Луѓе кои што се сериозни за својата колекција на музика (аудиофили) Hi-FI зависници на форумов

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.240
Поени од реакции
22.437
http://en.wikipedia.org/wiki/Audiophile

Попластично објаснато не може да станеш ебач ако имаш пасија кон сексот и 500 гига порничи, туку може да бидеш обичен дркач ако знаеш на што мислам.
Eпа добро бе друже не сум аудиофил,туку сум колекционер на музика ...ок е вака сега ???
 
Член од
3 март 2013
Мислења
48
Поени од реакции
56
Татко ми у малдост имал клубче, едно од првите во Скопје. И имам од него останато многу плочи, доста голема колекција и од време на време јас дополнувам кога ќе ми се најде нешто интересно. Последни во колекцијата ми се The Flaming Lips - Peace Sword и Bon Iver
Beth / Rest. Си подмочнувам од среќа секогаш кога ќе си додадам уште некоја.

Инаку ме интересира дали некој знае каде да најдам плочи на EKV ако воопшто некаде можам да најдам? :unsure:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Има ли такви?
Секако дека има...:D
--- надополнето: 15 декември 2013 во 01:27 ---
1. Каква опрема имате, и зошто сте се одлучиле за неа?
Имам HI-FI систем, составен од делови од повеќе фирми: SONY, TECHNICS, HTE, OECHLBACH, MARANTZ, NAD, JAMO, PSB, JVC, ADVANCE AUDIO.

Се одлучив за нив:
1. Од мерак кон одредена компнонента и
2. Од можноста за набавка и плаќање на конкретен модел.
--- надополнето: 15 декември 2013 во 01:29 ---
2. Дали сте фан на плочи, DVD-аудио, супер аудио цд-а, или пак FLAC рипови симнати од нет?
Да, сум фан на плочи, поточно бев, на средношколска возраст, а тековно набавувам само оригинални ЦД и СА-ЦД изданија. ДВД-адиото како формат пропадна па немам ниту еден ДВД-аудио диск, а би сакал, за да видам што може да „каже„. Од СА-ЦД форматот сум целосно разочаран...

Со МП3 и слични формати не арчам време.
--- надополнето: 15 декември 2013 во 01:33 ---
3. Кои ви се омилени албуми/песни - звучат најдобро, за која издавачка куќа и чив мастеринг?
За „проба„, користам ЦД-иња со класична музика, 20/24 битни снимки, или ЦД-иња со џез, кои имаат добри аудио записи.
--- надополнето: 15 декември 2013 во 01:34 ---
4. Која песна ја користите за тест на новата опрема кога ќе треба да купувате? (слушалки/звучници/појачала/конвертори)
Види еден пост погоре...
--- надополнето: 15 декември 2013 во 01:37 ---
5. Зошто станавте аудиофил, и дали можете да уживате во музика снимена во слаб квалитет (vbr mp3) дали го рачунате тој формат како формат за уништување на музиката?
Аудиофилството го сметам за (моја) вродена маана, а за компресираните формати, подобро да не пра‘ам муабет.

Да бидам чесен до крај: МП3 ѓубре слушам само на ПЦ, како музичка позадина а не како музичко задоволство, постигнато само преку аудио-системот.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Хаха олд скул аудиофил, респект :)

Иначе, неможам да поверувам колку приметна разлика има откако купив напајање од висока класа, басот е далеку по изразен, звукот генерално е подлабок, средните се уште почисти и подефинирани, све звучи како да сум додал предпојачало на пример, некако по амплифициран е тонот, по напред е :)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Хаха олд скул аудиофил, респект :)

Иначе, неможам да поверувам колку приметна разлика има откако купив напајање од висока класа, басот е далеку по изразен, звукот генерално е подлабок, средните се уште почисти и подефинирани, све звучи како да сум додал предпојачало на пример, некако по амплифициран е тонот, по напред е :)
Можам да го кажам следното: отако набавив продолжен кабел со повеќе (8) приклучоци, кој има вградени ЕМ и РФ филтери, а го комбинирав со напонски стабилизатор, и двата набавени за мали пари од нашиве продавници, системот не можам да го препознаам во позитивна смисла, така да на памет не ми паѓа да слушам музика без овие две евтини, а ефикасни компоненти. Кај високите тонови нема осетно подобрување, освен нивно смирување, но најголемо подобрување се слуша а и гледа (!) кај средните тонови, со тоа што се прочистува и подотвора целата звучна слика и се подобрува незината просторност, а се подобрува и засилува бас подрачјето.

Секој кој се сомнева дека дека некој аудио-додаток не го унапредува звукот од системот, се лаже сам себе или има проблем со ушите...
 
Следна инвестиција ми е UPS + филтри :D

Дефинитивно, болдираното.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Следна инвестиција ми е UPS + филтри :D
Филтри-да, подобруваат несомнено, знам од свое искуство, а за УПС-не знам, не сум пробал, иако кај манијачките аудиофили се често користена „роба„. Во секој случај, ако си во можност, испробај ги на својот систем пред да ги набавиш. Велат дека УПС-ите се повеќе влошувачи отколку подобрувачи на звукот, но пак велам, пробај и одлучи со свои уши.
 
Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Дали постојат Sennheiser headphones или earphones со солиден квалитет до кај 25 долари? :oops:
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Друг вид на слушалки се, едните се за со телефон, таблет, по мобилни се. Sennheiser моделот се за на пс на пример повеќе.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.626
Поени од реакции
14.399
Абе немој, кој те лаже дека ако едни слушалки се "за на компјутер" и демек лоши се за мобилен? Новите мобилни имат и подобар аудио output од ГОЛЕМ број компјутери со интегрирана звучна.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Едните се минијатурни - портабилни, дизајнирани за употреаба со мобилни уреди. Другите се повеќе како за низ дома, неможеш да ги мкнеш со тебе така лесно, големи се и гломазни. Никој никого не лаже, не си доволно информиран. Постојат неколку видови на слушалки кои се оптимизирани за различни употреби, и преференци.

Да ти дадам моиве HD595 да ги ставиш на глава додека се штедаш низ улица? или да ги спакуваш за на некој краток излет на пример во природа у џеб ќе ги ставиш?
Значи за на лаптоп подобри се Sennheiser?
Aко ги користиш генерално дома, да. Сепак мора да се чујат, и да видиш кои ќе ти прават повеќе мерак, и мора да знаш дали ќе ти бидат за on the go, или ќе ти седат дома поголем дел од времето, и двете се далеку подобри од сите просечно - генерички слушалки.
Абе немој, кој те лаже дека ако едни слушалки се "за на компјутер" и демек лоши се за мобилен? Новите мобилни имат и подобар аудио output од ГОЛЕМ број компјутери со интегрирана звучна.

Не голем, сите. Аутпутот од мобилни уреди, е мизерија во споредба со оној од звучна карта, дедициран дак, или пак некој сличен хај фај уред.
 
Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Ако се толку добри колку некои слушалки од 200 долари, тогаш зошто се толку евтини? Чудно ми е малце.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom