Не разбирам од каде извира мотивот кај поединци да ако се забрани нешто, или пак се ограничи, веднаш да се бараат алтернативи за забраната. Прво се затворија сите угостителски објекти, па се нагргнаа собиранки по паркови и по дома, па тоа имплицираше построги мерки со продолжување на полициски час и забрана за движење по паркови, па одеднаш сите станаа планинари, алпинисти, риболовци, па почнаа скари да фрчат во природа чиниш загревање за 1ви Мај е ова. Сега и за движење во природа се стави бан. Едно време се затворија зелените пазари, па се создаде притисок врз супермаркетите, па сега се реотворија зелените пазари па предпразнично цел град гунгула, таму пазари. Денеска и вчера се одеше по гости, убаво време, пред-празнично било, не знам што. Од наредна недела пак пост-празнично собирање.
Браќата жива сила не ебавале - и ние ко нив. Шо ебам корона, закони, живеј кратко, живеј бесно работава, погледни ја во очи смртта.
Комшикава на мајка ми и ѕвони, ела мери ми притисок не ми е нешто добро од вчера, ќе пиеме по едно кафе. Која корона бајо мој, се тоа ,,ворлд конспираси" да ти било, не чаделе со кемитрејлс, 5Г, мигранти, нов светски поредок...
Причини за не' седење дома еден куп - за седење дома само една, сопственото и здравјето на другите, очигледно недоволна. Велигден можда не е секој ден, ама в година сигурно ќе биде пак, ако го преседиш овој дома.
Јас не го разбирам иницијалниот шок од самиот старт на народот, особено кога знаеш во каква дисфункционална вукојебина живееш, корумпирана до срж. Здравството со децении ни е рак рана. Недостатокот на материјали проблем добро познат уште одамна, уште ко одев средно на пракса гледав што се работеше и уплав имам од тогаш фатено. Цел свет се служи со средновековни методи на карантини, членки на Г7 топ најразвиени држави, што остана за нас? Ние немаме ниту болнички капацитети, ниту материјални па ни човечки ресурси. Едниствено нешто што стои помеѓу короната и нас е оваа самоизолација, барем засега.
Има луѓе кои што мораат да одат на работа, има еден куп недоследности во меркиве што до некаде е разбирливо човек да се запраша - чуму сето ова? Која е поентата кога работам во хала со уште 200 луѓе околу мене, во три смени. Ама некои луѓе имаат избор. Зошто денеска месарниците во градов беа затка од луѓе кои што купуваа јагнешко?
Не знам зошто работи кои што се толку очигледни неопходно е некој упорно да ти ги преџвакува, да ти црта линии за одржување на дистанца, па да ти пишува ,,СТОЈ ОВДЕ" како на идиот, да стој некој до тебе да те пази...и пола народ да ти практикува обратна психологија во негативен контекст.
Веројатно вродена ни е таа психологија на стадо, да се туркаме едни во други на тесен простор ко овци, да се збираме во групи. Не за џабе не стројат партииве по митинзи секоја втора година. Која само дисциплина и организираност владее тогаш кај истиов овој народ, тоа чудо едно.