Секако дека има...
--- надополнето: 15 декември 2013 во 01:27 ---
1. Каква опрема имате, и зошто сте се одлучиле за неа?
Имам HI-FI систем, составен од делови од повеќе фирми: SONY, TECHNICS, HTE, OECHLBACH, MARANTZ, NAD, JAMO, PSB, JVC, ADVANCE AUDIO.
Се одлучив за нив:
1. Од мерак кон одредена компнонента и
2. Од можноста за набавка и плаќање на конкретен модел.
--- надополнето: 15 декември 2013 во 01:29 ---
2. Дали сте фан на плочи, DVD-аудио, супер аудио цд-а, или пак FLAC рипови симнати од нет?
Да, сум фан на плочи, поточно бев, на средношколска возраст, а тековно набавувам само оригинални ЦД и СА-ЦД изданија. ДВД-адиото како формат пропадна па немам ниту еден ДВД-аудио диск, а би сакал, за да видам што може да „каже„. Од СА-ЦД форматот сум целосно разочаран...
Со МП3 и слични формати не арчам време.
--- надополнето: 15 декември 2013 во 01:33 ---
3. Кои ви се омилени албуми/песни - звучат најдобро, за која издавачка куќа и чив мастеринг?
За „проба„, користам ЦД-иња со класична музика, 20/24 битни снимки, или ЦД-иња со џез, кои имаат добри аудио записи.
--- надополнето: 15 декември 2013 во 01:34 ---
4. Која песна ја користите за тест на новата опрема кога ќе треба да купувате? (слушалки/звучници/појачала/конвертори)
Види еден пост погоре...
--- надополнето: 15 декември 2013 во 01:37 ---
5. Зошто станавте аудиофил, и дали можете да уживате во музика снимена во слаб квалитет (vbr mp3) дали го рачунате тој формат како формат за уништување на музиката?
Аудиофилството го сметам за (моја) вродена маана, а за компресираните формати, подобро да не пра‘ам муабет.
Да бидам чесен до крај: МП3 ѓубре слушам само на ПЦ, како музичка позадина а не како музичко задоволство, постигнато само преку аудио-системот.