Кој филм/серијал е подобар и зошто? A Quiet Place v. Bird Box

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Затоа што темата Генерална дискусија за играни филмови, актер, режисери, многу брзо се исцрпи, исто како и таа со генерална дискусија за фудбалери и кошаркари.
Но.
Со колегата IOsonoINTERISTA размислувавме како да ја оживееме пак темата, и даде многу интересна идеја.

Ќе споредуваме филмови. Нормално дека од исти жанр и донекаде слични. Фала Богу дека нема да ги споредуваме 40 годишна девица со Ѕвездени Патеки.

Филмовите што ќе се споредуваат пожелно е да бидат или прв - втор дел од филмот, или филмови од исти жанр, акција - акција, или филмови со исти глумец, а жанрот да е сличен, или од исти режисер, а пак жанрот да е исти/сличен.

Зошто го кажувам ова? Затоа што на секој 15ти пост ќе се менуваат нови два филма за споредување. А ова е се важно затоа што, тој што ќе го пише 15тиот пост на дискусијата за двата дадени филма, може сам да каже кој два филма сака да ги види на дискусија и споредување. Може да се обрати кај мене или кај IOsonoINTERISTA на пп или по профил, па кои и да се филмови ќе бидат тие одма сменати на дискусија.

Само филмовите да не се претходно спомнати, и да се слични. Како што напоменав погоре, не некој да вели дека сака да дискутираме за American Pie v.s. X-men.

Мојот пост не се брои, а и бидите колегијални макар и да знаете дека сте 2/3 постирачи после мене, после можеби ќе сте 15ти ако некој ве цитира и слично. Бидете колегијални:).

Уште една напомена. Битно е филмовите да се поактуелни и да не се некои што излегле само на кино снимка и не се многу изгледани. Значи, филмови поактуелни, макар и High School Musical, па да паднит лигаење и пцуење за филмот.

Мислам дека бев доволно јасен, а јас сега за почеток ќе ставам два филма XY v.s. ZY. Само за момент да помислам.


А и да ве потсетам, постојат вкусови за филм, ама постои и дискусија за филм. Се додека дебатата е на културно ниво е толерантна.
:helou:

Ете - многу јасно, два филма со магионичари кои излегоа паралелно во исто време. Прво го гледав Илузионистот, па Престиж.
Иако филмовите е тешко да се каже кој е подобар, затоа што и двата филма се многу јаки секако. Илузионистот е филм со многу повеќе мистерија и со крај кој ти дозволува барем да помислиш малце сам, да си створиш некоја имагинација, не е ограничен. Додека кај Престиж крајот е тој и тој и неможе поинаков да биде.

Ама крајот беше еден од најдобрите пресврти. Ако Илузионистот беше со добра глума од страна на Едвард Нортон, во Престиж имавме извонреден кастинг, на чело според мене со Кристијан Бејл. Јас би го одбрал Престиж како подобар, не само поради крајот, туку поради целата напнатост која ја имаше во филмот, додека Илузионистот течеше полагано од Престиж. А и саундтракот беше закон, нон стоп да очекуваш нешто неизвесно се до крајот, кој е баш онаков каков што никој не може да го замисли.
My vote - Prestige.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Значи прво да се надоврзам на она што го кажа Џимеј за споредбите. Одприлика, спредуваме филмови на слична тема (два филма за магионичари во случајов), два дела од филм, (на пр: Terminator I Vs Terminator II), оригинал и римејк, (на пр: The day the earth stood still, старата и новата верзија), итн... Двата филма да се споредливи по нешто, тоа е важно. Имајте во предвид дека прашањето е „Кој филм е подобар и зошто?“

Сега назад на темата:

The Illusionist (2006) Vs The Prestige (2006)



Двата филма излегоа во релативно краток период и собраа многу обожаватели.

The Illusionist го има за мене незаменливиот Edward Norton, како и Paul Giamatti, исто така актер кој многу го ценам, и прекрасната Jessica Biel. Што се однесува до актерската екипа, не може човек да најде посебна замерка.

The Prestige исто така со одлична актерска екипа: Hugh Jackman, Christian Bale, Michael Caine, и прекрасната Scarlett Johansson.

Веројатно уште подобар тим, но не би можел тука да дадам предност на еден од двата филма.

Како и да е, сличноста им е во магијата или триковите, како сакате, целиот тој занает, но во суштина се различни.

Илузионист е магичен филм, во секоја сцена преовладува чувството дека сте во допир со магијата и дека нешто магично ќе се случи. Инаку во суштина е многу едноставна, романтична приказна.

Престиж е од друга страна трик - филм, таму магијата е анулирана во старт, се работи за трикот, кој може подобро да го изведе и побрзо да го продаде. Тој е многу покомплициран филм, борба помеѓу двајца ривали во која не се бираат средства за да се победи противникот.

И двата филма се обидоа да воведат одредени заплети во приказната. И тука според мене Престиж ја постигна целта кај публиката и се одлепи од Илузионист, кој потфрли во заплетот, или во начинот на кој беше изведен. „Смртта“ на Џесика Биел, која никој не ја виде, беше за мене крај на филмот и големо разочарување. Затоа што во самиот момент ми беше јасно дека таа не е мртва и дека филмот ќе заврши со хепиенд, откако Нортон ќе ги расчисти сметките. Ако ова го изведеа поуверливо, филмот ќе беше многу повеќе возбудлив, шокантен, и ценет. За среќа, го извади последниот настап на Нортон, сцена која ги изненади сите, но за некои ова не беше доволно.

Во Престиж пак, сурова борба за престиж помеѓу двајца прво соработници, а потоа противници. Актери кои ретко кој не ги сака и не ги цени. Заплети и изненадувања од почеток до крај, возбуда во текот на целиот филм.

Кај мене, Престиж го постигна очекуваното, и мислам дека е доста подобар филм.

Едвард Нортон, почетните и последните сцени, како и магијата која ја доловува, му даваат некоја тежина и на Илузионист. Но не е доволно за да се победи Престиж.
 

Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165
За да се поштедам од повторно пишување на истото, ако не смета никому (ако смета бришете) ќе си ја цитирам рецензијата на двата филма, што во "Последен гледан филм..." ги анализирав споредбено.



Дефинитивно, два филма со прекрасна завршница. Споредбено, тематски двата филма зафаќаат многу мал дел од заедничката основа - искрената предаденост во шоуто на илузионистите додека се трудат да се надминат себеси или конкурентите.

Ако Илузионист го вбројам во несомнено прекрасните филмови, тогаш Престиж би влегол во категоријата најфантастични филмови што сум ги гледала во последно време, оние кои од почеток до крај ги гледаш со отворена уста, а возбудата никако да стивне. Во еден дел окарактеризиран како ретро научна фантастика, извонредно патување во изгубениот свет во кој можностите на науката се сеуште неразврзани, а веројатноста за нивното остварување сеуште неиспитана во реалниот свет.
Ќе ги соберам впечатоците од Илузионист под описот – интригантна бајка за ворасни, ретко успешно остварена магија на филмското платно. Кинематографијата, костумите, целокупниот амбиент на филмот и помага на публиката да ја заборави временската димензија во која го гледа филмот – совршена способност на филмот да ве одведе на патување во Виена некаде на самиот старт на 20тиот век. За разлика од Престиж, не е важно како вистинската магија се матерализира во реалноста. И акцентот не е ставен на тоа како магионичарот го завршува делото, туку како се бори за својата среќа.
Господинот Едвард Нортон е еден редок примерок на светов. Како Ајзенхам, безволно завлечкан во светот на политиката и убиствата, тешко некој да остане рамнодушен на константно променливите црти на неговото лице на кое се мешаат тага, длабока болка, љубов, гнев, циничност, сигурност и ранливост. Ова е една од најобјективните мои оценки со оглед на фактот што истиот актер до неодамна не ми бил нешто посебно омилен. Пол Грамати и Руфус Севелодлични во споредните улоги, како и Џесика Бил со прекрасното доловување на ликот на Грофицата фон Тис како заљубена, и истовремено многу силна и паметна млада жена.

Престиж од друга страна, е еден од филмовите за кои можам искрено да кажам - мој филм. Сместен во истата временска димензија со Илузионист, во времето на длабока фасцинираност на неупатената публика од моментите во кои магионичарот ги води на необични патувања кон навидум надреалното. Ривалството мегу двајцата магионичари, едни од предводниците на своето време, го турка самото дејство напред, додека приказната не води константно напред и назад низ времето, тестирајќи не со мали дози информации сервирани на агоничен начен кои треба да ги поврземе, додека ги напрегаме сетилата да останеме во тек со настаните и да ги разграничиме временските периоди во кои тие се остваруваат, за повторно да доживееме нов пресврт кој го става во сомнеж сето дотогаш видено и дигестирано. Она што започнува како партнерство се одвиткува во најдлабоко соперништво со убивствени намери кон противникот, додека се трудат еден од друг да ги откраднат најзагадочните тајни и да успеат во откривање на уште позначајни работи.

Длабоко почитување за Christopher Nolan и Christopher Priest. Приказната сама по себе фасцинантна и заплеткана, бара целосна посветеност и љубов, и не мислам дека треба повеќе пати гледање, туку само едно добро премотување на гледаните сцени после прекрасната завршница. Од самиот почеток на филмот се чувствува дека Нолан е на намера да ја збуни и возбуди публиката – не е прашањето само како ликовите ќе ги надминат разликите туку и во нашето расудување за променливоста на нивните карактери, во одредени делови искрено имав проблем да разграничам кој е добриот, Angier или Borden (со одредена пристрасност кон вториов заради љубениот ми Бејл). На крајот, не сите филмови ја бараат ваквата класична разграниченост, а тоа не ја намалува напнатоста во истите.
И потоа извонредниот кастинг. Ќе почнам од Бејл, извонреден актер способен за неверојатна суптилност и моќ, потретирајќи лик кој едвај има потреба од публика за да би ја нахранил сопствената суета со која би се впуштил во нови предизвици. Самото откритие за кое е способен да ги премине сите граници на човечка болка и достоинство, е она што го прави задоволен. Од другата страна, елегантниот Џекмен, со возвишената мажественост и софистицираност, создавајќи театарски искуства за уживање на публиката, копнеејќи за стадиумот во кој со своите театрални способности ќе ги манифестира неверојатните трикови на Борден, безгранично завидлив на неговата посветеност манифестирајќи низ чувството на својата лична фрустрација и професионална инфериорност. Потоа, извонредните споредни ликови кои само ја зачинуваат приказната,
Michael Caine како ментор и мудрец, на моменти и наратор на приказната, феноменален актер и неверојатен избор за ликот, Olivia Wenscombe и Scarlett Johansson и David Bowie како Никола Тесла, тежок избор за тоа на кого побрзо да се восхитуваш.

Ако ве возбудува помислата на разглобувањето како еден филм се обидува да си поигра со вашите здрави проценки и претпоставки, Престиж е нешто што мора да го гледате. Се што гледате и мислите дека со сигурност знаете за овој филм, паѓа во вода додека со нестрпливост очекувате да потврдите дали сте во право или не сте. Силна 10ка од мене.

Илузионист ќе го оценам со 8.5, за ништо друго, колку за тоа да не му ја намалам драстично вредноста на Престиж кој искрено ме фасцинираше.

Престиж поради горенаведеново. Мислам дека бев толку опседната од филмов што се изнашетав по сите книжари да си ја пронајдам книгата и сега сум нејзин горд сопственик. Мојот омилен филм дефинитивно.
 

Brainmachine

Прокрастинатор
Член од
30 април 2006
Мислења
137
Поени од реакции
7
Мислам дека со консензус може да заклучиме дека The Prestige/Престиж е дефинитивно подобар филм (а, лично за мене си го сместувам во топ 10 филмовите). Филмот го изгледав полани и ми остави *wow* ефект, а многу малку филмови успеваат да го сторат тоа. The Illusionist/Илузионистот, пак, го изгледав релативно неодамна, пред два месеци, кога му ја истражував филмографијата на Едвард Нортон.

*****РАЗОТКРИВАЧКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ/SPOILERS*****
Зошто „Престиж“ е подобар филм од „Илузиониостот“?
За почеток, оти приказната на „Илузионистот“ беше разочарувачки предвидлива. Откако „умре“ Софи, ликот на Џесика Бил, можеше да се насети дека таа на магичен начин ќе „оживее“ и дека, во духот на магијата и на филмот, не е сè онака како што изгледа на прв поглед. „Илузионистот“ е, на прв план, љубовен филм и неизбежен е или хепиенд или изненадувачки трагичен крај. Раната трагедија (демек) не остави многу место за второво и мораа на некој начин да ја оправат работата.
Приказната на „Престиж“, пак, е малку различна. Главниот мотив во овој филм е опсесијата. Има многу филмови со љубовна тематика, но малку филмови (барем, малку нови филмови) кои (доста добро) ја истражуваат оваа наша карактеристика, а особено реалната, уништувачка страна на опсесијата. Можеби пресвртот на моќта од едниот кон другиот ривал кон крајот беше предвидлив, но расплетот, начинот на кој сето тоа беше магично одиграно навистина беше непредлидив и шокантен, барем за мене.
Второ, глумата беше на страната на „Престиж“, оти ликот на Ајзенхајм не му го отвори на Нортон целиот негов потенцијал, што не може да се каже за Хју Џекман кој беше доста солиден како Анжир. И да не зборуваме за Мајкл Кејн, Јохансон, или пак, проверената солидна режија на Нолан.
Трето, целата тематика, стил и режија на „Престиж“ беше пооригинална и повклопена. Иако и двата филма навлегуваат во надреалното преку нивните сцени за на гледачот да му ја дадат атмосферата на магичноста, сепак не може да се споредува симетричниот почеток и крај на „Престиж“ со незаборавниот глас „Every magic trick constists...“ на Мајкл Кејн, само како еден конкретен пример, па дури и целиот суптилен печат на научна фантастика преку воведувањето на Тесла и целата финта со телепортацијата. Мислам дека убавината на овој филм е во тоа што те подигнува, те вовлечува во еден имагинарен, надреален свет каде илузиите немаат логично објаснување и стануваат магија, а каде науката напреднува до степенот на телепортација и светилки кои светат прикачени на почвата. Во тој момент, во таа фаза на гледање, „you're not really looking“ за механизмот на овие работи и нивната суштинска реалност. Бидејќи, „you don't really want to work it out. You want to be fooled“. И во тој финален момент, филмот те освестува и те прилепува за земја на истиот начин на кој последното зборче „fooled“ се лади во тишината на темниот екран и почнуваш да ја сфаќаш реалната, човечката страна на филмот и трагичноста на потрагата по совршенство која градијално се претвора во опсесија која не познава граници.
 

The Dude

Лајно
Член од
25 мај 2009
Мислења
502
Поени од реакции
321
Ги гледав во растојание од 2-3 дена. Двата филма се добри ама Престиж според мене е подобар, многу ми се свиѓаше шо е отворена и темата за телепорацијата на Тесла. Инаку понепредвидлив и понеизвесен до самиот крај беше Престиж, приказната на Престиж исто ми се свиѓа повеќе. Приказната во Илузионист е клише додека приказна слична на Престиж немам ведено до сега.

Престиж 8.5/10
Илузионист 7/10
 
Член од
18 јули 2008
Мислења
192
Поени од реакции
10
аууу колку ме изненади темава бидејќи двата филма излегоја прилично блиску и се со слична тематика. Малку помина подлого време откако ги гледав двата, но сепак ќе го кажам моето мислење. Да не должам многу и покрај тоа што двата ми се интересни мислам дека Престиж е за класа подобар од Илузионист. Илузионист е прекрасно интересно филмче со „баш холивудска приказна и завршница“ со финта на крајот и не нуди ништо повеќе. Додека пак Престиж нуди далеку посуптилна приказна и суштинска порака како човек може да постигне многу со жртва и посветеност. Секако и тоа до каде може да стигне човечката алчност, злоба и завист. Иако на крај завршува со фантастична содржина, одлично е покриена со присуството на генијот и магот на претходниот милениум Никола Тесла. И за крај одличниот кастинг ја дополнува сликата: Кристијан Бејл, Хју Џекман, Скарлет Јохансон, Мајкл Кејн и секако харизматичниот Дејвид Боуви.
моја оцена на imdb:
Престиж 9/10
Илузионист 7/10

Филмовите што ќе се споредуваат пожелно е да бидат или прв - втор дел од филмот, или филмови од исти жанр, акција - акција, или филмови со исти глумец, а жанрот да е сличен, или од исти режисер, а пак жанрот да е исти/сличен.
Предлози за споредба
Lord of the rings vs. Harry Potter (иако според мене се знае кој е кој :) )
The Punisher vs. Max Payne
Hulk 1 vs. Hulk 2
Hulk 2 vs. Wolverine
X-Men vs. Spiderman
Batman Begins vs. Dark Knight
Rendition vs Body of Lies
The Curious Case of Benjamin Button vs. Slumdog Millionare
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Откако Илузионист го изгуби дуелот со Престиж, и тоа „на нула“ :), време е да поставиме нов филмски дуел:
The Pursuit of Happyness (2006) Vs. Seven Pounds (2008)



Двата филма имаат неколку заеднички работи. И двата се на режисерот Gabriele Mucino, и во двата главната улога ја игра Will Smith. Покрај тоа, може да се каже дека во ови два филма тој ги одигра „најсериозните“, или најтешките свои улоги, а и двата филма одработуваат тешка животна приказна.

Првиот филм има оцена 7.8/10, а вториот 7.6/10 на IMDB, можеби нерелевантно, но потврдува дека овие два филма се многу блиску, и обично кој го сакал првиот, тој го сака и вториот филм.

Трејлер за Pursuit of Happyness


Трејлер за Seven Pounds


Јас овојпат само го поставив „дуелот“, a ќе направам споредба подоцна во друг пост.

Pursuit Vs Pounds, кој е подобар, и зошто?
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Ги немам гледано филмовиве, само да споменам, на rottentomatoes (страница која ретко ме изневерува за разлика од imdb), seven pounds има 28% што во превод значи катастрофален филм. Обично не гледам филмови кои се под 50%.

Pursuit of Happyness има 66% што е доста високо.

Ова ме наведува да помислам дека некои членови ептен го напумпаа seven pounds.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Да не го тупам, јас одам за Seven pounds. Филмот стварно ме допре некако повеќе што дури ме запецкаа очите како пред плачење.
Многу добро доловена реалност, мистерија, и пред се ептен добра приказна. :smir:
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Одлична тема за компарација помеѓу два одлични филма, иако лесно можам да го издвојам мојот фаворит од овој дуел. А тоа е неверојатниот и еден од најреалните филмови досега изгледани 'Pursuit of Happyness'. Како прво ќе ги издвојам подобрите карактеристики во горенапишаниот филм, а тоа се, одлична приказна, неверојатно одглумени ликови и прекрасен крај, но сепак Габриел Мучино не падна премногу надоле откако го направи 'Seven Pounds', но според мене мислам дека малце скршна од насоката која ја направи со Потрагата по среќа.

Во Седум животи тој ни раскажува за малце потешка тема, која според мене навистина секој не сака такви филмови, тип кој своите органи им ги продава на другите луѓе поради тоа што во минатото се чувствува виновник за една сообраќајна несреќа во која загинуваат седум луѓе. Навистина е тешко да го гледаш целиот тој негов живот, но и навистина можам да кажам дека потешко се сфаќа тој филм од првиот а и според мене навистина по не ми се допадна таа тема за приказна на филм. Сепак нема да кажувам лоши коментари поради тоа што и двата филмови се навистина феноменално и квалитетно изработени, и навистина улогата на Вил Смит и во давата филма беше прекрасна. И се надевам дека Габриел Мучино за некоја година ќе не изненади со уште некој сличен проект...

Значи според мене во овој дуел, победничкото место оди за филмот "ПОТРАГА ПО СРЕЌА"! А заборавив да кажам дека истоимениот филм доби номинации на Оскар, што во вториот филм тие беа изоставени.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Јас би рекол дека и двата филмови се ремек дела, односно ова се два филма кои ги излачуваат емоциите во нивната најпроста и најсурова форма. Невозможно е да останеш рамнодушен и неимпресиониран после гледањето на филмовите. И двата филма влегуваат под кожа и тоа на многу различен и единствен начин, што само ја покажува генијалноста на режисерот. Кога јас би бирал, тогаш би се одлучил за Потрага по среќата. Изборот го направив од проста причина што тука не станува збор само за филм, туку ова ремек дело може да се нарече и прирачник за тоа како треба да се однесува еден маж и татко во животот. Тука би ја додал и неверојатната глума на Вил Смит, за кој би рекол дека ја направи најдобрата актерска изведба во историјата на филмот, се разбира потпомогнат од неговиот син. Во некои од погорните постови е претставена сцената на таткото и синот во метрото, за оваа сцена би кажал дека е една од најискрените и најтажните филмски парчиња што воопшто сум ги видел, после ова солзи на очи сами ми дојдоа.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Seven pounds imase neverojatnni kritiki na forumov, znaci tolku luge go falea, placea na nego, im bese neverojaten. Filmot e kvaliteten, dobra dramica, scenata vo koja Will Smith ke vleze vo kada so meduzata me dopre vo srce, ne ocekuvav deka na toj nacin ke odbere samoubistvo. Mislam deka 28% na rottentomatoes e premalku za ovoj film. Kako i da e, jas samosto go izgledav go zaboraviv, ne znam dali e do faktot sto voopsto ne sakam drami, ama ne mi bese nisto posebno, ke zaspiev na prvite saat i pol.

Pursuit of happyness za malku ke me rasplacese. Vo ovoj film ima ocaj, ima sreka, shegi, ironija, ne moze da ne te pogodi v srce. Mnogu dobar film, Will Smith kako odglumi, sekoja chest. Znaci kako si poigra zivotot so negoviot lik, nemam zborovi.

Prednost mu davam na Pursuit of happyness, bez nikakvo dvoumenje.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Еве ме и мене со ветената компарација:

Мислам дека и двата се одлични филмови, и двата се тука некаде по квалитет. Затоа и ги ставивме за споредба, мислевме дека ќе е многу „понеизвесно“ од предходниот дуел.

Прво само краток коментар на два предходни коментари, чисто за да се надоврзам и да го кажам своето мислење.

Ги немам гледано филмовиве, само да споменам, на rottentomatoes (страница која ретко ме изневерува за разлика од imdb), seven pounds има 28% што во превод значи катастрофален филм. Обично не гледам филмови кои се под 50%.

Pursuit of Happyness има 66% што е доста високо.

Ова ме наведува да помислам дека некои членови ептен го напумпаа seven pounds.
Прво многу е тешко да споредиш филм што си го гледал со филм што не си го гледал, а уште потешко да споредиш два филма што не си ги гледал :) Ова шега беше... :)

Коментарот ти беше за оценувањето тоа е во ред. Мислам дека гледаш и од другиве коментари, без разлика кој за кој филм е, дека двата филма се блиску. Што ја потврдува мојата констатација дека ИМДБ иако со многу мани, е најдобриот систем за оценување. RottenTomatoes ги одценува на база ми се допаѓа/не ми се допаѓа, и тоа е се. 28% за Seven Pounds e знак дека нешто е гнило кај гнилите патлиџани...


Значи според мене во овој дуел, победничкото место оди за филмот "ПОТРАГА ПО СРЕЌА"! А заборавив да кажам дека истоимениот филм доби номинации на Оскар, што во вториот филм тие беа изоставени.
Овде само ќе кажам дека уште кога излезе Seven Pounds коментиравме дека секоја година по еден филм е оштетен во трката за Оскарите, оваа година тоа беше Seven Pounds. Филмот е далеку подобар од Frost Nixon, Milk или Benjamin Button кој е плагијат, некреативен, предолг... Но тоа е друга споредба.

Сакав само да кажам што мислам за некои работи за кои пишавте а не да покренам дискусија, апсолутно ги почитувам вашите мислења (да не се разбереме погрешно :) )

Енивеј, се враќам назад на споредбата. И двата филма со тешки приказни и нималку лесни за гледање. Во првиот, борба за да се преживее, да се победи сиромаштијата, да се издигнеш над ситуацијата кога сите шанси се против тебе. Во вториот, борба да се заврши животот на достоинствен начин, да се надомести лошото со добро, да се помогне по секоја цена.

Од се што видов во Pursuit не можам да кажам лош збор за филмот. Единствено што малку не ми штима, е тоа што сум гледал филмови во кои оваа невозможна борба на човекот е подобро опишана, односно, можеле подлабоко да навлезат во она што го чувствува главниот карактер како и на длабочината на проблемите со кои се соочува. Да дадеа повеќе од тоа, да намалеа малку од трчањето. Сум видел проблеми од типот на оние на главниот лик, тврдам дека е далеку потешко, отколку што е претставено. Се друго, е одлично, убава и инспиративна приказна.

Seven Pounds е внатрешна борба на еден човек со самиот себе. Човекот бара начин да се извади за штетата која ја предизвикал и на тој начин да ја намали болката која ја чувствува. Внатрешното страдање во овој филм е далеку пореално претставено, а и самата приказна е трогателна и реална. Само човек со добрина во душата кој знае дека погрешил, може толку да пати и да направи се, за да ги исправи работите. Тој портрет Вил Смит одлично го отслика. Дополнително, саундтракот на Seven Pounds е прекрасен а има и убава романтична приказна и убави сцени, од типот на оваа на сликата, потоа сцените со куќата крај морето итн...



Блага предност му давам на мојот фаворит, Seven Pounds.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Мојот глас оди кај The Pursuit of Happyness.

Seven Pounds е интересен филм, со многу карактеристична приказна. Да го исправиш гревот што си го направил и притоа да надоместиш за сите грешки.
Тажна приказна во секој случај, но некако претерана.
Некако помалку нереално наоѓање на токму 7 лица на кои може да им помогне, па спријателување со нив, па извршување на самоубиство за да им се помогне на сите.
Малку е забегано. :)
Приказната од филмот е многу добра, но сметам дека сето тоа можело и подобро да се реализира. Филмов можел да излезе и многу подобар со таа приказна. На моменти двосмислен, на моменти предосаден, на моменти си замислував како подобро може да се изреализира.
Она што држи вода во филмов е целта негова и поуката.

Додека The Pursuit of Happyness е за скала подобар филм барем според мене.
Трогателна приказна која на секој може да му се случи. Вистинската реалност која не опкружува. Колку само вакви случаи има меѓу нас.
Борбата за живот е нешто што го издигнува филмот. Секој кој сака може да успее. Од бездомник до милионер. Сето тоа е одлично спакувано во овој филм.

Одлично изиграна улога во двата филма на Вил Смит. Нема грешка кај Вил. Во The Pursuit of Happyness интересно е што глуми со сопствениот син. Прекрасна глума и на малото.
Моја критика за двата филма е што траат предолго. На моменти ништо не се случува. Тоа е мојата замерка можат да траат помалку и да е побрзо дејството.
Она што ме воодушевува во двата филма се прекрасните животни приказни, на моменти трогателни, на моменти те исполнуваат максимално.
 
Член од
18 јули 2008
Мислења
192
Поени од реакции
10
Мојот глас оди кај The Pursuit of Happyness.

Тажна приказна во секој случај, но некако претерана.
Некако помалку нереално наоѓање на токму 7 лица на кои може да им помогне, па спријателување со нив, па извршување на самоубиство за да им се помогне на сите.

The Pursuit of Happyness го немам гледано, а Seven Pounds е добар филм иако ова не е мој жанр. Инаку колку што можев да разберам типов не го врши самоубиството со цел да им помогне на другите, туку решава да се самоубие во моментот по смртта на жена која ја доживува емотивно, но со самоубиството сака да им помогне на некој добри луѓе со донирање на неговите органи. Запознавањето не е со цел да се спријатели со нив, туку напротив само да провери дали го заслужуваат неговиот подарок. За девојката на крај тој би го откажал самоубиството, но ако не и го донира срцето таа ќе умре.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom