Лефкада

Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Здраво дечки, се обидов да најдам мислење во врска по кој пат да одам накај Лефкада но не успеав, тргнувам од Тетово, па доколку има некој од Тетово или Скопје што одел да ми каже дали да одам преку Битола или Гевгелија? Кој пат е општо подобар за возење? Фала ви многу
Пошто праша кој пат е подобар, тоа ти важи само за делот во мкд... а во мкд подобар е кон гевгелија патот..., грчкиот дел ти е апсолутно исто бидејќи и накај солун и надолу ти е автопат, а исто и после меџитлија (битола) веднаш лево исклучваш на автопат... така да, апсолутно исто ти се фаќа за патот низ грција, делот низ мкд е битен.
За да заштедиш преку бт (Стелт е во право тука), али имај на ум дека кичево-бт имаш роскоп пат... ќе треба да го возиш со 80.
 
Член од
24 април 2013
Мислења
4
Поени од реакции
1

Значи чим временски ми се фаќа исто, а после Гостивар треба преку Стража да идем, па кичево-бт било раскоп, боље да си цепам од Гевгелија раат .. Фала ви многу :)
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.664
Поени од реакции
14.539
Значи чим временски ми се фаќа исто, а после Гостивар треба преку Стража да идем, па кичево-бт било раскоп, боље да си цепам од Гевгелија раат .. Фала ви многу :)
120km е подалеку Лефкада преку Гевгелија или 240 вкупно. Ако тебе тоа ти е боље - тогаш ОК.

Да не зборам што еден куп Срби што одат накај Лефкада/Крф/Кефалонија го пофалија патот од Битола, па надоле...
 
Член од
6 февруари 2009
Мислења
6
Поени од реакции
1
Значи чим временски ми се фаќа исто, а после Гостивар треба преку Стража да идем, па кичево-бт било раскоп, боље да си цепам од Гевгелија раат .. Фала ви многу :)
Јас сум од Тетово и одев преку Битола. Нема да имаш никаков проблем да одиш преку битола. За тоа дека е раскопан патот од кичево до битола не е како што викаат. Да има повеќе дупки ама со пажљиво возење нема никаков проблем. Плус од Гевгелија имаш 9 евра патарини низ грција и плус 460 (мислам дека толку беше) патарини до гевгелија.
 
Член од
13 ноември 2016
Мислења
4
Поени од реакции
0
Sakam da idam za Lefkada kraj na avgust ili od 1 septemvri. Dali nekoj bil toj period na primer od 1 septemvri kakva e vodata? i vo koe mesto da se smestam Nikiana ili Nidri ?
 
Рунчев

Esi mi dobaaar
Член од
29 мај 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
191
Sakam da idam za Lefkada kraj na avgust ili od 1 septemvri. Dali nekoj bil toj period na primer od 1 septemvri kakva e vodata? i vo koe mesto da se smestam Nikiana ili Nidri ?
Времето би требало да е ОК, само септември помал е денот(помалку уживање), и може постудени се ноќите.
Инаку не знам со што ќе одиш, али Нидри ти е подобра опција. Општо мене Нидри ми е некако најдобро место за смештај, или Лефкас. Другите местенца, се подобро лоцирани, али ногу мали(да не речам пусти).

Sent from my HUAWEI VNS-L21 using Tapatalk
 
Рунчев

Esi mi dobaaar
Член од
29 мај 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
191
Jaс бев лани до 7-ми септември, се стемнуваше скроз во 20:30, а доволно е да кажам дека спиев само на гаќи.
Мене баш тоа ме нервира лај одморот во Август. Јуни во Лефкада се стемнуваше 9:30, 10. Можеш да искочиш покасно да си поседиш на плажа повеќе време, дури и две плажи во ист ден, и пак со дневна светлина да се вратиш дома.
Ова ти е многу важно ако ренташ нешто(особено моторче), бидејќи освен магистралата меѓу градовите(не секаде) другите патишта не се осветлени.

Sent from my HUAWEI VNS-L21 using Tapatalk
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.664
Поени од реакции
14.539
Е да, ама затоа Јонското е најтопло крајот на август/септември.
 
Рунчев

Esi mi dobaaar
Член од
29 мај 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
191
Е да, ама затоа Јонското е најтопло крајот на август/септември.
Може е така, инаку ова година само еден ден(18.07 мислам) водата беше вистина ладна, другите денови беа баш добра.
Лани исто бев тој период(од 19.07) водата беше топла цело време, без бранови.

Sent from my HUAWEI VNS-L21 using Tapatalk
 
C

cige

Гостин
Инаку не знам со што ќе одиш, али Нидри ти е подобра опција. Општо мене Нидри ми е некако најдобро место за смештај, или Лефкас.
Нидри и секој ден преку планина за на плажа. Најдобра опција се селцата околку Катизма, транспарентна одалеченост од сите плажи и најефтино.
 
Рунчев

Esi mi dobaaar
Член од
29 мај 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
191
Нидри и секој ден преку планина за на плажа. Најдобра опција се селцата околку Катизма, транспарентна одалеченост од сите плажи и најефтино.
А вечерно време? Барем јас тражам некоја средина. Може Василики е така поинтерсно, али локациски ништо плус од Нидри(20км разлика).
Лефкас и местата околу се најдобри, но преку агенција не се оди таму.
Инаку ако сакаш се да видиш од Лефкада не можеш секаде да си близу.

Sent from my HUAWEI VNS-L21 using Tapatalk
 
C

cige

Гостин
А вечерно време? Барем јас тражам некоја средина. Може Василики е така поинтерсно, али локациски ништо плус од Нидри(20км разлика).
Лефкас и местата околу се најдобри, но преку агенција не се оди таму.
Инаку ако сакаш се да видиш од Лефкада не можеш секаде да си близу.
Василики е подобра опција од Нидри.
 
M

macgowan

Гостин
Информација за возачите кои ќе тераат до Кефалонија преку Астакос.
Јонскиот автопат (Ionian odos)е готов, по магистрала се вози само од исклучувањето кај Јанина некои петнаесетина км. После е се многу досаден и перфектен автопат :sleep:. Странските служби го изградија автопатот ин ноу тајм, арам да им е. Игнација лајна да јади, со опроштење. Единствено е малку зезнато од исклучувањето од автопатот до Астакос(и таму прават нов пат, криза, тоа е!)ама мене Лефкада повеќе не ми е опција за утовар за на Кефалонија. Саму преку Астакос дечки, верувајте му на чичо!
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
811
Поени од реакции
276
Позз дечки,
да не знаете некој понуди од туристичкиве агенции низ Скопје за Лефкада од 1,2 или 3 Септември за 2 Особи со превоз од агенција? Ми треба некоја подобра агенција со која сте биле задоволни и цените да бидат нормални секако.
Фала многу
 
Kajgana Shop

На врв Bottom