Татран Прешов и Брага последните патници во "лузерските" групи, што би рекол Томасино.
Искрено тотално се изненадив од Горење, ептен лош ракомет, никаква организација. Колку ќе фали само Стас Скубе, очај се на центар. Го играа еден Ратајец, ама дечкото има некое килце плус, да не речам тромав е. На лев многу подобро се снаоѓаше, знаеше да извади некој шут. Mитровиќ добар беше, ама сам што да прави кутриот, закачи по некој гол и вчера и денес, чудо како не го собра некоја подобра екипа. Тоскиќ комплетно отсечен, никаква игра за пикер немаат, додуша ептен споро и тромаво изгледаат. Капак на се и 4 пенали промашија денес, 3/7.
И Татран не се нешто посебно, ама поорганизирани беа. Поцврсти во одбрана, башка и тој голманот скина неколку добри зицери. Рабек пукна неколку голови, извади неколку добри шутеви од 9-10м, бем му брадето никакво.
Овие Брага интересна екипа, ептен организирано играја. Во овие Брегенз и Марко Бувиниќ ти бил, закачи 5-6 гола ама се повреди 10-15м пред крајот, има качено и тој некое килце плус, до кај стигна.