Лефкада

Член од
28 април 2018
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво, сакам да прашам некој кој бил (ваше мислење). Се мислам помеѓу Нидри, Никиана и Катизма (Лефкада). :) Според вас кое е најдоброто место, со убави плажи и убаво море со чиста вода? Благодарам...;)
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Од Василики и Аг Никтиас кое е поголемо место (селце)? Со повеќе за шетање, повеќе таверни/продавници за сувенири или ништо нема? И дали Агиофили е единствената плажа која е достапна пеш од Василики или има и други? Додека пак дали Милос и Катизма се единствените плажи што се достапни пеш до Аг Никитас? :D Планираме да одиме без превоз, еден ден ќе се оди во Лефкада + Агиос Јонис плажата, друг ден тура со бродче до Ергеми/Порто Кацики, па останатите ќе видиме што како, ќе видиме бусчиња до каде одат, дека не сме многу за рентање коли
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480

Агиос никитас имаш две три таверни и тоа е тоа дека има нешто многу за шетање нема една уличка е и толку. Катизма е едно добри 2 км ама има бус за до неа може и да се шверцаш за натаму. Милос преку ридот е блиску исто и пефкохулија е добра и блиска плажа од агиос никитас пеш.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Василики е поголемо, другото не знам да ти кажам, јас бев со кола
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Многу тапа работа е што пример ако сакаш со нивни бус од Василики до Аг Никитас или Мегали Петра, треба да свртиш целиот остров т.е. да одиш Нидри-Лефкада па од горе да се спушташ до споменатите плажи, нема никакви автобуси или превоз што одат од Василики директно нагоре лево до Мегали Петра/Аг Никитас/Катизма. Вака ако си без кола му доаѓа Аг Никитас > Василики за смештај :D
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Од Василики и Аг Никтиас кое е поголемо место (селце)? Со повеќе за шетање, повеќе таверни/продавници за сувенири или ништо нема? И дали Агиофили е единствената плажа која е достапна пеш од Василики или има и други? Додека пак дали Милос и Катизма се единствените плажи што се достапни пеш до Аг Никитас? :D Планираме да одиме без превоз, еден ден ќе се оди во Лефкада + Агиос Јонис плажата, друг ден тура со бродче до Ергеми/Порто Кацики, па останатите ќе видиме што како, ќе видиме бусчиња до каде одат, дека не сме многу за рентање коли
Василики е поголемо, а и има подобра плажа. Во Агиос Никитас често се поплавува плажата, бидејќи е многу мала и тесна.
Од Василики имаш побрз пристап до Порто Катсики, Нидри...
Али без кола на остров, ништо не правиш...
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Василики е поголемо, а и има подобра плажа. Во Агиос Никитас често се поплавува плажата, бидејќи е многу мала и тесна.
Од Василики имаш побрз пристап до Порто Катсики, Нидри...
Али без кола на остров, ништо не правиш...
Нема врска ова со кола муабетот, на Закинтос сите зацртани плажи ги посетив со тури со бротчиња, а и тие што не бев места имаше до нив организирани тури. Ама нормално Лаганас е доста поразвиен со агенции што прават тури отколку Василики/Аг Никитас, е сега може Нидри и Лефкада градот како поголеми ги покриваат сите плажи со тури со бродче и слично баш како Лаганас. П.с. до Нидри 1.8 било еден правец со бусче, до Лефкада 3.7, ако од Нидри има тури, а од Василики нема, ќе се земат тури од Нидри, не е проблем :D
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.504
Поени од реакции
6.135
Василики или Нидри(без кола)?
И како е со превоз(автобуси, комбиња)?
 
Член од
11 јуни 2018
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво...
Сакам да ве прашам лани летував на островот Крф (Ипсос) и бев многу задоволен од самата организација на островот. Со самото пристигнување не пречека водич кој не запозна со се за островот и ни препорача (од каде да изнајмиме автомобил и мотор, каде имаме попуст во ресторани или дискотеки, кога има крстарења итн).
Летово сакам да ја посетам Лефкада па ме интересира дали и таму има ваква слична организација... Благодарам?
 
Член од
2 јули 2008
Мислења
159
Поени од реакции
76

Сум бил и таму и таму, и претпоставувам дека зависи од агенцијата со која ќе патуваш. Имавме водич на Лефкада (Јоцо) и океј беше али ништо посебно, најмногу се трудат да ти продадат тура со брод, посета некаква (аквапарк за крф на пример) и слично. Нас ни продаваше филм дека ако идеме преку него ќе имаме попуст на турата... на крај искочи дека плативме поевтино али не добивме јадење на бродот (не ни беше вклучено во цена) и кога ќе водиш ништо не си добил...и рака на срце имаше подобар брод за прошетка од тој он што ни го нудеше (Македонија) али пошо он со тие работеше па ги фаворизираше и фалеше како најдобри од сите нели.
Ние бевме во Никиана сместени (Андреас мислам се викаше вилата - ништо посебно значи, 10 квадрата, кревет, вц и најмалиот тв во светот) и од Нидри си земавме мотор (кога ќе влезеш во Нидри од север, одиш право по улицата, вториот “рентач” од десно.) 130€ за 10 дена.
Островот е предобар и по мене мнооогу попрактично е да си земеш мотор, секогаш и секаде имаш место за паркинг, не плаќаш паркинг и плус има преубави места кај што можеш да застанеш и да поуживате во погледот, и некое селфи да падне. Поздрав и убаво да си поминете ако се решите за Лефкада
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.612
Поени од реакции
11.154
Каков е ноќниот живот?
 
Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Совет кое би било идеално место за смештај? Навечер ми е битно да има кај да се прошета да не дремиме во хотел. Со кола ќе сме па планираме да ги поминиме најпознатите плажи, сепак не би сакала секој ден по еден сат да се возиме до на плажа. Некое место кое би било идеална средина на овие желби :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom