата на дегустаторот..
Со оние срамни статистики на "голманите"јас да сум како Ивица утре ќе зеам еден стол поголем,или закачалка,маса,било шо,па ќе го оставам тој неподвижен предмет на гол линија,па можеби ќе ја стегнат топката случајно во предметот(тешко оваа работа,ама да пробаме,зошто да не ,сито ни е)...
За напад нема шо да се дискутира,ако не го видам Фитило утре да одигра барем 40ина минути,најмалку,во двата правци,и ако ги видам пак Мојсо,Жути,Прибак како се гушат и се забиваат во зона како будала во кредит,и прават милион пробивања,како Вилипче фрла цепелина на ќоро,како Кире си го лади и не сака да оди во дуел и му е сеедно колку ќе изгубиме,е па ебете се таму,не излегувајте на терен...
Не ми се верува утре да направиме ништо,ќе не попарат,најмалку 30 парчиња ќе примиме,ако не и повеќе:popce:....
 
Последно уредено:
Член од
21 март 2014
Мислења
511
Поени од реакции
375
Треба да одат на тактиката
„Клавајте голој повеќе од ними“ и ќе тепаме бре.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
Треба да одат на тактиката
„Клавајте голој повеќе од ними“ и ќе тепаме бре.
може и стално да играме со Маркер , ионака ќе ни даваат голови од далеку...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom