Креатин (дискусија, препораки, совети)

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.110
Поени од реакции
16.353
Дечки пред 2 месеци почнав на вежбање и има мала разлиак за око али проблем е тоа што сум 178 цм а имам 68 кг .....вежбам за маса и фала богу се здебелив ....јадам како некој ненормален :P арно ама на мене ништо не се знај од ко почнав на вежбање по малце јадам ...денес пошто имав само 600 ден буџет си купив креатин и декстроза ...за да ми помогни да се кренам демек побрзо ...можи некој да ми лкажи како се конзумира ...на пр дали се мешаат во иста чаша кога се раствораат во вода ...колку вода во цел ден да се пие ...ај ве молам ако можи некој нека ми кажи
и знам дека треба гејнер ама мн скап ми е ...па си земам по 1 чаша после вежбање ....а исхраната ми пред вежбање :

мусли и млеко
јајца 4 белки
таратур или 2 чаши јогурт
банана ...

а после вежбање туна мелко такви работи ....фала на времето
 
Lucio

титула по желба
Член од
26 јуни 2006
Мислења
871
Поени од реакции
41
Дечки пред 2 месеци почнав на вежбање и има мала разлиак за око али проблем е тоа што сум 178 цм а имам 68 кг .....вежбам за маса и фала богу се здебелив ....јадам како некој ненормален :p арно ама на мене ништо не се знај од ко почнав на вежбање по малце јадам ...денес пошто имав само 600 ден буџет си купив креатин и декстроза ...за да ми помогни да се кренам демек побрзо ...можи некој да ми лкажи како се конзумира ...на пр дали се мешаат во иста чаша кога се раствораат во вода ...колку вода во цел ден да се пие ...ај ве молам ако можи некој нека ми кажи
и знам дека треба гејнер ама мн скап ми е ...па си земам по 1 чаша после вежбање ....а исхраната ми пред вежбање :

мусли и млеко
јајца 4 белки
таратур или 2 чаши јогурт
банана ...

а после вежбање туна мелко такви работи ....фала на времето
Вежбаш 2 месеци и сакаш да видиш резултати. Заеби. Не е тоа пумпање гума за точак.
Креатин без протеини за мене не вреди. Освен протеин и креатин не би земал ништо друго. Нити гејнер зашто има триста глупости унатре. Земи си протеини од сурутка или што го викат 100% whey isolate. Тоа ти е најбоље. Креатинот е повеќе за мускулна маса или експлозивност. Доколку сакаш само да се здобиеш со маса земи си од оној протеин што ти кажав (ме мрзи пак да менам кирилица :) ) и внимавај на исхраната. Не само пред и после тренинг, туку во текот на целиот ден. 5-6 оброка со протеини, јаглехидрати и помалце масти. Пиј многу вода и вежбај.

Со 600 денари буџет ја би си земал протеини + замрзнати банани + млеко
Најболи шејк за во лето = замрзнатите банани го прават кремаст и ладен, нискомасното млеко ти дава добри млечни масти
Добро е да го пиеш после тренинг зошто протеините се најдобар елемент за обновување на мускулите и течноста побрзо ќе ти ја прими организмот, али ако планираш да јадеш високо протеинска храна ти доаѓа исто. Како ти одговара, така прави.
И вежбај и тогаш кога нема да покажува резултати. Али смени програма или едноставно пробај други тежини и слично.
Поз
 
Свесен сум брат за тоа ....а а протеините не знаев ...сепак ...сега креатинот да го мешам во иста чаша со декстрозата ? и да го испијам ?? затоа што м ирекоа да сум ставал на јазик креатин ( бљак) и да сум го иструкал со декстроза растворена во чаша вода ..и да сум пиел 5литри вода преку ден
 
Lucio

титула по желба
Член од
26 јуни 2006
Мислења
871
Поени од реакции
41
Свесен сум брат за тоа ....а а протеините не знаев ...сепак ...сега креатинот да го мешам во иста чаша со декстрозата ? и да го испијам ?? затоа што м ирекоа да сум ставал на јазик креатин ( бљак) и да сум го иструкал со декстроза растворена во чаша вода ..и да сум пиел 5литри вода преку ден
За ова декстрозата не знам што да ти кажам. Јас цврсто стојам зад тоа дека ми се потребни само протеин + креатин. Декстрозата е вид шеќер. Не се сеќавам што беше поентата точно, а и да ти кажам право ме мрзи у моментов да барам. Мислам дека шеќерот го забрзуваше или подобруваше примањето на креатинот од страна на мускулите, не ме фаќајте за збор право сега, реков дека не сум сигурен. Којзнае нека дообјасни.
А ова со креатин право на јазик е само мит. Додека ако е во вода би се растворил побрзо и организмот би ти го апсорбирал побрзо. Ова од кај е излезено појма неам.

Вода дека треба да пиеш треба. Али 5 литри... *пфљљљљљ* не постои таков стандард, се зависи од организмот. Дете од 50 кила и дете од 80 кила не е исто, а не па дете и возрасен.
 
its_ok_im_new

brake lights
Член од
24 август 2010
Мислења
402
Поени од реакции
216
Dekstrozata ke pomogne pri pobrz transport i apsorpcija na kreatinot, dodeka konsumacijata na kreatinot se preporacuva "na jazik" pa goltanje so voda poradi toa sto mnogu tesko se rastvora vo voda. Sekako dokolku zborime za kreatin vo prasok (najcesto monohidrat), a ne kapsuli i slicno.
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.110
Поени од реакции
16.353
zborame za monohidrat kreatin prasok :))) ...inace fala momci
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Со 600 денари буџет ја би си земал протеини + замрзнати банани + млеко
Најболи шејк за во лето = замрзнатите банани го прават кремаст и ладен, нискомасното млеко ти дава добри млечни масти
Поз
Каде можеш да најдеш протеини за 600 ден?
 
Lucio

титула по желба
Член од
26 јуни 2006
Мислења
871
Поени од реакции
41
На зелен пазар.
 
Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
На колку години е најдобро да се земе креатин?
Имам 16 години и сакам ова лето да земам креатин, за повеќе сила и поглема енергија.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
На колку години е најдобро да се земе креатин?
Имам 16 години и сакам ова лето да земам креатин, за повеќе сила и поглема енергија.
Мислам дека е подобро да си го најдеш физичкиот максимум и на тоа поле да гледаш да извлечеш што можеш повеќе, на што е можно подолго време, пред да почнеш сериозно да размислуваш за користење креатин. Мислам дека ти е малку рано за тоа, на 16 години.
 
Член од
6 февруари 2009
Мислења
496
Поени од реакции
462
Зголеменото количество на креатинин во крвта може да биде многу опасно, особено ако го користат така да кажам аматери кои не се многу упатени, но и професионалците не се поштедени како што реков може да дојде до бубрежна слабост како и на дистрофија на мускулното ткиво одкако ке престане да се користи поззз
значи едно е креатин друго е креатинин правете разлика!!
 
Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
Мислам дека е подобро да си го најдеш физичкиот максимум и на тоа поле да гледаш да извлечеш што можеш повеќе, на што е можно подолго време, пред да почнеш сериозно да размислуваш за користење креатин. Мислам дека ти е малку рано за тоа, на 16 години.
Знам дека е рано а на колку е границата за земање креатин?
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Знам дека е рано а на колку е границата за земање креатин?
Не знам за граници за земање на креатин. Не сум запознаен со специфики на тоа поле, некој кој е поискусен со тоа може да ти даде подобар совет. Јас чисто те советував да почекаш зошто познавам двајца кои се избрзаа со креатинот, на рани години, без да се стегнат и зајакнат максимално на "природен начин" прво, и сега за доволно добар перформанс мораат стално кретаин да користат.

Може ова реагира поинаку кај различни луѓе, може кај тебе нема да биде таков случајот, советот ми беше "за секој случај".

Почекај барем додека си 18. Види за тие пар години да дадеш се од себе без улогата на креатин користење. Тоа би требало да биде дополнителен boost кога веќе ќе стигнеш до својот максимум. Барем според мене.
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Мене креатинот не ми даде никакви резултати,едноставно не ми делуваше воопшто.Зборам за креатин монохидрат,сега пред некое време земав Horse Power,искористив неколку дозерки,ама поради повреда на рамото моментално паузирам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom