Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.189
Поени од реакции
84.067
Не, не. Таман се бројките. Само не се по глава на жител, туку на милион жители.
на тоа и мислам де, цело време, моја грешка
ги гледам статистиките и ја
Автоматски споено мислење:

Мислиш дека ако потрае лудоста кај нас ќе останиш на работа?
Мислиш дека сите оние самохрани родители кои го јадоа апот што од кризава што од алчни газди им е до вирусов?
Скроз може после да испадне економските негативности да бидат пострашни од овој да речам здравствен бенефит при карантинов. Сега за сега, не.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.313
Поени од реакции
18.381
Не знам кој е максимумот, можда вакцината ќе дојде порано од овие проектирани 12-18 месеци, можеби подоцна, а можеби и воопшто нема да дојде.

Мислам дека џабе вртиме во круг ја ти и Инглориус кога вистината е тука некаде на средина, само има пар работи околу кои не се согласуваме. Јас сметам дека може да се жртвуваат 2-3 месеци од нашите животи за да се заштитат постарите и хронично болните, секако под услов населението да се однесува одговорно, вие сметате дека не треба и тоа е тоа, мислам дека џабе се објаснуваме кога нема конкретен заклучок. :D
Така би дошло. Само да нема дезинформации, 2 -3 месеци не ми пречат мене. Се бунам зашто сметам дека е бесцелно, и дека тие 2,3 месеци ќе станат години.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Па кај нас мислам рекоа скоро 20% од смртните случаи воопшто не ни стигнале до болница, е во општ хаос големи бројки кој знае што ќе станува тука
А 5 месеци што се дешава? Секој ден по 20 поста има дека никој уствари не почитува мерки.... сакаш да ги сликам овие под прозор шо си седат лагано, ни полициски ни курац?
Кафичите до пред месец ни работеа... кладилници, казина, чајџилници...
Ете и литии има, има седенки по викендици и дворови и на крај? 91 мртов.
Јебем ти вурус, стварно кинески бил (неквалитетен де) :D
Мислам дај не заебавајте... ем мерки не се почитуваат како што треба ем нема толкаво ширење вирусот и пак паниките ве јадат.

Ама чек сеа пак измеша некои работи. Ти велам 500 на 10 милиони, не на два. Хипотетички ти реков ако би имале 10 милиони население, како Шведска. Сеедно лош ти е коментарот и искрено не баш човечки. Зошто? Затоа што нема што ја и ти и било кој да потпишуваме за нечии животи. Не се само старите зафатени, не знам како не го сфаќате овој момент.
Па тоа бе Стефане!
Ете дојде на моето.
Ај сега прочитај си го овој дел полека, размисли и кажи ми што мислиш онака без да си ја стегаш душата дали утре ќе умриш или ќе ти умрат блиските по дома.
СИТЕ сме погодени. ЈАС БАШ ЗЕДОВ 500 на 2 милиони. ОКЕЈ ми е.
Зошто? Пошто доаѓаме до нечовечкиот момент ;)

Значи моето мислење е нечовечко и нехумано пошто викам океј дај да видиме кој е за умирање, а твоето/вашите се човечки пошто во мое име сакате да одлучите да седам дома до даље? Да останам без работа? Без леб на маса? Без млеко за децата? Со кое право ја ускратувате мојата слобода само заради тоа што се плашите за вашата?
Тоа е морално и човечки, така?

Ти давам тривијални примери за да сфатиш дека работите не се црно-бели како што милувате да ги гледате. ЛЕЛЕ дома да седиме оти ќе испоцркаме, а во меѓувреме пола шошони во државата одат по погреби, се берат по селата по чајџијлници, има ете во струга литии, има седенки за први мај, паркојте полни, маски 0, на клупи по 8 души, по станој по 20 души.
Нешто не оди накај логика муабето со лесното ширење и корисноста од мерките, м?
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.509
Поени од реакции
114.605
Така би дошло. Само да нема дезинформации, 2 -3 месеци не ми пречат мене. Се бунам зашто сметам дека е бесцелно, и дека тие 2,3 месеци ќе станат години.
Мислиш со мерки и рестрикции? Не бе брат кај нема шанси тоа, ќе се распаднеме сместа како држава. Толку ќе е со меркиве уште неделава, после пополека све ќе се отвори и полицискиот час ќе се губи. Мислам, мерките за носење маски и такви ствари ќе останат, ама рестриктивните ќе се тргнат, што е многу битно за економијата на која и е потребен итен рестарт.

Останува да се надеваме дека после олабавувањето ќе нема Кондратенковци и Цаци затоа што може да го јадеме сите ние што пазиме и сме совесни. Тука треба државата да реагира со казнување, али..
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Имаше ситуација пред почетокот на еден брифинг на Трамп во Белата Куќа пред некој ден, разговор на официјални лица кој е снимен и во кој се вели дека 200.000 до 400.000 се позитивни во Калифорнија, што не значи дека се и болни. Тоа го говореше и Проф. Марковски, дека 5-10% од наделениеѕо веројатно се позитивни на вирусов, што не значи дека се болни, а интересно што тие бројки впрочем се поклопуваат со дневната стапка на заболени во однос на направен број на тестови кај нас. Исто така, секако има толку голем број на сведоштва дека тестовите даваат лажна слика дали поединецот е позитивен или негативен.
Тоа не значи дека тие имаат анти тела кои можат да спречат повторна инфекција, затоа што убо потенцираше Вело тие се само носители, но не и болни.

И во врска со Шведска, таа има ист пад на економијата спрема Новершка, Данска и Финска, но 4-7 пати повеќе мртви. Многу научници кажуваат дека нема да има втор бран и дека во летово вирусов ќе замри. Шо прајме тогаш?

Ова што го прави Шведска е експеримент, а вакви експерименти со човечки животи се карактеристични за автократски или диктаторски режими. Друго што е видливо од статистиката е тоа што имаат мал број на излечени.

Што ќе му излези на крај на шведите допрва ќе се види.

И реално во Шведска, работат основните училишта и кафаните, и толку, другите работи се исти, кај нас мора полициски, кај нив по сопствена желба се спроведува тоа, но реално е исто.

А да и ќе заборавев, за да не одат луѓе во парк, истураат по цели тревници кокошкини гомна, нели @CafeDelMar :pos:
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2010
Мислења
39.509
Поени од реакции
114.605
Значи моето мислење е нечовечко и нехумано пошто викам океј дај да видиме кој е за умирање, а твоето/вашите се човечки пошто во мое име сакате да одлучите да седам дома до даље? Да останам без работа? Без леб на маса? Без млеко за децата? Со кое право ја ускратувате мојата слобода само заради тоа што се плашите за вашата?
Тоа е морално и човечки, така?
За тоа е задолжена државата со минималните плати и со надоместокот за тие што останале без работа, затоа ти е неспоредливо тоа со умирањето на луѓе. Иако рака на срце 300 глупости направи Владата со овие мерки и сум крајно разочаран, али тоа е друга тема.
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
на тоа и мислам де, цело време, моја грешка
ги гледам статистиките и ја
Доста лесно може да се добие и бројката по глава на жител, треба да се подели вкупниот број на жители во една држава со бројот на тестови (или мртви, заболени што и да е). Нека ме поправи некој ако грешам.

Само така ќе се добијат релативно неупотребливи податоци во пракса, па затоа се користат бројки на 100.000, на милион и слично. Аналогно на ова, со статистиката која ја имаме моментално може да извадиме и тестови/заболени/мртви на 100.000, само треба бројката на милион да се подели со 10.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
За тоа е задолжена државата со минималните плати и со надоместокот за тие што останале без работа, затоа ти е неспоредливо тоа со умирањето на луѓе. Иако рака на срце 300 глупости направи Владата со овие мерки и сум крајно разочаран, али тоа е друга тема.
Видовме како поминал секој кој чекал на држава овде... најдовме црква да се крстиме.

Испоцркаа. Седми се од 200 земји у свет по смртност по глава.
И? само негативна страна има муабетот? Пак ти повторувам 3500 скоро жители од ДЕСЕТ милиони. ОД тие 3500 имаш стари, имаш со болести, имаш мигранти имаш СЕ' и сешто. Здрави прави на две нозе, што страдале од вирус имаш најмалце; и ПАК, на земја без мерки тој процент на мртви е ништо во однос на вк број на население.

Секако дека има и позитивни страни. Нема нови стеги во општеството, економија подобра (во споредба со оние со карантин), образовниот процес нема толкав прекин и др.
Дали се исплатеа?
Тоа сега не можеме да го видиме. Сега лошите страни се такви, да не можам да речам дека овој метод е правилен. Можеби во иднина повеќе ќе пркнат на виделина лошите страни на другиот начин.

Инаку и Третиот Рајх исто има позитивни страни.
Третиот рајх ќе го оставиме во темата за II светска војна ;)
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.425
Поени од реакции
5.103
Да, полоша е онаа која одложува.
Но, тоа е АКО е групен имунитет единствено решение
и АКО земјата која не презема мерки, на крајот има ист процент на мртви, со онаа која презема.

На пример, АКО се појави непозната смртоносна болест која е предизвикана од седење дома, онда тие без мерки подобро направиле.

Се тоа АКО.

Затоа ја погоре кога објаснував на двапати спомнав, го вметнав зборот - моментално. Моментално тоа се бројките, тоа се резултатите.


А ние не мораме да претпоставуваме фиктивни случаи за да докажеме дека Шведска добро се справува со вирусот. На пример, АКО јас сметам дека економските показатели, а не смртноста по глава, се показател според кој ќе оценувам дали Шведска се справува добро со вирусов, тогаш одма веднаш, ваљда можам да кажам дека е така.
Автоматски споено мислење:

Испоцркаа. Седми се од 200 земји у свет по смртност по глава.
И самиот знаеш дека процентот на починати може да се контролира во одреден степен во зависност од тоа како се ствара имунитетот. Башка што во период од 8 месеци може да се здобијат нови знаења во најмала рака за најдобри практики. Така да не е работата џа или бу.
Поентата ми беше дека тврдењето лошо или добро се справува некоја држава каде комплетната слика е далеку од готова е малку... игнорантно.
Крајниот резултат ќе се знае по неколку месеци, максимум година имајќи предвид брзото ширење на вирусот и економската криза. Така да, тврдењето сега дали некој лошо се справува или не е исто ко со тврдењата на Трамп во Февруари. :D

Патем, кое е оправдувањето за жртвите од економската криза што ќе следи?
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.737
Поени од реакции
27.730
Па само на форум се направија 50 хипохондрици кои десна рака ќе сечат само корона да не фатат.
Хмм јас не мислам дека се хипохондрици туку само се у фазон „јас сум интелигентен/образован и ќе ги слушам сите препораки“ и/или „интересно ми е да следам црна статистика“.
 

faust.mephistopheles

Aga Aganlija
Член од
9 декември 2014
Мислења
747
Поени од реакции
1.618
Нема никого да цитирам но мора да одговорам пошто многу ме нервира текот на дискусијата и расфрлањето со бројки.
Дали уопште имате претстава колку вируси има во усната шуплина кои се неактивни, асимптоматски. Дали ако направиме ПЦР тест за тие вируси докажува автоматски дека сме болни од тие вируси?? Некои од тие вируси предизвикуваат страшни заболувања но може цело време да бидат без никакви симптоми. Не би набројувал кои се вируси може да ги има во устата пошто ќе ви се крене косата на главата. Така да тестирањето и евентуалната позитивност на некој вирус не докажува ама баш ништо, најмалку дека е некој болен од тој вирус. А пак колку се специфични тестовите и колку е стручна обработката е друго прашање, посебно ако се обработуваат толку долго како кај нас по недела дена ??

Болни и починати од ковид бројки ???
Официјалната страна на СЗО вели
COVID-19 affects different people in different ways. Most infected people will develop mild to moderate illness and recover without hospitalization.
Most common symptoms
  • fever.
  • dry cough.
  • tiredness.
Less common symptoms:
  • aches and pains.
  • sore throat.
  • diarrhoea.
  • conjunctivitis.
  • headache.
  • loss of taste or smell.
  • a rash on skin, or discolouration of fingers or toes.
Serious symptoms:
  • difficulty breathing or shortness of breath.
  • chest pain or pressure.
  • loss of speech or movement.
Seek immediate medical attention if you have serious symptoms. Always call before visiting your doctor or health facility.
People with mild symptoms who are otherwise healthy should manage their symptoms at home.
On average it takes 5–6 days from when someone is infected with the virus for symptoms to show, however it can take up to 14 days.

Ова се симптомите од лесни до тешки кои се ОФИЦИЈАЛНО наведени од СЗО за ковид
За да прогласите некој за болен треба да ги има овие симптони, барем најлесните.
За оние што тврдат дека кај хроничните болни со летален исход е доволно да бидат позитивни еве што се вели на официјалната страна на СЗО

Most people infected with the COVID-19 virus will experience mild to moderate respiratory illness and recover without requiring special treatment. Older people, and those with underlying medical problems like cardiovascular disease, diabetes, chronic respiratory disease, and cancer are more likely to develop serious illness.

Значи постарите или хронични болни со тие и тие болести, Е МНОГУ ПОВЕРОЈАТНО ДЕКА ЌЕ РАЗВИЈАТ ПОТЕШКИ СИМПТОМИ како
Serious symptoms:
  • difficulty breathing or shortness of breath.
  • chest pain or pressure.
  • loss of speech or movement
Без развивање на 90% од овие симптоми и посебно последните, НЕ МОЖЕ бе да тврдите дека некој починал од таа болест, вирусот си е вирус, болеста си е болест.Вирусот не убива, болеста убива, за да вирусот убие треба да предизвика болест.
А зошто се бројат секакви во таа статистика е вистинското прашање кое допрва ќе излезе некој похрабар и да каже.
Virusite I parazitite ne se del od normalna flora. Zatoa pozitiven PCR znaci zarazen so toj virus (asimptomatski ili simptomatski, seedno).
Ako covek umre kako posledica na streptokokna pneumonia ili komplikacii predizvikani od istata, se definira deka umrel od streptokokna pneumonia ili sepsa. Bezrazlika dali imal rak, bubrezna insuficienca, ciroza i.t.n.
Bidejki samata bakterija, virus whatever bil direkten predizvikuvac za vlosuvanjeto na veke oslabenata funkcija na nekoj organ ili organi I so toa bil direkten predizvikuvac na samata smrt. Da ne bi bil zarazen, bi bil seuste ziv.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.535
Поени од реакции
2.655
Тоа не значи дека тие имаат анти тела кои можат да спречат повторна инфекција, затоа што убо потенцираше Вело тие се само носители, но не и болни.

И во врска со Шведска, таа има ист пад на економијата спрема Новершка, Данска и Финска, но 4-7 пати повеќе мртви. Многу научници кажуваат дека нема да има втор бран и дека во летово вирусов ќе замри. Шо прајме тогаш?

Ова што го прави Шведска е експеримент, а вакви експерименти со човечки животи се карактеристични за автократски или диктаторски режими. Друго што е видливо од статистиката е тоа што имаат мал број на излечени.

Што ќе му излези на крај на шведите допрва ќе се види.

И реално во Шведска, работат основните училишта и кафаните, и толку, другите работи се исти, кај нас мора полициски, кај нив по сопствена желба се спроведува тоа, но реално е исто.

А да и ќе заборавев, за да не одат луѓе во парк, истураат по цели тревници кокошкини гомна, нели @CafeDelMar :pos:
Од каде оваа информација?
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Оти таков препич, нема смисла ова, сите зборуваат оти ќе умириме од глад оти нема работа економијава паѓа, и реално нашава влада најголем дел од производствените капацитети ги остави да работи, освен ко ќе се појавеше некој кластер во некоја фабрика.

Нели луѓе ќе умираат од глад ако не се работи?

Во суштина сите кога зборуваат за меркиве, најмногу мислат оти не му работат кафаните, и оти има полициски час за да акаат по цела ноќ. Реално освен во Шведска и Белорусија, секаде во светот ги затворија, еве и Јужна Кореа последно ги затвори баровите и рестораните.

Абе Елон Маск стаса на мајки шајки со администрацијата на Калифоринија оти не го оставаат да ја отвори Тесла.

Затоа ко ќе се зборува за меркиве во Македонија, треба да се прават правилни споредби, нема смисла баби и жаби да се мешаат.
Искрено,ме боли стапот за кафаните.Јас работам во слична фабрика.Ти сигурно работиш од дома затоа и не можиш да ме сватиш.Инече чисто за информација уште чекаме државава да го исплати фамозниот минималец,пошто на господата од државна администрација им биле малку тие 14500 а нас ни биле таман!:cautious:Во исто време илјадници љуѓе ги изгубија работните места,нив пак нема ни да покушаш да ги сватиш.Така да џабе ќе го тупиме до сабајле!
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.546
Поени од реакции
22.234
Germanija so stabilni brojki nekolku dena ispod 1.000 novozaboleni dnevno a imase i den,dva so nesto nad. Toa se statisticki efekti primer preku vikend podocna lokalnite centri gi davaat brojkite do Robert Koch institutot. R brojkata stabilno pod 1 iako i tuka od statisticki efekti imase den, dva nad 1. Denes relativiraa od institutot. Aktivni slucaevi okolu 16.000. Samo 4 regioni so poveke od 50 novozaboleni na 100.000 ziteli vo poslednite 7 dena. Niedna pokraina nema poke od 50 na 100.000 aktivno zaboleni, najvisok e vo Bremen so 31,9 zaboleni na 100.000 (https://www.coronazaehler.de/). Inace zarista vo Germanija momentalno se cat pat starinski domovi ama i firmi vo mesarna industrija, kade sto rabotnicite ne se dovolno oddaleceni ama i se smesteni po 4,6 ili 8 lugje vo soba. Se raboti pretezno za rabotnici od Bugarija i Romanija.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom