Македонија - Данска [21.01.2012 - 18:15 ч.]

  • Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Туку се молат разни ракометни експерти ( форумов врие од нив) да не го отекуваат со тактики, предлози и критики, кога абер немаат од ракомет. Поарно нека си спрегнат силите во навивање, отколку во делење совети кои се ветер во магла и делуваат малтене смешно. Откачете им се од грб на момциве, нека направат шоу таму без притисок од валкани усти кои не знаат што зборат.

Публиката ќе им биде ветер во грб на овие момци. Никако не смее да им биде бариера. Потребно е да се свртат кон нас за поддршка кога паѓаат, а не да се плашат од реакциите.

Данска има исто играчи колку Македонија на терен, така да на терен се гледа кој е кој, а не на коефициент во кладилница или од изјави на селектори, новинари и навивачи.

Туку подготвен ли е Белград од архитектонски поглед? Ќе не издржи ли терасата во ваква наезда?:icon_lol:
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
на резултати.цом пишува 16 и 15 ч.
инаку против данска МОРА, значи МОРА да се игра со долги и бавни напади, без нерезонски удари оти нивната најголема сила е во контрите и брзиот центар. шундо не смее да направи превид и да не ги земе тие фактори.

некаде поназад прочитав дека одвај не победиле. на растурија тогаш со 32:24, колку за потсетување само... ама тогаш беше за тогаш, сега е сосема друга работа, па мислам дека во најмала рака ќе извајме нерешено!!!
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Данците мора да ги изгубиме со навивање со уште појако навивање.. не се научени они на таква атмосвера,научени се они само со ракоплескање со балончиња :D
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Ништо не е невозможно, имаме квалитетна репрезентација, во моментот кога сите ќе експлодираат (Мојсо, Кире, Миркуловски, Алушевски) плус Стоилов, Боро... не е чудо и Франција да падне :D

Нема песимизам, кошаркарите не научија дека ништо не е невозможно. Имаме квалитет, имаме поддршка од трибини, според мене единствено нешто што ни треба е малку повеќе храброст. Сите нека учат од Жути, вчера баш во стил на Ивано Балиќ им стегна два добри гола, еден од крило и речиси невозможна ситуација и вториот оној низок, одличен шут...

Само храбро и газиме !!!
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Данска има исто играчи колку Македонија на терен, така да на терен се гледа кој е кој, а не на коефициент во кладилница или од изјави на селектори, новинари и навивачи.

:icon_lol:
Селекторот на Чешка е најдобар пример.:D
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Сега откако емоциите од вчера се настрана, мислам дека на овој дуел ќе биде најтешко да се стигне до победа. Првенствено Данска како никогаш до сега во низа изгуби два клучни меча, и како последна во групата без бодови, мора да стигне до победа. Данците се класична скандинавска школа, подеднакво силни на сите позиции со долга клупа, играат брзо и ослободуваат човек претежно на крило на 6 на 6. Во одбрана играат грубо и на раб на исклучување... Овој нивен состав е скоро истиот од ланското првенство и како фаворити дури и за освојување на првенството ќе направат се за да стигнат до првата победа во оваа група... Овој меч според мене, ќе го реши подобрата одбрана, доколку успееме да ги спречиме во нивните брзи напади, да не примиме лесни голови на контри, брз центар и помалку технички прешки мислам дека можеме да им парираме. На СП 2009 игравме со нив исто во втора фаза и бевме во егал до средина на второ, каде кондиционо и технички не прегазија и не победија со +8. Оттогаш стекнавме искуство и сигурен сум дека овој пат можеме да направиме успех, пред се ако се игра на раб на совршенство со данците кои многу тешко ќе направат кикс веќе по трет пат. Дури и со пораз нашите шанси за добар пласман остануваат со Пољацит со кои одлично се знаеме и секако Србија која доколку победи на двата први меча, последниот со нас ќе им биде безначаен бидејќи веќе ќе си обезбедат полуфинале и како први.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ме теши тоа што во 2009 Данците имаа лош ден и малце фалеше да ги добиеме ама ете грешевме многу и ние и ептен ми беше криво кога не победија :/
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Наречете ме плукач, предавник, сељак, ропак, мрсул како сакате. Прво полувреме вчера Кире играше мизерно. Му пресекуваат топки, со играч повеќе шутира покрај гол и очекува некакви си 9 метри од судиите. Си дава премногу на значење кога знае дека судиите не и се баш наклонети на Македонија. Среќа што во второто се подобри малку, инаку мислев дека ќе го папаме со таква игра.

Втора работа, срце ме здоболи кога тој шупакот Чешки намерно го згази Алушоски на мускул... тука требаше црвен картон ко ништо! ЦРВЕН ЗА НАВЕК! Да им ебам тоа судиите.

Очекувам борба... борба до крај... не пацерска игра од било кого. Повеќе би прифатил да ни се суди пасивен напад, отколку да се шутне набавтанаана.

Одбраната вчера беше фантастична, само не треба да се избрзува со долги додавања кога водиме.

Инаку за претстојните натпревари, се е можно...СЕ! Кога ќе свирне првото свирче на судијата, не постојат медали, шампиони или што ти ја знам, потои моментално натпреварување. Не треба да се величат противниците додека не помине натпреварот.

Толку од мене. :)
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Реално гледано имаме многу недостатоци во играта.Треба убаво да се анализираат претходниве утакмици и да се работи на тие недостатоци зошто со нив неможеме далеку да одиме.Зицерите како на Стефче и Манасков МОРА да се искористуваат зошто во оваа фаза такви промашувања се недозволиви.Играта во напад почна да се поправа уште во второто полувреме со Чешка па се надевам дека ќе нема избрзани шутеви и шутеви од неизградена позиција додека одбраната несмее да остава простор за лесен влез на противникот како што беше на почетокот со Чешка и оние отпадоци по одбрана на голман МОРА да се собираат.Шундовски ќе мора да прави повеќе измени поготово на лево крило кај што е Алуш и на пикер треба да се одмара Стоилов.
Со Данска не очекува тешка утакмица која што треба да се добие за зацврстување на самодовербата и пласман погоре.На оваа утакмица треба да ги примораме Данците да ја играат нашата игра т.е спора игра во напад.Тие се репрезентација која игра брз ракомет па ако успееме да ги спречиме во тоа ќе завршиме голема работа.Важат за една од најсилните репрезентации но нивната моментална слабост верувам дека ќе успеат да ја искористат нашите играчи.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.280
Поени од реакции
8.446
Битно на Кире му текна дека игра Темелков па добро е и он да земе залет. Вчера беше топ.

Далеку од тоа дека Борко бранеше јако... ние игравме јака одбрана!

Да не летаме полуфинале се сведува на теорија...ма да како беше оваа група ништо чудно уште толку да се сплеткат работите во вторава фаза ... ама треба да се искористи секоја шанса!
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Полека бидете приземени.Данска е џин во ракометот,една од најдобрите репрезентации во Европа.Влегуваат без бодови во втората група, и токму шансата ја гледаат со Македонија.Данците се многу поквалитетни од Шведска и Германија.Имаат играчи што се во врвот на ракометот.Легендата Ларс Кристјансен има речиси 100 проценти скор кога ќе рипне од крило,тука се и Хансен,Линдберг...Имаат пресилна прва постава.Лани беа втори изгубија од Французите.

Шансата не ја гледам јас во Данците,нашата шанса е кај Србите кои стандардно како и секогаш ќе не потценат,а исто и реални шанси имаме со Пољаците.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Наречете ме плукач, предавник, сељак, ропак, мрсул како сакате. Прво полувреме вчера Кире играше мизерно. Му пресекуваат топки, со играч повеќе шутира покрај гол и очекува некакви си 9 метри од судиите. Си дава премногу на значење кога знае дека судиите не и се баш наклонети на Македонија. Среќа што во второто се подобри малку, инаку мислев дека ќе го папаме со таква игра.
и да не ги цитирам и другите кои пишавте за Кире...

Чешкиот селектор изјави: Цело време пред ЕП го проучувавме Кире и неговата игра во репрезентацијата. Целосното внимание го имавме врз него, го проучивме перфектно. Но други не растурија.

За првите два натпревари и ја го критикував Кирца, но за вчера АПЛА беше очигледно дека страшно добро е затворен. Му ја знаеја секоја акција. Неможе играч од негов калибар да даде 5 погрешни додавања на едно метро...

Среќа у второ му текна да му додава на Темелков, а не на стандардните Столе и Наумче, среќа и Miracle се разбоботи, Чесите ја намалија одбраната врз Кире, и Кире почна да буши.

Според мене, за вчера не треба ниту една критика кон Кире. :)
 
K

kalimer0

Гостин
Ми се допаѓа што ракометарите ги фати една еуфорија слична како таа на кошаркарите, на почетокот им беше многу тешко бидејќи сите очекуваа многу од нив (што не беше случај со кошаркарите).
Сега веќе им е полесно, смирено ја играат нивната игра и секоја нова победа е плус.
Веќе сме еден од најнепосакуваните противници на првенствово едноставно сме трн во око за секого.
Треба да го искористиме тоа и утре очеквам победа над Данска а за тоа ќе си продолжам со моето суеверие и повеќе не пишувам на темава пред и за време на натпреварот :)
(Мојот пост е под ElNinho исто како на темата со Чешка :D утре победуваме 110%)

На фејсбук страницата од премиерот се бара бесплатен превоз до Белград
http://www.facebook.com/NGruevski
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
и да не ги цитирам и другите кои пишавте за Кире...

Чешкиот селектор изјави: Цело време пред ЕП го проучувавме Кире и неговата игра во репрезентацијата. Целосното внимание го имавме врз него, го проучивме перфектно. Но други не растурија.

За првите два натпревари и ја го критикував Кирца, но за вчера АПЛА беше очигледно дека страшно добро е затворен. Му ја знаеја секоја акција. Неможе играч од негов калибар да даде 5 погрешни додавања на едно метро...

Среќа у второ му текна да му додава на Темелков, а не на стандардните Столе и Наумче, среќа и Miracle се разбоботи, Чесите ја намалија одбраната врз Кире, и Кире почна да буши.

Според мене, за вчера не треба ниту една критика кон Кире. :)
Чешкиот селектор може да изјави што сака. Еден капитен треба да процени, а не да игра махинално. Додаваш еднаш, ти ја сечат, додаваш пак, не успева... па смени тактика мајку му стара. Среќа што му текна во второ полувреме на третиот натпревар да го направи тоа.

Еден тим не треба и не смее да се потпира само на еден играч! Не за џабе се вика тим.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom