Тешко клише наменето за тинејџерската популација.
Убава девојка и згоден момак, прилагодена да не речам припитомена приказна од роман, зачинето со добри специјални ефекти и направија блокбастер. Просечно, многу просечно и хеј, ништо ново.
Секој си има свој вкус да, но кога ќе прочитам на форум или ќе седнам да правам муабет па ќе ми кажат дека бил најдобриот филм со вампири, добивам желба да извршам нужда. Што е тоа импресивното во филмот? Што го прави најдобриот филм за вампири на сите времиња? Колку од вас што го величите филмот сте го гледале Носферату? Ремек делото на Мурнау, кое е нешто фантастично... па уште кога ќе погледнете кога е сниман филмот, едноставно остава без зборови. Филм кој ви предизвикува морници, чуство на морбидност, страв, поглед преку рамо да не има некој друг во собата и слушање на чудни звуци во темнина, тоа е ТОА/вампирското а не некоја романтична комедија со бесмртници.