Кој филм/серијал е подобар и зошто? A Quiet Place v. Bird Box

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Па, може да се каже дека Pursuit го победи Pounds, иако беше многу понеизвесно отколку во првиот дуел помеѓу Престиж и Илузионист.

Одиме со нов, боксерски дуел:

million-cinderella.jpg

Million Dollar Baby (2004) Vs Cinderella Man (2005)

Две приказни кои можеби не се слични, да не ги поврзува нешто заедничко - боксот.


Million Dollar Baby (2004) е еден од филмовите кои го дигнаа Клинт Иствуд на уште повисоко ниво во светот на филмот, затоа што се докажа и на друго поле - како режисер. Трагичната боксерска сага за Maggie Fitzgerald, осамена и сиромашна девојка која има сон, да стане првак во бокс, беше вистински хит-филм на годината. Освои 4 оскари, и тоа за најдобар филм, најдобар режисер, најдобра главна женска улога (Hilary Swank) и најдобра споредна машка улога (Morgan Freeman). Има oцени од 8.2/10 на IMDB и 91% на Rotten Tomatoes.

Cinderella Man (2005) излезе година подоцна и веројатно најголема причина што не влезе во дирекна трка за оскарот е што година предходно наградата ја освои боксерски филм. Биографската приказна за боксерскиот шампион Jim Braddock (Russell Crowe) е неверојатна и навистина инспиративна. Во времето на „Големата депресија“, Jim Braddock се издигнува од тешката сиромаштија и станува херој на сиромашните. Филм исполнет со суровата реалност на светот во кој живееме и вистинска приказна за еден вистински шампион. Има оцени од 8.0 на IMDB и 80% на Rotten Tomatoes.

Па, кој ги гледал и двата може да повели, кој не ги гледал, задолжително торенти... :smir:
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Сум ги гледала одамна и ми оставиле добар впечаток со многу солзи:)
Иако и двата филмови се прекрасни и имаат многу добри и трогателни приказни, од самото читање на насловите веднаш се решив за Cindarella Man. Расел и Рене ми се едни од омилените актери, на кои според мене најмногу им одговараат токму такви улоги или па едноставно имаат такви појави. Покрај тоа, многу повеќе ме потресе таа приказна, а со самото тоа и многу подобро се сеќавам на неа. Едноставно ме трогнува тоа на што се` е спремен еден човек за да го заштити своето семејство и колку може истото да го стави милион чекори пред себе. На такви несебични дела, паѓам до крај.
Од друга страна Million Dollar Baby обработува друга тема, која е прекрасно претставена, но сепак не е толку комплексна и ми е на некој начин посебична (од тоа што можам да се сетам, а се надевам не сум заборавила некој клучен момет:) ). Колку и да ме погоди таков филм, никогаш не може да ми е подобар од некој како претходниот. Иако боксот ги поврзува овие два филмови, според мене, не можат да се споредат. Едно е да боксуваш затоа што сакаш, а друго затоа што мораш покрај тоа што не смееш и покрај сите телесни тешки повреди кои ги трпиш. Едно е и од сиромашен да станеш богат, а друго од богат сиромашен, а притоа да не се откажеш и срамиш.
Сепак мразам што морам да избирам и едно од овие прекрасни дела да го ставам подолу. Иако лесно од прв поглед, секое си тежи на свој начин, мамата.
Million Dollar Baby 9/10
Cindarella Man 10/10
:pipi:
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
million dollar baby е стварно добар филм,многу добра приказна и одличн глумци а синдарела го немам гледано ама верувам дека е супер филм
 

The Dude

Лајно
Член од
25 мај 2009
Мислења
502
Поени од реакции
321
По една 9-ка на двата филма. И двата се подеднакво добро, али ако морам да бирам одам со Пепалашко по шо дава надеж и желаба за живот.
 

SANCTIMONIOUS

Мејд Ин Мацедониа
Член од
21 март 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
9
Го гледав Cinderella Man пред некој ден и ми се допадна филмот многу, интересна приказна ама сепак кога би морал да бирам би го избрал Million Dollar Baby затоа што е еден од ретките филмови кои ме оставиле без зборови и на кои сум пуштил солза.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
И остана уште мојата споредба, ветена одамна, задоцнета, ама не и заборавена :)

Million Dollar Baby
, прекрасната боксерска сага за Меги Фицџералд, девојка во 30-тите години која живее во сиромаштија, осаменост, и на маргините на општеството... но има сон да стане шампион во бокс и има голема доверба во себеси. Но за да успее, потребна и е помош, од тренерот Френки (Клинт Иствуд), кој се согласува да ја тренира и така започнува нивниот однос кој преминува во нешто како татковска љубов на старецот кон девојката. Но иако очекував некоја женска верзија на Роки, филмот сепак е многу подлабока, психолошка драма која нема никој да го остави рамнодушен. Во овој темен, мрачен филм, перфектно се вклопува и нараторскиот глас на Морган Фримен, кој ја заокружува одличната актерска екипа.

