Македонија - Данска [21.01.2012 - 18:15 ч.]

  • Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
18 јуни 2009
Мислења
2.194
Поени од реакции
1.406
Дивиот НЕ Е за прв голман! :)

Он е добар кога ќе влезе од клупа и ко ќе ја фати првата топка. Ако ја фати првата ондак до крај ќе јаде живи луѓе... овај де, топки.

Но за отпочеток, не. За од старт Борко е одличен. Ако се разбрани ко денеска и ко пред тоа со Шведска океј, ако не му иде ондак Дивиот.
Пепе беше тој со луѓето :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.589
Поени од реакции
69.875
Коа видов дека си ме цитирал мислев дека е за Борко. Си викам кој ќе се расправа сеа со овој пак :D
Ми се спие сега, не ми се дискутира баш, иначе да беше преку ден имаше да се караме до 101 и назад :icon_mrgr:
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.863
Поени од реакции
8.703
може некој да ми потврди во Сабота од колку часот играме ??
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Едно нешто ми се допаѓа. Конечно го оправаме нашиов спорт. Бавно ама иде некако. Цело детство го поминав навивајќи за други тимови пред телевизор, а сега можам да навивам за моите. И не само тоа, туку страв в коски им влеваме на сите а навивачите ни се за пример пред цела Европа. Кој би мислел дека ќе стигнеме до овде. После се што ни се случува мислам дека сериозно можеме и до полуфинале. Може нема да се квалификуваме, ама барем од тие што ќе изгубиме ќе им ги испотиме газињата и ќе не паметат по лошо.
 

wgt

Член од
30 август 2011
Мислења
280
Поени од реакции
92
Уф Данска Данска ... заебани се тие проклети Скандинавци.Ама кога можевме против Швеѓаните зашто да не и против нив..имаат сличен стил на игра.
Данска се појаки од Шведска ,плус ако игра Хансен ќе биде лошо .
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Значи, европско е нема слаба репрезентација. Ниту една утакмица до сеа не беше лесна, нема да бидат ни понатаму, како за нас така и за тие шо играат против нас. Конечно, машинеријата наречена Македонија проработи. Второто полувреме ми се чини беше идеално. Игравме како во транс. Тоа е она шо сите ние знаеме дека го имаме, а преостанува (ше) Европа да го види дека го можеме. И кој е сега аутсајдер а Липтак, а? In your face bitchhhh!!!!
Цврста гранитна одбрана, смирено у напад ,огромен притисок од трибините и мислам никој не спомена до сеа али имавме и фер коректно судење. Имав впечаток дека Чесите не знаеја од која страна да се бранат попрво. Истото го очекувам и со Данците.Миркуловски ги сјеба квалитетно. Шо да се каже за Мирикл освен дека Балич е како него, а не обратно. Многу, многу ќе ни треба неговиот “ ми ја скрши кичмата” влез на 6-те, со горилата од Данска ( со шо ги ранат бе овие Скандинавциве по дома). А не е лошо да проба пак да се распуца и со нив. Уствари грев е да не проба после ваков процент и неверојатна игра.
Темелков, така бе мен ти знаеш и можеш ( не само у одбрана). Убаво ги зезнавме Чесите со неговиот (па би рекол) до тогашен скор нула од таа позиција ( на минатите натпревари). Али и претходно споменав ќе речам пак треба повише да се проигрува и секако да не се плаши да влезе. Велат секогаш кога се игра со Скандинавците треба да се смири играта. Се сложувам, нам ( поима немам зашто) не ни одговара некако тој експлозивен брз ракомет. Постои нешто на шо секогаш им се восхитувам на Скандинавците а знам дека можеме да го прифатиме, тоа е нивната маестрална игра на крило. Имаме, шо би се рекло и ние лавови за борба ( се мисли на коњи за трка:) ).Покрај Темелков тука е и младичот Алушевски. Вчера прв у контра и тоа не еднаш, милион пати. Дали бе Стефче ти си нормален? На 39 години, Секоја Чест:cuc: !!! Грев ме фати за него кога го гледав како дава изјава и имаше некаква потреба да се правда за зицерите. Немој, Алуш никој не ни помисли да ти замери. Немој, само биди ти тој Алушот (шо сите го знаеме) и утре. Против една ваква Данска ( ослабена и концентрирана на нашиве бекови) можеш потполно да дојдеш до израз. Само да ти тргне, уствари знам дека ќе ти тргне, оти Алуш два пати не греши.
Го видовте ли вчера мојот аватар а? Го видовте ли Манасков? Така момче, само дрско и храбро. Дали не ви станува миленик детево? Мислам некако ме восхитува шо има вакво деби. Јунак ќе биде, јунак. Покажа дека знае да игра и одбрана. Очекувам, Шундо да не го заборави и утре. Знаеме дека Данска игра како во екстаза. Ако еднаш им тргне тешко да ја сопреш таа машинерија. Али со чести ( ситни) прекини и “ случајни ” фаули можеме да ги умртвиме и да ги натераме да ја играат нашата игра. Шведска ги покажа нашите мани, Данска ќе се обиде да ги искористи. Нема време за прослава на гол ама баш никаква. Мора да се влезе со ладни глави и да ја сопреме таа нивна убиствена контра и тој нивни проклет брз центар.
Голманите, реков секогаш ни се на ниво. И утре ќе бидат, знам.Само шо нивните одбрани у најголема рака зависат од изнудените шутови. Јоновски, Марковски, Ангеловски (последниов се повеќе пријатно ме изненадува иако знам дека го бива мислам конечно си го најде местото у репрезентација) мораат цврсто и машки, како и до сега. Си мислам дали можеме да играме 5-1 одбрана, али вреди да се проба (упали со Чешка зашто не и со нив). Нашите бекови Мојсо и Кире еднаш мора да им тргне. Македонија обично има проблем со аклиматизацијата од една сала у друга и од тоа се плашам од утрешниот натпревар. Уморени од пат, претепани на терен али верувам, можат. Мојсо , треба секогаш да го користи празниот простор кој му се остава па дури знам дека и самиот може да се избори за тоа. Се сложувам со критиките на таквите како Вори кон нашиот капитен. Конструктивна критика е тоа, тоа не значи дека не го сакаме туку напротив. Големите спортисти како Кире ја покажуваат својата големина бидејќи знаат да се вратат кога најмногу треба уште поголеми и уште посилни. Стварно, најискрено од срце посакувам да видам една негова канонада на данскиот гол, со еве да речеме 12 гола (ќе бидам задоволен). Македонија ја знаат како земјата на Кире. Кире е нашата фасада, Кире е моторот, Кире е мозокот, Кире ја презема иницијативата, Кире ги проигрува нашите пикери ( да ми кажуваше некој дека Македонија ќе биде непогрешлива на таа позиција немаше да му верувам, Стоилов и Димовски:cuc::cuc::cuc: ) , Кире прави слободен простор со навлекувањето на него, Кире ни носи респект, Кире ќе ја однесе Македонија у полуфинале.
На крај само
ПОБЕДАААААААААААААААААААААААААААААААААААААААА, а што друго!!!?

 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ако имаме иста одбрана како вчера нема сила што ќе ни парира. И со големо внимание на брз центар, нема потреба од радување среде натпревар (она што ниедна ракометна македонска репрезентација не го научи). Иако радо би гледала натпревар со контри или полуконтри, со скандинавците само досаден напад и агресивна одбрана, ништо друго неможе да ги исфрли од колосек.
Чим дојдовме до Белград, не си одиме така лесно, одиме по медал!
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.764
Поени од реакции
18.334
Мислам дека Миркуловски, покрај Лазаров, е играч кој има храброст да превземе одговорност на себе, со таа разлика што е поефикасен во реализација, а корисен е и на други позиции. Чим вчера се реши да шутира од централна бековска позиција на одалеченост од 9 метри против одбрана на Чешка составена од грамади над 2 метра, а тој е висок 187, и во два напада по ред погоди, мислам стварно си го заслужи епитетот Миракуликс. Има јак удар и треба да му се додава кога има можност за шут, особено кога Лазаров е добро чуван на десна страна.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.715
Поени од реакции
19.847
Значи после вчерашниот натпревар можам само да кажам дека ниту една репрезентација моментално не е слаба, какви надигрувања видов чудо дури, Чешка ја тепаше Гермнија, ние ја прегазивме Чешка, а изгубивме од Германија, се може да се очекува, само со смирени глави и вчерашната одбрана и игра и уигравање на сите играчи не само 2 ца никој не ни може ништо, јас им пуштам среќа на нашите и верувам во нив дека се ќе дадат и дека има да играме финале со Германија, некако ко пишано да ние дека мора да им се одмаздиме! :)
 
P

PewDiePie

Гостин
Толку бе не ги научивте нашите спортисти ? Викате скандинавците биле тешки да се игра со нив,брзи на контри,шутери ова она.
Незнам дали приметивте ама ние го тераме противникот да ја игра нашата игра,исто беше и со кошаркарите и сега со ракометарите,ги неутрализираме и во текот на цела утакмицата играме гол за гол,кош за кош,и после влегуваме во трилер завршница па што биде нека биде.
Незнам како се случува ова ама бидете сигурни дека ни швеѓаните,ни германците ни чесите не ја играа нивната игра ЈА ИГРАА НАШАТА игра,како нас ни одговара.
Сигурен сум дека истиот случај ќе биде и во следните три натпревари,тоест дека само од нас ќе зависи конечниот исход.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom