Која серија повеќе ја сакате и зошто? (Fear the Walking Dead vs. The Walking Dead: World Beyond)

Вашиот фаворит?


  • Вкупно гласачи
    8

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Без двоумење, How i met your mother од едноставна причина што кога ќе го пуштам The Big Bang Theory после 5 минути го исклучувам затоа што неможам да го поднесам
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020
Moже никоја? :icon_lol:
Одамна се заканував, ама еве по 5 неам изгледано од двете.
Tогаш им раскинав, ама сега се предомислувам, имав тогаш доста комедии, а сега се мислам наеднаш дали ќе бидат подобри, можеби до тоа е, оти срање ми беа станати.
Мојот глас нека иде за Big Bang Theory.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
ОдTBBT немам изгледано ниту една епизода, знам дека има некој лик Шелдон пошто на ФБ гледам знаат да го подзатупат со човекот. И толку. Не знам во што се крие магијата на серијава, зашто едно време беше многу зборувана и гледана. А на HIMYM и' имам дадено шанса и ми делуваше како апсолутна копија со лејм финти. Така да, никоја.:icon_mrgr:
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Ау, болно прашање. :D
Да ме прашавте пред една година, не ја давав How I Met Your Mother за ништо.
Сега, ситуацијата се сврти за 360 степени, па мојот глас оди за The Big Bang Theory.

Првава комплетно се изгуби. :( Не сум ја ни догледал сезонава, а порано едвај чекав нови епизоди. Втората и по пет сезони е одлична и свежа за гледање. Хуморот не е на исто ниво секоја епизода, ама секогаш има позитивна атмосфера, и плус Ејми навистина е одличен додаток. :D
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Тешка одлука, прво ептен ја гледав HIMYM и ја обожавав серијата, арно ама сега ја гледам повеќе од навика и да видам до каде ќе оди приказната. Ова другава, максимално ме заинтересира пред 1 г. кога сите четири сезони ги излегав во рок од неколу дена. Сега малце и за нема ми е паднат интересот.

Заради Барни и првите сезони би се одлучил за HIMYM, ама заради сите ликови во TBBT и општо за нивниот хумор моментално поинтересни ми се.

Така да, нерешено.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
TBBT е the Ultimate Geek Show. :гик: Нема шанси да ве бендиса ако не ја разбирате geek културата, ако немате ништо гиковско во себе. Ако не сакате Sci/fi, ако не сте Star Wars и Star Trek подвижни енциклопедии или барем имате пристојно познавање од истите, ако не сте читале стрипови итн... Затоа што се работи за хумор полн со референци кон овие и слични работи, па лесно може да се загубите.

Јас и натаму стојам на ставот дека ја претерале со ликовите, ОК е Воловиц да се мота со ролките и Раж со тренерката две сезони ама како поминува времето, време е и гиковите да созреат по малку. Но тоа е за друга тема, онаа за TBBT. Овде можам само да кажам дека TBBT ја убива во поим HIMYM во еден куп работи како:

1. Ликовите
Додека HIMYM има еден лик (Барни) кој е типичен комедијант, и група од 4 актери/ликови кои се залутани во комедија и само го надополнуваат првиот, TBBT го има Шелдон кој е ѕверка невидена, ги има Воловиц и Раж кои се класа комичари и два споредни лика направени за сит-ком (женските). Така да како група, многу се појаки.

2. Story lines
TBBT почна со истото еднолично сценарио, една приказна по епизода, но подоцна почнаа да прават покомплексни епизоди, додека HIMYM претежно има брутално еднолични епизоди со една приказна, како онаа кога ја бараат сендвичарата па ништо не се случува освен што ја бараат сендвичарата.

3. Фори
Во TBBT кратки и јасни in-your-face реплики, во HIMYM често морав да чекам 2 минути муабет за Барни да поентира.

4. Оригиналност
Има ли потреба?

Така да, гиковски си гласам за TBBT без многу мислење. :гик:
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.298
Гласам за TBBT, иако на моменти знаат бааги да го затупат со Шелдон а во последнава сезона и со останатите ликови као Ејми ( во последно време ми е многу антипатична и не можам да ја гледам а порано и не ми беше така лоша, ама сега, кога и да се појави во кадар ми иди да го гасам телевизиорот, ама после ми текнува дека гледам на пц и дури се свестам поминала сцената со неа :D ), Бернадед и останатите. Иако Хауард и Раж не се како во првите сезони сепак и подобра е од бледата копија на пријатели.
 
А

Анноун

Гостин
HIMYM - TBBT 1:5

Стрелци :
HiMYM - Берни
ТББТ - Шелдон , Воловиц и Раж по еден гол , мајка му на воловиц и бернадет по пола погодок , и 1 гол заедно постигнаа пени , леонард и крипки :)

Пооригинална , поразлична , поМЛАДЕЛАШКА :pos:
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.298
A и сега ми текна на мајката од Воловиц, поинтересна беше кога не беше толку вклучена во серијата. Порано кога ќе писнеше то тоа се памтеше епизодата, во последната сезона во секоја втора епизода се надвикуваја со Бернадед и изгуби на ексклузивност.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.346


HIMYM првите неколку сезони скоро секоја сезона легитимно ме смееше.Последниве 2 сезони малце затупеа т.е. ги земаа сите елементи од Friends што не ми се допаѓаа и ги помножија со 2 ама сепак се ОК.

И башка не е само Барни единствен смешен лик во серијата. Има смешни сцени и меѓу Маршал и Лили. И да не ја заборавиме Робин која е далеку посмешна од Рејчел (yes i just went there).

Браво за мечов мене искрено не ми текна.
Кога сме веќе кај комедиве може да направиш Cheers vs Fraizer пошто се на некој начин поврзани а и двете се на добро ниво. Friends/Joey се исто поврзани ама не може да се споредуваат.
 
Член од
17 мај 2011
Мислења
1.368
Поени од реакции
2.886
TBBT ради тоа што е единствена серија која јас ја знам со вакво сценарио.
HIMYM е една од стоте во кои неколку пријатели седат во бар и во меѓувреме се дешаваат смешни случки. Добра беше, а за некого и уште е HIMYM ама TBBT за мене од почеток до крај е одлична и немам замерки никакви. HIMYM имаше падови, па одличен хумор, па сега падови и падови и падови. Можеби и TBBT во седмата сезона(доколку има толку нели) нема да биде интересна како што е сега, ама тоа не знаеме. Сепак како што кажаа погоре, некој не го разбира хуморот во TBBT па ради тоа HIMYM си ја одбира.
 
Член од
22 август 2011
Мислења
326
Поени од реакции
346
Јас сум за TBBT. Оваа другата скроз некако ја затупеа, едвај ја догледав сезоната. Да, првите сезони беа добри, ама веќе од што толку ја расипаа серијата ми се расипа и целокупниот впечаток.
Се сложувам целосно со постот на Io Sono Interista.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
И башка не е само Барни единствен смешен лик во серијата. Има смешни сцени и меѓу Маршал и Лили. И да не ја заборавиме Робин која е далеку посмешна од Рејчел (yes i just went there).
Смешни сцени и смешни ликови не е иста работа. Лили е 10 пати послаб лик од нејзиниот во American Pie, искрено ме разочара.

За второто, не дека Рејчел е нешто посебно смешна, ама сепак, да пишеш дека Робин е посмешна или да пишеш дека Робин воопшто е смешна, it's a blasphemy dude... Постатичен лик во сит-ком од Робин во живот немам видено, единствена работа и е да биде згодна и да легнува со што појќе мажи...
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.346
Смешни сцени и смешни ликови не е иста работа. Лили е 10 пати послаб лик од нејзиниот во American Pie, искрено ме разочара.

За второто, не дека Рејчел е нешто посебно смешна, ама сепак, да пишеш дека Робин е посмешна или да пишеш дека Робин воопшто е смешна, it's a blasphemy dude... Постатичен лик во сит-ком од Робин во живот немам видено, единствена работа и е да биде згодна и да легнува со што појќе мажи...
:D :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom