18.07.2007 :: Втора победа над Србија
Македонската сениорска кошаркарска репрезентација забележа втора победа над универзитетската репрезентација на Србија. Нашиот најдобар национален тим славеше со 85:81 во Скопје, иако на двомечот против Србија не настапија Врбица Стефанов, Гечевски, Антиќ, Димитровски, Ѓуров, Ристе Стефанов, Чековски...
По неполни 15 минути игра резултатот беше 44:14 за Македонија.
Во вториот дел Арсиќ им даде шанса на сите кошаркари со кои располага, со исклучок на Соколов, а Србите го искористија тоа, и се вратија комплетно во игра. Во самиот финиш намалија на негатива од 1 поен (74:75), но не искористија неколку напади, и нашите кошаркари успеаја да стигнат до победата.
МАКЕДОНИЈА - СРБИЈА 85:81
Резултат по четвртини: 30:10; 21:22; 18:26; 16:23.
Со победа само во првата четвртина го добивме натпреварот што за мене е загрижувачки затоа што ако Србите биле само малку повеќе рамноправни во првата чевртина сигурно ќе сме изгубиле со 10 и повеќе разлика.
Следната пријателска средба на македонската репрезентација е на 22 јули против Израел во Софија.
http://www.basketball.org.mk/novost.asp?id=970