џимеј
џимилино
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 10.354
- Поени од реакции
- 25.033
Океј, да ја оживеам темава затоа што стварно мислам дека ќе падне убава дискусија овде. Ќе го променам малку насловот, ја замислувам како навистина ГЕНЕРАЛНА за да дискутираме за филмови, актери/ки, режисери...
Ја имам замислено да предложувам една недела актер, друга недела актерка, трета па филм, исто и режисер. Како и да е, ако некој сака посебно да дискутира околу одредена личност (т.е. филм) нека ме контактира, ќе се потрудам и неговата желба да се најде во наслов.
Ќе ги форсирам повеќе глумциве затоа што за филмови сме дискутирале повеќе отколку за нив. Ќе видам како ќе се одвива дискусијата и дали има некаква заинтересираност.
Денес ќе почнам со Хит Леџер. (хинт: Кој неможе да се сети на името, еве слика)
Првпат актеров (не се сеќавам кога точно) го забележав во Патриот. Толкуваше споредна улога (син на Мел Гибсон). Филмот достигна голема слава, а на Хит му беше доделена трагична улога.
Излегуваа нови филмови, нови актери дојдоа на сцена. Имаше и одлични филмови тој период (2001-2002).
При рака ми дојде еднаш Приказната за витезот. Филмов ми стана еден од омилените од тие со витешка тематика. Главната улога Хит ја толкуваше одлично. После некако ми замре. Мислам, имаше неколку неуспешни и застанати години.
За повторно да блесне во Планината Броукбек. Контроверзен филм. Некаде прочитав коментар каде некој рече - "најубавата љубовна приказна". Океј беше, ако гледам од страна како актер, тоа му е работа.
Но според мене, најдобар филм по кој Хит ќе биде запамтен, не е Казанова и Браќата филм, туку Темниот Витез. Колку и да не се сложуваме дека ова не беше типичен Бетмен и дека Џек Николсон подобро одглуми, Хит добро се снајде во филмов! Штета, можеше да направи многу повеќе, ама ете, тоа е. Некој рече - од кога умре стана прославен.
Хм, не се сложувам баш - беше славен типот.
Повелете, во кратки црти мислење. Ќе видам како ќе се одвива дискусијата, се надевам ќе има заинтересираност.