Луѓе кои што се сериозни за својата колекција на музика (аудиофили) Hi-FI зависници на форумов

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Има ли такви? јас на пример, за да уживам во одредена песна целосно, истата треба да се слуша чисто, детално, стерео сликата да биде скоро 3D, звукот да биде динамичен, инструментите да се делат, да можеш лесно да приметиш кој каде е позициониран, басот да биде детален, и прецизен...вокалите да бидат истакнати и да можеш да го замислиш пеачот како да е пред тебе, што се вика да уживаш целосно, т.е. на кратко што по реално да биде репродуцирана дадената песна, "како на концерт да си" :)

Други работи кои би сакал да ги знам,


1. Каква опрема имате, и зошто сте се одлучиле за неа?

2. Дали сте фан на плочи, DVD-аудио, супер аудио цд-а, или пак FLAC рипови симнати од нет?

3. Кои ви се омилени албуми/песни - звучат најдобро, за која издавачка куќа и чив мастеринг?

4. Која песна ја користите за тест на новата опрема кога ќе треба да купувате? (слушалки/звучници/појачала/конвертори)

5. Зошто станавте аудиофил, и дали можете да уживате во музика снимена во слаб квалитет (vbr mp3) дали го рачунате тој формат како формат за уништување на музиката?


Би било убаво да се сподели знаење и ентузијазам, баш ме интересира колку не има на форумов, знам неколку но ајде да видиме колку сме све на све :)

Еве неколку видеа - песни, кои ги имам аплоадирано, и се снимени по аудиофилски терк, перфектен мастеринг, перфектна продукција, перфектен процес на финализација на самиот производ (LP/CD/SACD)






П.С. ова се само примери, кристално јасно ми е дека Youtube го намалува квалитетот од FLAC формат од кој оргинално Youtube ги ковертира во AAC 192kb/s што е далеку од losseless (FLAC/APE/WAW/ALAC)форматот, кој е најпрецизна - можна копија на оргиналниот извор, CD/SACD/LP и слично.

Па повелете...
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Респект за аплоадите, особено за Депеш, Флојд, Вангелис и Влатко. (y)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Фала фала, поготово Флојд, имаале од секогаш маестрални мастеринзи, а богами и од аспект на продукција ремек дела, без разлика за кој албум се работи....Dark Side of The Moon се рачуна за мастеринг кој спаѓа во топ 10 на сите времиња :)

Kога ја слушам Time, чуството е неверојатно....поготово прелазите.
 
Член од
1 октомври 2012
Мислења
401
Поени од реакции
307
Едно време се залетав само FLAC да симнувам ама 80 мб една песна ми се фаќа си реков заеби :D, секако немам некоја бомба звучна и звучници квалитетни за тоа
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Едно време се залетав само FLAC да симнувам ама 80 мб една песна ми се фаќа си реков заеби :D, секако немам некоја бомба звучна и звучници квалитетни за тоа
Има по 200-300 мегабајти рипови, (90% се вакви) ти си симнувал 96Kh - 24 bit само тие зафаќаат толку :)

Или пак SACD-а ама тие бетер се, по 2/3GB :D
 
Член од
1 октомври 2012
Мислења
401
Поени од реакции
307
Имаше прилично солидна разлика во звукот, ама едноставно немам толку простор, моментално имам
на еден РС 2ТБ слободно само 300гб
на друг РС 800ГБ само 20тина слободно
и на лаптоп 40тина слободни од 320.

се е од музика и филмови(претежно), не можам да си дозволам loseless (сеа за сеа :D)
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
Psyside

Јебао те Тајм, заборавив дека на почетокот имаше ѕвоно, а звучките скоро до макс.... :icon_lol:
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
На слаба опрема не е толку трагично да се слуша MP3 ама на добар систем е катастрофа зашто и најмалите нијанси се познаваат.

Навикнат сам на англиски звук и првото појачало што го слушнав беше Naim Nait 2 со Haybrook звучници (на грамофон) ама и на други извори беше феноменално. Општо англискиот Hi Fi највеќе ми лежи.

Повремено слушам Linn радио каде има музика во студиски квалитет и се осеќа и те како разликата би рекол MP3 слично на аналогна ТВ додека студискиот квалитет како FULL HD 3D.

Разликата е во секој случај огромна но си бара соодветна опрема. Би сакал да ги пробам и поскапите системи на Linn и Naim (иако коштаат колку една кола) ама доживувањето е секако незаборавно :).
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
1. Каква опрема имате, и зошто сте се одлучиле за неа?

Имам Energy сараунд систем, Ipod Dock Station Logitech и неколку пара на слушалки.
Koss Porta Pro
JVC XXplosiv
Philips SHP 1900

Сараундот го земав по пребарување на нет и читање на рецензии од аудиофили, слично како и првите два пара слушалки.
Док Стејшнот ми е поклон за Божиќ, додека пак слушалките Филипс ги зедов само привремено додека да се снајдам со некои поквалитетни од причина што кучето ми ги изгриза претходните.



2. Дали сте фан на плочи, DVD-аудио, супер аудио цд-а, или пак FLAC рипови симнати од нет?

Сум мераклија да имам, ама некако ми е скапо хоби плус од претходните искуства научив дека некои пријатели и роднини ќе ми ги земат на заем и никогаш нема да ми ги вратат, а немам срце да ги одбијам, па затоа се решавам за да сметнам флак или пак мп3-че.
Друга работа е што немам ниту квалитетен систем и да имам квалитетни изданија за да можам да го извлечам полниот капацитет од снимката.

3. Кои ви се омилени албуми/песни - звучат најдобро, за која издавачка куќа и чив мастеринг?

Како што реков опремата ми е малку мизерна и не сум компетентен да кажам која издавачка куќа е најдобра што се однесува за тоа.
Вака најмногу ќеиф ми правеше Sub Pop ама само заради жанрот на музика, што знам ваљда Еми и Вирџин како куќи се добри.
За мастеринг навистина не знам ништо и не следам што се случува.

4. Која песна ја користите за тест на новата опрема кога ќе треба да купувате? (слушалки/звучници/појачала/конвертори)


5. Зошто станавте аудиофил, и дали можете да уживате во музика снимена во слаб квалитет (vbr mp3) дали го рачунате тој формат како формат за уништување на музиката?
Сакам музика, ама не се декларирам како аудиофил од причина што и не сум.
Што знам, мислам дека навистина има разлика во квалитетот, но една песна како текст и музика во голем дел е некоја креативна порака од авторот до слушателот и мислам дека нејзината улога е посуштенствена од тоа дали звукот би бил идеален или не.
Мислам дека мп3 колку што има негативна улога со намалување на квалитетот на звук, има и позитивна што им ја дозволува музиката на пошироките маси.
Ги разбирам потполно аудиофилите и не противречам ништо, но пример од албумов има сомо 200 копии на пазарот моментално и ќе бев лишен од задоволството да го преслушам ако не постоеше нешто како мп3.



Би било убаво да се сподели знаење и ентузијазам, баш ме интересира колку не има на форумов, знам неколку но ајде да видиме колку сме све на све :)

Повелете, ве читам...Сакам да си набавам звучки догодина.
.[/quote]
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
На слаба опрема не е толку трагично да се слуша MP3 ама на добар систем е катастрофа зашто и најмалите нијанси се познаваат.

Навикнат сам на англиски звук и првото појачало што го слушнав беше Naim Nait 2 со Haybrook звучници (на грамофон) ама и на други извори беше феноменално. Општо англискиот Hi Fi највеќе ми лежи.

Повремено слушам Linn радио каде има музика во студиски квалитет и се осеќа и те како разликата би рекол MP3 слично на аналогна ТВ додека студискиот квалитет како FULL HD 3D.

Разликата е во секој случај огромна но си бара соодветна опрема. Би сакал да ги пробам и поскапите системи на Linn и Naim (иако коштаат колку една кола) ама доживувањето е секако незаборавно :).
Aпсолутно се согласувам. Кај брат ми на звучниците, нема разлика, и онака се слуша само noise, и каша попара, високите и басот се едно исто :icon_lol:
--- надополнето: 29 декември 2012 во 18:50 ---
Сакам музика, ама не се декларирам како аудиофил од причина што и не сум.
Што знам, мислам дека навистина има разлика во квалитетот, но една песна како текст и музика во голем дел е некоја креативна порака од авторот до слушателот и мислам дека нејзината улога е посуштенствена од тоа дали звукот би бил идеален или не.
Мислам дека мп3 колку што има негативна улога со намалување на квалитетот на звук, има и позитивна што им ја дозволува музиката на пошироките маси.
Ги разбирам потполно аудиофилите и не противречам ништо, но пример од албумов има сомо 200 копии на пазарот моментално и ќе бев лишен од задоволството да го преслушам ако не постоеше нешто како мп3.
Mожеби погрешно е да се каже аудиофил, правилно би било луѓе кои уживаат во квалитетен звук.

Финтата е што мп3 - те се веќе стар формат, сега има формати кои се далеку по супериорни и зафаќаат исто простор, или пак скоро исто, ти ја разбирам поентата, но ако веќе симнуваш рипови симнувај ги правите :)

Иначе за Tubular Bells, не си единствен кој го користи тој албум како бенчмарк за квалтитетот на репродукцијата на својата опрема, овој албум е легендарден кај аудиофилите, поготово последната SACD верзија од него, пробај да ја најдеш по нетов.

П.С. А тоа дека самата музика е најбитна да, но проблемот е што ти не го слушаш тоа што авторот сакал да го чуеш.....еве ти еден пример, кај мене во населба, им ги донесов моите слушалки, сите остана со отворени усти, а еден од нив, нејќеше да ги врати неколку часа, :pos: иако претходно ми викаа дека сум будала што трошам пари на такви работи :D

После оваа случка, се распрашуваа за некои малце поефтини варијанти кои би биле многу подобри од нивните од 200 денари, иако претходно нејќеа да чујат за трошење пари за некакви си слушалки според нив.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Aпсолутно се согласувам. Кај брат ми на звучниците, нема разлика, и онака се слуша само noise, и каша попара, високите и басот се едно исто :icon_lol:
Тој што што цел живот слуша на мини систем или на интегриран мб чип нема да има поим што му збориме. За него звук е звук, што има врска дали е MP3 кога подобро од ЦД во живот не слушнал.

Дали може да му опишеш што е 3D звук каде инструментите се цртаат во неколку реда пред тебе а виолината ти свири до уво?

Мора да се доживее инаку е џабе, не се опишува со зборови :).

Знаеш за што зборам :).

Штом еднаш тргнеш по аудиофилскиот пат нема враќање, други даваат пари за кола ти за Hi Fi :D.

Памтам кога прв пат слушнав лампаш од 20 000 евра, ваков останав од звукот :eek: :D.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Имаше едно видео за Грчки аудиофили, го прашува типот што го правеше интервјуото, дали се сметаш за луд? (имаше опрема од 50.000 евра) он му вика, не сум ја луд, моето искуство со музиката е уникатно, и луѓето кое не биле во ситуација да го доживеат тоа неможат да судат! за мене се луди луѓето кои трошат пари на Мерцедеси...:cool:

Nailed it..
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.101
Поени од реакции
5.742
Би сакал Psyside и останатите "аудиофили" да ме убедат дека има некаква воочлива разлика помеѓу mp3 320kbps и некомпресираните формати.
 

Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Има ли такви? јас на пример, за да уживам во одредена песна целосно, истата треба да се слуша чисто, детално, стерео сликата да биде скоро 3D, звукот да биде динамичен, инструментите да се делат, да можеш лесно да приметиш кој каде е позициониран, басот да биде детален, и прецизен...вокалите да бидат истакнати и да можеш да го замислиш пеачот како да е пред тебе, што се вика да уживаш целосно, т.е. на кратко што по реално да биде репродуцирана дадената песна, "како на концерт да си" :)

Би било убаво да се сподели знаење и ентузијазам, баш ме интересира колку не има на форумов, знам неколку но ајде да видиме колку сме све на све :)

Еве неколку видеа - песни, кои ги имам аплоадирано, и се снимени по аудиофилски терк, перфектен мастеринг, перфектна продукција, перфектен процес на финализација на самиот производ (LP/CD/SACD)

П.С. ова се само примери, кристално јасно ми е дека Youtube го намалува квалитетот од FLAC формат од кој оргинално Youtube ги ковертира во AAC 192kb/s што е далеку од losseless (FLAC/APE/WAW/ALAC)форматот, кој е најпрецизна - можна копија на оргиналниот извор, CD/SACD/LP и слично.

Па повелете...
1. Заради моментално недоволно финанскиски средства немам инвестирано во аудиофилна звучна опрема. Во прва прилика - обавезно :)
2. Поради точка #1 сега за сега се дружам само со FLAC риповите од нет.
3. Јапанските CD-иња (1st pressing black triangle, .....), горе доле се што е на плоча до пред лудилото наречено „loudness war“, модерните remastered верзии од Steve Hoffmann .......
4. Види точка #1.
5. До пред 5-6 години гледав што повеќе МП3-ки да собере на едно CD или на и така малиот хард диск. Мислев дека натписот remasterd значи - подобро (пуста игнорантност). :нинџ:

Чиста случајност беше откривањето на flac-от, а оттука започна постепената самоедукација за разните видови на lossless формати (flac, ape, wav...), и нивните медиумски извори: vinyl, sacd, cd..., потоа тука беше и loudness war, добрите и лоши модерни remasterd верзии итн итн.
Потоа почнав и разликата да ја слушам во квалитетот на самата музика (иако користејќи непрофсинална аудиофилна опрема), можам да замислам кој eargasm ќе биде со асална опрема во акустички средена соба. :vozbud:

Тука исто така одиграа голем удел Rock Band и Guitar Hero игрите од кои произлегоа на интернет оригиналните изолирани студио мастер траки на многу рок и метал бендови по чиешто слушање ми се зголеми перцепцијата и уживањето на финалните продукти - песните. Затоа денес е едноставно невозможно да уживам во lossy форматите кога знам дека постои SACD, LP, CD и сл. со што бил добил далеку посупериорен квалитет на музика и многу поголемо акустично задоволство. :)
--- надополнето: 29 декември 2012 во 19:53 ---
Би сакал Psyside и останатите "аудиофили" да ме убедат дека има некаква воочлива разлика помеѓу mp3 320kbps и некомпресираните формати.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom