Unknown Artist
I reject your reality and substitute my own.
- Член од
- 16 ноември 2007
- Мислења
- 322
- Поени од реакции
- 15
Пошто пред околу месец дена земав компјутер (на компоненти) па ај малце да споделам мислење.
После разгледување на разни ценовници, некако Мебиус ми се истакна со опременост за АМД процесори и матични (и пред се во цена), па затоа мнозинството од компонентите имав намера да ги земам од таму (процесор, матична, куќиште, напојување, хард). Арно ама, кога отидов таму наидов на една таква науслужливост што не земав ништо. Влегувам со другарот и таму две продавачки седнати, со онака “мрење“ фаци и ниту една да стане да праша што/како ни треба. И го гледам куќиштето што сакав да го земам ама ставено на највисоката полица, и викам на таа “ке може некако ова да се симне да го погледнам“ и она као “па неможеме, идете доле во сервис таму ако има некое да ви го покажат“. Значи ни да се јави на телефон да им каже, ништо. Одиме доле, никој нема, стоиме ко мамлази и си викам ако е така ондак кој ве е*е. Со таков однос изгубија солидна продажба.
Потоа отидов во Нико (на јужен булевар) и само имав намера да прашам за Биостар матична дали имаат. Немаа, ама дечкото беше толку услужлив што на крај од Нико го купив целиот компјутер (само без графичка). Немав намера да земам ништо од Нико заради цените што им се повисоки од другите, ама типот ми даде по дилерски цени за секоја компонента. Е сеа, едниот РАМ беше расипан, утредента им отидов да го сменам, типот во сервисот беше исто многу услужлив одма ми заврши работа иако по правило требало да се чека да се направи проверка, па да ми јават дрн-дрн-дрн.
За Анхоч, можам само да кажам дека се стварно услужливи иако само маус и мауспад купив од кај нив. Женската се јавуваше во сервисот да ми донесат какви падови имаат и типот дојде за 10 секунди... ееееееј, за мауспадови... а на овие од Мебиус им беше тешко да те услужат за куќиште од 3000 денари.
Како и да е... отсекогаш сум ценел услужливост и сум рекол дека ке платам и нешто поскапо ако треба само ако се луѓето фер и културни.