Скап спорт.....уффффф, кога ли ќе дојде пак на ред за обнова!?!
Аудиофил не - аудиофил-wannabe сум....гледав пред кратко време на Телма еден дечко од Тетово кој има цела просторија во куќата која е наредена со системи од под до плафон - ја составувал со години, парче по парче - вложил купови пари - тоа е аудиофил...
Јас сум аудиофил, колку да не слушам на некакви ефтини десктоп звучничиња или некој ефтин сараунд....
Аудио колекција сега ми се базира на пиратерија, претежно од мрзливост да се пунат дискови и немање пари, плочите брат ми си ги собра (додуша он и ги купуваше)....гледам претежно flac-ови да симнувам во последно време, т.е да обновам во архива тоа што мислам дека е вредно, ама и тоа станува тешко со тек на време и потреба од нови хард-дискови (аман, до кога). Е сеа пошо опсегот на жанрови што ги слушам е поприлично голем, мислам дека не вреди да се оптеретува хард диск со електроника на повисок бпм, па претежно електрониката ми е во мп3 (во ова не спаѓа Крафтверк, ЈМ Жар, Вангелис....). Последниве неколку години се трудам и со џез да се едуцирам и тука гледам да е претежно на сериозен квалитет, нели што може да се најде.
Опрема > појачало Marantz PM 65, кое најмногу го ценам по тоа што е Made in Japan, по сите карактеристики и препораки на продавачите е наменет за слушатели на класична музика, меѓутоа не се изнаслуша таква многу, а ЦД плеерот кој го земав паралелно со него беше и премногу нежен, па е веќе во пензија.
На него имам 2 студиски монитори од Елтакс (дански, не се нешто многу скапи) и еден хоум мејд (сам си ја направив кутијата) сабвуфер на кој не му ја знам ни годината на производство, ни точните карактеристики, ама знам дека можам комшииве да ги исселам од зградава (мада не ми е филм така простачки да си слушам)....све паѓа у вода кога целава музика ми иде преку картицата на лапотов (која којзнае каква е)....
Околу добра продукција и музика која ќе ви ја „подигне“ опремата, т.е ќе го достигне нејзиниот опсег....не знам зошто ставате youtube линкови кога YT ги компресира фајловите, а со тоа и звукот. Како предлог - Depeche Mode се фрикови во поглед на продукција, ги имаат ремастерирано сите албуми од 80-та до денес, на пример и еден Violator кој по мене и без тоа беше брилијантно сработен во тој поглед, потоа The Unforgettable Fire на U2 - продуцент е Bryan Eno, а истиот е сниман во некој ирски дворец, добар дел од опусот на Мајкл Џексон исл......интересно е што тестирањата на квалитетот на врвните паричиња аудио опрема од типот на Macintosh е претежно со a capella т.е. само гласовна музика - најдобрата опрема со најмалку шум, најверодостојно го пренесува гласот на пеачот во просторијата во која сте....