Ајде и јас да постирам моја "рецензија" за Лефкада. Тргнавме на 5ти август со букирани 7 вечери во Нидри, но продолживме уште три во Лефкас. Доколку останевме 7 дена мислам дека ќе ни беше ептен набиен распоредот и немаше да стигнеме да видиме се. Така да мое мислење е дека 10 дена се совршени доколку сакате опуштено да искусите се.
Првиот ден стигнавме во Нидри околу 14 часот, се сместивме и се комиравме до кај 18. Слеговме на плажата таму колку да се разладиме, ок е плажата не е нешто посебно. Вечерта излеговме низ Нидри па пак комирање.
Вториот ден, Катизма. Тука некаде прочитав дека има еден паркинг кој кошта 5 евра, но доколку продолжите надолу има друг паркинг кој кошта 3. Не
Го натерав мм да вози до долу, слеговме долу веќе скроз на паркингот и место слободно немаше. Една варијанта беше некако да излеземе од гужвата која веќе се беше створила долу на паркингот и да паркираме горе на ридот. Друга варијанта беше да паркираме, но под услов да земеме лежалки кои коштаа 9 евра. Саатот беше веќе 1 попладне, надвор беше 40 степени, немавме клима, се каравме ете ти три евра паркинг, да си паркирав горе сега веќе на плажа ќе бевме, бла бла, па одлучивме да си платиме лежалки. На овој паркинг МНОГУ лесно може да направите фора, пошо типот што го држи паркингот ви вели паркирајте и одете на плажа земете лежалка. НИКОЈ не ве проверува дали сте ја зеле лежалката или не. Јас мислев дека на излегување ќе ни побара сметка, нешто шо било. Ништо. Значи паркирајте си и слободно постелете се на плажа.
Катизма ми се свиѓаше, мислам ок, лесно пристапна, ја посетивме уште еднаш во текот на престојот, но многу гужва. Бран немаше, мислам не беше мирно скроз морето но беа такви нормални мали бранчиња. На ниедна плажа немавме скроз мирно море, освен на Милос. Еве една слика од Катизма:
Вториот ден бевме на Милос. Спремна психички за патот кој води до плажата, се паркиравме кај Агиос Никитас ( more like на пола пат за Катизма ) и тргнавме. Паркингот кај Агиос Никитас ужас. Не знам ни дали се исплати да дојдеш порано за да најдеш паркинг место или стално се е зафатено. Почнавме да го искачуваме ридот и си викам топ, ова е лесно, шо викаа дека е тешко. Ама оди оди пусто нема крај. Ајде уште малце, уште малце, никако не се намалува. Плус пак 40 степени, саатот веќе 12, мислам мозокот ми чадеше веќе. Стигнавме на највисоката точка од каде има ПРЕДОБАР поглед на Милос
Пошто ова е највисоката точка, малце ми олесна и си реков сега за надолу е полесно. How about no. Патот е КОЗЈИ буквално, цело време кочев, така да овој дел од патеката ме умори повеќе од искачувањето
На плажата стигнавме после 20 мин, жива вода двајцата, скоро пред шлогирање. Ваљда ова е нешто исто како после пораѓај кога мајките викаат дека боли, но се се заборава кога ќе го видиш бебето пошто плажата е НЕВЕРОЈАТНА. Останавме цел ден на плажата, морето беше тепсија, водата кристално чиста, плажата е огромна така да имате место да не се лепите до комшиите, имате и лежалки ама мислам дека беа 20 евра.
Според мене оваа и Егремни го делат епитетот најубава плажа на Лефкада.
За враќање се вративме со бродче, ептен касно заминавме, мислам околу 19:30 така да го фативме буквално последното бродче. После 18 часот приметив дека бродчињата од Агиос Никитас се поретки, иначе во текот на денот имате на 10-15 мин. Цената беше 3 евра.
Третиот ден, Агиофили. Се паркиравме Василики и тргнавме со бродче. Тука бродчињата се поретки, на секој саат. Исто читав на темава дека во еден правец картата е 3 евра. Сега беше во еден правец 5 евра, повратна 7. Така да зедовме повратна.
Агиофили има некако многу специфична боја на водата, плажата е преубава, но имаше многу гужва. Плажата е мала и реално мислам дека треба да се отвори патот за да биде достапна пешки бидејќи мене многу ми сметаше бродчето на секој саат, мириса на бензин а плажата е мала. Да биде затворена за бродчиња мислам дека искуството ќе биде многу подобро.
Четвртиот ден заминавме на крстарење. Каква превара ни се деси тука уште не можам да ги прежалам парите. Читав на темава дека има крстарење кои оди само на Егремни и Порто Катсики и сакав да го букираме тоа. Арно ама сите понуди ги поминавме, такво крстарење немаше. Не сакав да одам на крстарењата што нудат 7 плажи + Кефалонија во рок од 8 часа, сакав да ги посетам само тие две плажи. Нејсе, најдовме крстарење Егремни - Порто Катсики - Агиофили. Иако бевме на Агиофили, се нафативме на ова крстарење со Нидри Стар. Тргаше сабајле во 9:30, ние бевме таму во 8:45. Нидри Стар имаат три бродови, сите три наводно за различни крстарења. Се качивме во нашиот брод, фативме место, и чекавме да тргнеме. Кај 9:20 приметив дека веќе немаат место во големиот број кој одеше на големата тура и ги пренасочуваат луѓето во нашиот брод. Ок си викам ваљда се договориле и им кажале дека одиме на малата тура. Да напоменам, сите тури коштаат 20 евра. И тргаме, одиме Егремни. Плажата е нешто невидено, стигнавме први и немаше НИКОЈ, апсолутно НИКОЈ на плажата. Огромна е, бојата е нереално сина, преубава.
За жал сите бродови пристигнуваат од прилика во исто време и се ствара огромна гужва, не може ни да се искапиш ко што треба пошто стално пристигнуваат нови бродови, мириса на бензин, луѓе колку сакаш. Се надевам дека ќе ги поправат скалите за да стане пристапна плажата за да навистина може да се ужива.
Еве како изгледа кога ќе дојдат сите бродови
Тука поседавме саат и пол што ми беше чудно бидејќи по програма имавме 2 и пол саати, но ајде си викам ќе надополнат Порто Катсики.
Се прелажав пошо таму застанавме цели 40 мин 50 метри од обала.
Времето беше доволно за да скокнеш 2 пати од бродот.
Од тука требаше да тргнеме за Агиофили, но завршивме Кефалонија....па во пештерата, па Скала, па Скорпиос. Без никакво објаснување, без ништо, прописно не извозаа за сите пари. Многу ми беше криво, бродот беше пренатрупан, цело време навален на левата страна, чекавме по 15 мин за да се искрцаме и укрцаме и некако се беше на брзање.
Така да моја препорака, Нидри Стар НИКАКО.
Петиот ден, Мегали Петра. Плажата е убава но искрено мислам дека не вреди да се вози патот. Не дека не е асфалтиран, туку е тежок и напорен за возење. Цело време угорници, удолници, кривини, тесен пат.... Убаво е но не би отишла пак. Може ова е само мое искуство бидејќи ем бевме без клима во колата ем цел пат кривицата за патот ја кркав јас преку нервозата на мм
Се паркиравме МНОГУ високо на ридот и имавме бајаги за пешачење
Не ни отидовме на таа плажата до неа бидејќи таму стигнавме во 2 часот некаде, пред тоа баравме 3 саати смештај во Лефкас за да го продолжиме патувањето и се на се бевме уморни. ( и искарани
)
Шестиот ден заминавме на Пефкулија. Најлесно достапна плажа, но не ми се свиѓаше многу. Дента имаше малце бран па водата беше доста матна. Немам ни слика од плажата. Може во друга прилика би ми оставила поинаков впечаток.
Седмиот ден ја посетивме Катизма повторно. Премногу гужва, дури и повеќе од првиот пат.
Осмиот ден тргнавме повторно да ја посетиме Милос, но во Агиос Никитас на мм го касна оса ( вкупно на цел одмор него го касна оса два пати и мен еднаш, не знам дали сме до толку лепендеци или стварно имаше оси ), па се решивме да не ризикуваме и отидовме на плажичката во Агиос Никитас. Ок е, мала плажа, немаше баш место, начичкани сите еден до друг, но ме изненади водата. Беше ЕКСТРЕМНО ладна. Јас сум од Охрид така да малце ми се изместени границите за ладна вода, ама ова беше скроз друго ниво. Влегов и не можев да останам подолго од 5 мин, излегов.
Од тука заминавме за FlyMe, барот во склоп на Rachi ресторанот. Убаво искуство, но пак, премногу гужва. Моја препорака, има преубави таверни и барче на патот за Порто Катсики. Подобра варијанта би било на враќање од таму да се застане некаде за да се ужива во зајдисонцето отколку да се оди во гужвите во FlyMe. Не знаете која брканица беше кога сонцето почна да заоѓа, се туркаат сите буквално за слика, смешно е.
Деветиот ден, Порто Катсики. Патот не е толку заебан како за Мегали Петра, но има еден мал дел кој е тесен на кој може да помине една кола. Ние од Лефкас до тука патувавме саат и 50 мин. Го делам истото мислење за Мегали Петра, не поради патот, туку поради гужвата. Плажата е преполна, пренатрупана, а преубава. Лежалки беа поставени дури и во делот кој беше заграден заради опасност од лизгање на карпите, значи динга. Паркинг плативме 10 евра
.
Сума сумарум, одморот беше малце напорен, но мислам дека вредеше. Плажите се извонредни, цел остров мириса на маслинка, има таква комбинација на зелена и тиркизна боја што мислам дека никаде на друго место не се доживува. Кога се вози накај западниот дел на островот, одма после селцето Tsoukalades, се отвара таков видик што мислам дека можев да седам на патот тука паркирана цела недела и само да гледам во далечината, и тоа ќе ми беше доволен одмор.
Можеби ние направивме грешка и отидовме во периодот кога имаше ем многу гужва, ем беше многу топло. Беше преполно со Италијани и Романци, температурата преку ден беше 40 степени, навечер 29. Дефинитивно следно би одела покасно, крај на август, почеток на септември.
Друга грешка ни беше што се сместивме Нидри. Сакав место каде што ќе може да излегуваме навечер, ама патувањето секој ден ни испадна толку напорно што излеговме се на се 2 - 3 пати, и тоа сосила. Доколку сте со сопствен превоз дефинитивно најдобра варијанта е Лефкас, тие три дена што ги поминавме таму мислам најрелаксирано ми поминаа. Реално смештајот во Нидри е поефтин, но не се исплаќа мрцварењето секој ден.
Би му препорачала на секој кој планира одмор тука да се опреми со чадор и мало фрижидерче. Во декатлон имате ранци како фрижидерчиња што се, едно такво наполнете го за цел ден и шибајте. Вода обавезно, заштитен фактор обавезно, јас цело време со 50ка се мачкав пошто пржи невидено. Со деца искрено не знам дали би се нафатила на вакво место иако видов многу фамилии.
Се на се добар одмор, никогаш не сум ја посетила оваа страна од Грција и морам да кажам дека ми се свиѓа повеќе од Егејското Море, а цените се исти, ако не и поефтини.