Z
zmej gorjanin
Гостин
Туристи и да сакаат не можат да дојдат кога е затворена границата.
Луѓето си се шетаат само во мали групи бидејќи не е дозволено собирање во големи групи и полиција се тоа растура. Постојат забрани, но тие се со усул донесени и таму нема гужви по маркети и банки поради тие забрани. Повеќе штета и поголем ризик е полн маркет отколку 20 души да си шетаат кучиња во парк. Периодот кога имаа најголем проток на луѓе тие решија да да направат се да не дојде до гувжа, за разлика од нас кои се погриживме да ја има и таму црквата постапи конструктивно.
Бројот на тестирани по мил. жители е ист како во Македонија така што нема криење на нови случаи. Работата е што таму рано реагираа уште во фебруари и ги изолираа сите што се враќаа од Италија и Австрија многу рано. Плус фактот што забранија движење меѓу општините и така сите извори на зараза беа локализирани одма. Во Хрватска има 430+ општини и 100+ градови, буквално секој град е самата градска населба, а општините се или едно село или неколку најблиски села групирани заедно. На 4 мил. жители имаат 550 единици на локална самоуправа. Имаше пред 3-4 дена 10 заразени во мало село во Удбина и не се прошири бидејќи движењето е само во селото. Островот Муртер беше големо жариште, но не може да излезе од таму затоа што луѓето се затворени на островот.
Тоа не значи дека не планираат до Јуни да отворат. Некаде читав статистики дека Хрватска има 12 милијарди евра приходи од туризам годишно, па види колкав пад би било тоа.