Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.620
- Поени од реакции
- 59.444
Па, може да се каже дека Pursuit го победи Pounds, иако беше многу понеизвесно отколку во првиот дуел помеѓу Престиж и Илузионист.
Одиме со нов, боксерски дуел:
Million Dollar Baby (2004) Vs Cinderella Man (2005)
Две приказни кои можеби не се слични, да не ги поврзува нешто заедничко - боксот.
Million Dollar Baby (2004) е еден од филмовите кои го дигнаа Клинт Иствуд на уште повисоко ниво во светот на филмот, затоа што се докажа и на друго поле - како режисер. Трагичната боксерска сага за Maggie Fitzgerald, осамена и сиромашна девојка која има сон, да стане првак во бокс, беше вистински хит-филм на годината. Освои 4 оскари, и тоа за најдобар филм, најдобар режисер, најдобра главна женска улога (Hilary Swank) и најдобра споредна машка улога (Morgan Freeman). Има oцени од 8.2/10 на IMDB и 91% на Rotten Tomatoes.
Cinderella Man (2005) излезе година подоцна и веројатно најголема причина што не влезе во дирекна трка за оскарот е што година предходно наградата ја освои боксерски филм. Биографската приказна за боксерскиот шампион Jim Braddock (Russell Crowe) е неверојатна и навистина инспиративна. Во времето на „Големата депресија“, Jim Braddock се издигнува од тешката сиромаштија и станува херој на сиромашните. Филм исполнет со суровата реалност на светот во кој живееме и вистинска приказна за еден вистински шампион. Има оцени од 8.0 на IMDB и 80% на Rotten Tomatoes.
Па, кој ги гледал и двата може да повели, кој не ги гледал, задолжително торенти... :smir: