Македонија во третиот барабан
Репрезентацијата на Македонија ќе биде во третиот барабан на извлекувањето на групите за квалификациите за
ЕП 2006 во Полска. Ова е информација на бугарски “Гонг“, кој се повикува на ексклузивитет со изјава на спортскиот директор на ФИБА Европа, Коста Илиев. Инаку, лесно воочливо е дека распоредот по групите е направен според пласманот од последното ЕП во Шпанија и квалификациите кои му претходеа.
Ако оваа информација се покаже како точна, тогаш Македонија има напредок од една група, односно од четвртата, во која бевме пред жребот за ЕП 07, во третата, во која би требало да бидеме сега.
Во истиот барабан со нас се наоѓаат и селекциите на БИХ, Бугарија и Украина, па нашата најдобра репрезентација нема да биде во иста група со овие селекции во квалификациите.
Вака изгледа распоредот на репрезентациите во различните барабани:
ПРВ БАРАБАН: Италија, Франција, Израел, Португалија.
ВТОР БАРАБАН: Турција, Србија, Чешка, Летонија.
ТРЕТ БАРАБАН: МАКЕДОНИЈА, БИХ, Бугарија, Украина.
ЧЕТВРТИ БАРАБАН: Финска, Белгија, Унгарија, Естонија.
ПЕТТИ БАРАБАН: Велика Британија.
Жребот за квалификациите на на 16 февруари во Венеција.
Екипите ќе бидат поделени во 3 групи со 4 репрезентации и една група со 5 репрезентации. Четирите победници на групите и трите најдобри второпласирани селекции обезбедуваат место на завршницата на ЕП.
Преостанатите 10 селекции ќе разигруваат дополнително за последното преостанато место на ЕП, како и за опстанок во “А“ Дивизијата во 2009 година.
http://www.basketball.org.mk/