Па кој го контролира тоа групирање? Секој ден гледам случаи на Јаја Паша кај што дремат во групи 4-5 луѓе, полиција во нивна непосредна близина и никаква реакција нема, си мавтаат едни со други. Истово го видов и денес во Ново Лисиче и Бутел, групи од по 3-4 луѓе, полицајци на 5 метри од и никому ништо.
За тоа како ќе реагираат ако има полициски патроли на повеќе локации апсолутно не ме интересира, поентата е дека повеќе ќе се почитуваат мерките така и подобро ќе бидат спроведени.
Кажувам какви ситуации постојат и што би можело да се подобри, ми се поставуваш како на празно да критикувам, демек се ви смета и ништо не чини.
Еве и
@DeviAngel истото пак, демек не сме го знаеле народот каков е. Па тоа е целата поента, баш дека знаеме каков е, треба да се спроведат мерките, а не да оставаш хаос на сите страни. Јас можам сега на истово да ти кажам, демек не знаеме како функционираат работите кај нас и колку се корумпирани сите.