Многумина (најмногу оние кои посакувале женска верзија на Роки и девојки кои се тепаат до бесвест) го критикуваа филмот. За мене и за повеќето кои го изгледале, Million Dollar Baby е и ќе остане ремек - дело на режисерот Клинт Иствуд, и без двоумење му давам 10/10.

Од друга страна, Cinderella Man е исто така потресна, но инспиративна приказна, која за разлика од предходниот филм има и една предност: се работи за вистинита приказна. Не се сеќавам кој од боксерските асови изјави, но имаше изјава дека животната приказна на Џејмс Бредок е највозбудливата приказна за еден боксер. Можеби беше цитирано и во филмот, не се сеќавам.

Како и да е, приказна за подеми и падови и нескршливиот дух на еден шампион: од врвот до тешка сиромаштија, отфрлен од сите оние кои заработувале на него и во борба за гол живот... Џејмс Бредок наоѓа сила да се врати на старите патеки и да им влее надеж на оние кои ја изгубиле во времето на „Големата депресија“ (многу пострашна верзија од денешната економска криза). Исто без многу двоумење, 10/10.

Но ако мора да се направи избор, му давам мала предност на Million Dollar Baby, заради тоа што приказната повеќе ме погоди, начинот на кој е направен филмот (Клинт Иствуд style) и актерската екипа.

Крајно неизвесен дуел во секој случај, но ме разочара малку тоа колку луѓе на форумов ги немаат гледано овие два филма. Добронамерна критика: не си играјте играчки :)

Енивеј, што да погодуваме наредно? Оставете некој предлог по ПП кај мене или кај Џимеј па во текот на денот ќе поставиме нов филмски дуел.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Italian Job Vs. Ocean's 11

На предлог на Дивајн:

The Italian Job (2003) Vs. Ocean's Eleven (2001)

italian-ocean.jpg


И двата филма имаат нешто заедничко: план за големи грабежи на група криминалци. Покрај другото, се работи за два римејк-филмови на постари истоимени филмови.


 

CIL

Член од
21 август 2008
Мислења
750
Поени од реакции
55
Може ли еве утре да дадам мислење за Million Dollar Baby и Cinderella Man и да ги споредам, иако со закаснување ?
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.753
Поени од реакции
5.011
Покрај другото, се работи за два римејк-филмови на постари истоимени филмови.
Ocean's Eleven e римејк .. првпат слушам ..немам нигде најдено ваков податок
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.753
Поени од реакции
5.011
Ocean's Eleven (2001)

Ocean's Eleven (1960) фала за информација


The Italian Job (2003) Vs. Ocean's Eleven (2001)




Ајмо :vozbud:

Италијан џаб -

Подобро ја направиле играта него филмот.. првиот филм што го имам купено беше овој и тоа на видео цеде од автопазар.. го купив ради приказната ..интересно беше да видам каква акција би искочило од ова ,брканиците со Мини количињата низ градот и самиот грабеж ...трејлерот многупати знае да излаже .. Марк Волберг и Шарлиз Терон се под нивото во овој филм во глумата ..додека споредните улоги ми оставија повеќе впечаток ..ова ми е еден од оние филмови кој откако ќе го изгледам 2-3 пати ми станува досаден .. ги памтиш сцените и нема нешто неочекувано ..или некој детал да те изненади (за разлика од оушнс) ... сцените со колите им беа Ок ..али ништо спектакуларно ...требаше повеќе акција да вметнат во филмот и од друг вид ..грабежите ни од малку не се паметно испланирани како во оушнс ..многу просечен холивуд филм ..ништо посебно ..иако очекував повеќе:jaj:

Оушнс илевен -

Ноу комент - еден од моите омилени филмови .. го купив уште кога искочи на пазариве ..јака екипа собрана на едно место .. Хејјјјјј
Бред Пит - Џорџ Клуни - Џулија Робертс - Енди гарсија - Мет Дејмон - Дон Чидлс
Берни Мек ..R>I>P.
Не се пропушташе вакво нешто ..плус Стивен Содерберг како режија .. на времето му тргна со добри филчиња ..
Очекував нешто од филмот .и при првата сцена ми се засвиѓа .. Кога Дени Оушн дава образложение да го пуштат од затвор а истовремено планира пљачка:pos2:
Ликовите им се многу кул .. секој си ја знае својата работа .. нема никакви отстапки .. совршено се совпаќаат во ликовите .боље не би избрал ..
Расти-Бред Пит ..ми е фаворит ...го слуша Дени но и самиот е авторитет во филмот :salut:...па и Дени некад бара совет од него ...секогаш среден и нон-стоп јадеше нешто во филмот ..филмов има многу детали ...
мет Дејмон ми е интересен како копиљ лопов ,,ванаби про ...:pos2:..супер го доловува ликот ...
оној старион ...Сол мислам му беше името ..е цепки кога изиграва Унгарец богаташ нешто ..
Филмов има све ..акција ..добро осмислена приказна .. глума .. неизвесност ..
многу пресврти има во филмов ... плус комедијата е на добро ниво ... како неприметно се реметат меѓу себе :pos2:
крајот исто така ми се свиѓаше .. гледам други фимчиња сакаа да направат нешто како Оушнс ..на пример филмот 21 .. ама не им успеа:toe:
Доста пати го имам гледано филмов ... и секој пат наоѓам нешто интересно во него .. една копија ми украдоа од филмов :nerv::violent1:..али другата не ја давам
е сеа продолженијата се некоја класа подоле од овој дел .. али холивуд знаеме колку е луд по кеш и би оделе понатаму додека не упропастат некој филм

Италијан Џаб - 6/10 Оушнс Илевен - 10/10
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Тешко е да се одлучам кој е подобар од овие два филма, едноставно двата филма се доста квалитетни почнувајќи од актерската екипа па се до костимографијата. Italian Job е повеќе динамичен со повеќе акција, бркотници, додека Oceans 11 предизвикува воодушевување кај нас гледачите начинот на кој се ограбува казиното, пред се интелегентниот пристап на криминалците.
Би рекол дека Oceans 11 е подобар пред се поради тоа што Едвард Нортон глуми некојси негативец во Italian Job, а јас тоа не сакам да го гледам и воопшто не ми се допаѓа, потоа исто така и поради актерската екипа составена пред се од Бред Пит, Џорџ Клуни и Мет Демон.
Се на се и двата филма се исклучително добри, но јас ќе се одлучам за Oceans 11 :)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Тешко ми е да се одлучам. Беспрекорна актерска екипа во двата филма (Оушн води, секако) и приказна баш по мој мерак. Обожавам вакви филмови.
Сепак, блага предност му давам на Оушн. Милион пати ги имам гледано сите три дела. Еден од моите омилени филмови.
Филмот Италијанска работа е прекрасен, ги обожавам Едвард Нортон и Шарлиз Терон 100 пати повеќе отколку Клуни и Бред Пит, али сеедно, мојот глас оди за Единаесетмината на Оушн.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Тешко ми е да се одлучам. Беспрекорна актерска екипа во двата филма (Оушн води, секако) и приказна баш по мој мерак. Обожавам вакви филмови.
Сепак, блага предност му давам на Оушн. Милион пати ги имам гледано сите три дела. Еден од моите омилени филмови.
Филмот Италијанска работа е прекрасен, ги обожавам Едвард Нортон и Шарлиз Терон 100 пати повеќе отколку Клуни и Бред Пит, али сеедно, мојот глас оди за Единаесетмината на Оушн.
Филмот Italian Job може сам по себе да му биде на некого прекрасен, но кога ќе го споредиме со оригиналната верзија - филмот едноставно е "тиње".
Како може филм со Волберг да е блиску до добар, едноставно тој актер нема харизма за такви акционо-забавни филмови. Како второ, овој филм ми оди на нерви едноставно, бидејќи Нортон во него е потпросечен глумец.
А и што да очекуваме, кога бил приморан да го направи овој филм - договор со Warner или Universal, па овие му рекле "Мора да глумиш во овој филм".

И крајот...наспроти тој од оригиналниот филм? :devil3:

А од друга страна, ги имаме Клуни, Пит, Дејмон, Чидл и Гарсија во нивните најдобри изданија, под палка на Содерберг.
Неспоредливи се овие два филма, не е твоја грешка, грешка е на филмскиве модератори (морав да ве боцнам малце, шала :)).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom