TBBT е the Ultimate Geek Show.
Нема шанси да ве бендиса ако не ја разбирате geek културата, ако немате ништо гиковско во себе. Ако не сакате Sci/fi, ако не сте Star Wars и Star Trek подвижни енциклопедии или барем имате пристојно познавање од истите, ако не сте читале стрипови итн... Затоа што се работи за хумор полн со референци кон овие и слични работи, па лесно може да се загубите.
Јас и натаму стојам на ставот дека ја претерале со ликовите, ОК е Воловиц да се мота со ролките и Раж со тренерката две сезони ама како поминува времето, време е и гиковите да созреат по малку. Но тоа е за друга тема, онаа за TBBT. Овде можам само да кажам дека TBBT ја убива во поим HIMYM во еден куп работи како:
1. Ликовите
Додека HIMYM има еден лик (Барни) кој е типичен комедијант, и група од 4 актери/ликови кои се залутани во комедија и само го надополнуваат првиот, TBBT го има Шелдон кој е ѕверка невидена, ги има Воловиц и Раж кои се класа комичари и два споредни лика направени за сит-ком (женските). Така да како група, многу се појаки.
2. Story lines
TBBT почна со истото еднолично сценарио, една приказна по епизода, но подоцна почнаа да прават покомплексни епизоди, додека HIMYM претежно има брутално еднолични епизоди со една приказна, како онаа кога ја бараат сендвичарата па ништо не се случува освен што ја бараат сендвичарата.
3. Фори
Во TBBT кратки и јасни in-your-face реплики, во HIMYM често морав да чекам 2 минути муабет за Барни да поентира.
4. Оригиналност
Има ли потреба?
Така да, гиковски си гласам за TBBT без многу мислење.