Сте запнале со таа Шведска, колку имало на милион, колку имало на 100000, се изнамачив ама еве ви пак за вкупниот број на умрени по години во Шведска.
Што гледате од сликата, освен тоа што ќе пресметате дека ќе има 110 илијади умрени ако продолжи вака, инаку до март официјални бројки се 24424, еве ви како било последните неколку години.
Еве ви линк да си прочитате ако не ми верувате.
https://www.scb.se/en/finding-statistics/statistics-by-subject-area/population/population-composition/population-statistics/pong/tables-and-graphs/monthly-statistics--the-whole-country/preliminary-population-statistics-by-month-2020/
Ајде малку да ги анализираме бројките, како што и самите гледате има разлики од година до година, од месец до месец, годишно бројот во последните 10-тина години на умрени варира во граница од 3500,
еве за март како последен месец со официјални податоци има варијација од 1650 во последните неколку години.
Оваа година во март има 8510 умрени од кој 300 и нешто се од короната (барем регистрирани), што не е повеќе од март 2018 кога имало 9437 без да ја има страшната корона.
За април податоци немаме, има некој неофицијални бројки од 38409 што е 14 илјади за април и до 8 мај, да за некој 4 илјади повеќе од што би имало нормално (а имаме број од 3250 умрени вкупно со март), бројката не е ОФИЦИЈАЛНА и затоа не можам да ја коментирам, кога ќе излезат официјалните за април ќе видеме точно колку имало повеќе.
Значи излезе дека страшната корона ја однела Шведска во ТОП 1 земја по највеќе умрени, значи немат карантин, а до март се со нормални бројќи, разликата е што ние ќе се трескаме од земја по секое олабавување на мерките и зголемување на бројот (кој е нормално да се случува), а они ќе си уживаат во слободата а резултатот на крајот ќе биде приближно ист, некој процент + на годишно ниво е ништо.