Која фирма за продажба на компјутери во МК е најдобра/најлоша според вас?

Unknown Artist

I reject your reality and substitute my own.
Член од
16 ноември 2007
Мислења
322
Поени од реакции
15
Пошто пред околу месец дена земав компјутер (на компоненти) па ај малце да споделам мислење.

После разгледување на разни ценовници, некако Мебиус ми се истакна со опременост за АМД процесори и матични (и пред се во цена), па затоа мнозинството од компонентите имав намера да ги земам од таму (процесор, матична, куќиште, напојување, хард). Арно ама, кога отидов таму наидов на една таква науслужливост што не земав ништо. Влегувам со другарот и таму две продавачки седнати, со онака “мрење“ фаци и ниту една да стане да праша што/како ни треба. И го гледам куќиштето што сакав да го земам ама ставено на највисоката полица, и викам на таа “ке може некако ова да се симне да го погледнам“ и она као “па неможеме, идете доле во сервис таму ако има некое да ви го покажат“. Значи ни да се јави на телефон да им каже, ништо. Одиме доле, никој нема, стоиме ко мамлази и си викам ако е така ондак кој ве е*е. Со таков однос изгубија солидна продажба.

Потоа отидов во Нико (на јужен булевар) и само имав намера да прашам за Биостар матична дали имаат. Немаа, ама дечкото беше толку услужлив што на крај од Нико го купив целиот компјутер (само без графичка). Немав намера да земам ништо од Нико заради цените што им се повисоки од другите, ама типот ми даде по дилерски цени за секоја компонента. Е сеа, едниот РАМ беше расипан, утредента им отидов да го сменам, типот во сервисот беше исто многу услужлив одма ми заврши работа иако по правило требало да се чека да се направи проверка, па да ми јават дрн-дрн-дрн.

За Анхоч, можам само да кажам дека се стварно услужливи иако само маус и мауспад купив од кај нив. Женската се јавуваше во сервисот да ми донесат какви падови имаат и типот дојде за 10 секунди... ееееееј, за мауспадови... а на овие од Мебиус им беше тешко да те услужат за куќиште од 3000 денари.

Како и да е... отсекогаш сум ценел услужливост и сум рекол дека ке платам и нешто поскапо ако треба само ако се луѓето фер и културни.
 
Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.608
Поени од реакции
464

За фер ќе видиш од Нико кога ќе (ако) ти се заебе нешто посериозно или подоцна. Тогаш да видиш колку се фер и услужливи. Ми продадоа 2 Logitech мауса од по 1500 денари и двата се заебаа на ист начин, прво 3-4 недели чекав за да отидам и да ми кажат дека е исправен за да им кажам пак да тестираат и тек после месец ипол да ми кажат да дојдам да си го земам и да ми кажат дека стварно бил не исправен и ми го замениле со нов. Кога отидов дома истиот маус само ставен во нова кутија, на исти места беше испрљан со тој што го донесов и истите проблеми ги правеше... Тогаш реков во Нико ништо нема да купам и ај поминав после некое време да видам што имаат и ептен ми направи мерак Logitech Chillstream гејмпадот и во тој момент само они го имаа и реков ај да им дадам уште една шанса и еве после неколку месеци кога ќе го уклучам првите минута време перката внатре што те лади ко да закачува на нешто или ко ептен да напнува да врти. На 2та мауса и на гејмпадот ми дадоа 2 години гаранција...
 
Член од
12 март 2008
Мислења
989
Поени од реакции
615
Познавајќи дел од тимот што работи во Анхоч ( во врвот на пирамидата ) и начинот на којшто работат ( многу многу ретко се заебаваат со носење фуш делови ) можам да кажам дека на македонскиот пазар, според мене, Анхоч е number 1. Е сеа шо се однесува до негативните критики упатени до АМЦ, мислам дека не се неосновани. Зошто? Бидејќи сум разговарал со basic IT users кои земале компјутери од АМЦ и 80 проценти од нив се незадоволни. Највеќе се жалат на сервисот на АМЦ. Истотака сум разговарал и со вработени во АМЦ (мои пријатели кои нема зошто да ме лажат) кои се незадоволни од фирмата во поглед на третманот кој го добиваат од претпоставените, газдите итн. Искуство со други фирми немам, ма да и со Анхоч и АМЦ не ми е преголемо искуството. Anyways, по мене најдобри се Анхоч а најлоши АМЦ.
 
Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
129
Od iskustvo. Imam dva staticni komjutera od AMC i eden laptop od niko ;)
Мене низ рака ми имаат пројдено 100+ компјутери. Не би купил празно цеде од АМЦ а камоли нешто поголемо. Нико се ок, услуга 0, ама носат добри ствари, Logitech, Coolermaster, Evga и тако даље.
 
Z

zasetko*

Гостин
mislam deka Anhoch se broj 1 isto taka i usluzlivi se vrabotenite i davaat popust.AMC mulj, Set imam 10 maticni kupeno do kaj niv dosega site rabotat neznam za da kazam do sea dobri se samo toj eden prodavac me nervira koa i da vlezam znaci najneusluzliviot covek na svetot, i sekad kupuvam od golemoprodazba nikako od malo prodazba istot toj decko sakase maticna bez I/O panel da mi ucuka bez sata kabli i neznam sto mislese od mars sum a napravi faktura garancija se i nakraj mu vikam nisto zalam nemozam da ja zemam se potrese deckoto :)
 
Член од
7 март 2009
Мислења
976
Поени од реакции
623

Добро пријателе,секаде купуваш од големопродажба ама како? Имаш дилерски статус или што? Знам дека цените во големопродажба се каде каде поевтини,барем да објаснеше.Вака не ставаш во недоумица,а да и браво за потегот што не си му ја земал матичната на дембилот од Сет,стварно сакаат да подметнуваат шкарт и некомплетни производи.Поздрав

Познавајќи дел од тимот што работи во Анхоч ( во врвот на пирамидата ) и начинот на којшто работат ( многу многу ретко се заебаваат со носење фуш делови ) можам да кажам дека на македонскиот пазар, според мене, Анхоч е number 1. Е сеа шо се однесува до негативните критики упатени до АМЦ, мислам дека не се неосновани. Зошто? Бидејќи сум разговарал со basic IT users кои земале компјутери од АМЦ и 80 проценти од нив се незадоволни. Највеќе се жалат на сервисот на АМЦ. Истотака сум разговарал и со вработени во АМЦ (мои пријатели кои нема зошто да ме лажат) кои се незадоволни од фирмата во поглед на третманот кој го добиваат од претпоставените, газдите итн. Искуство со други фирми немам, ма да и со Анхоч и АМЦ не ми е преголемо искуството. Anyways, по мене најдобри се Анхоч а најлоши АМЦ.
За сервисот сум слушнал дека од аспект на брзина им е катастрофа,ама имаат и некој добри п-ди со пристојни цени.Анхоч носат најдобри производи,пошто пратат и на нив да не им подметнат шкарт,но се поставува прашањето од каде увезуваат и на кој начин.Си мислам така, па зошто и јас да не станам увозник? Кој ку...ц се тие,да не знаат повеќе од мене за хардвер.Ако имаш некој податок од кај увезуваат,со кој фирми се врзани,и општо како са станува увозник за хардвер во МК,слободно пиши ми овде на милата ни кајгана.Поздрав
 
Член од
27 март 2010
Мислења
249
Поени од реакции
15
postojano kupuvam od mebius za mene licno ke kazam dobro me usluzuvaat mene ne mi smeta ako sam se rascepkam po raftovite ,e sega ako nekoj ocekuva od nebo da padnat rabotite toa e druga rabota, od niko nastojuvam da ne kupuvam bilo sto, mi se zaeba monitor pred 2 meseca cekav 1 mesec da mi go vratat katastrofa , anhoch se dobri go razgleduvam cenovnikot cesto, SET mi se dopagaat vo posledno vreme.
 
blaster1

Искусен Кајганџија
Член од
16 декември 2008
Мислења
777
Поени од реакции
26
Најдобра RiverSoft,најлоша AMC...(според мене)...
:salut:
 
Член од
29 јануари 2007
Мислења
303
Поени од реакции
10
Незнам дали е спомната JVS Net, ама има доста интересни ствари поготово за ладење од ноктуа.
Пример има NT-H1 термална паста која е една од подобрите амоќеби најдобра што може да се најде кај нас.
NH-D14, најдобриот воздушен кулер до сега излезен и други уникатни работи.

http://www.jvsnet.com.mk
 
Член од
7 мај 2010
Мислења
40
Поени од реакции
0
Има некој искуство со купен фотоапрат од АМЦ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom