Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.189
Поени од реакции
84.067
Би било добро кога се споредуваат бројки меѓу земјите да има еден дел со параметри по кои се тестира. Не може да ја споредиш Шведска каде за да те тестираат треба да си на смртна постела (така иде зборот де) и Германија на пример која масовно тестира од почетокот.

Ете и Македонија е добар пример, откако почнаа по 100/150/200 тестови дневно одма нагло опадна кривата, а тоа е резултат на помалото тестирање.
Не само тоа. Има тука многу други работи, кои треба да се земат в предвид, кога се гледа кој колку и како тестира. Но, недвојбено е дека бројот на заразени, зависи и од бројот на тестови. Во крајна линија, теоретски, може нула да се напраи да има новозаразени.
 
Член од
16 декември 2011
Мислења
86
Поени од реакции
175
Па сега или ќе ловат асимптоматски случаи или ќе ги теститаат болните и оние со симптоми, што е најнормална пракса за секоја можна болест.

Имаше ситуација пред почетокот на еден брифинг на Трамп во Белата Куќа пред некој ден, разговор на официјални лица кој е снимен и во кој се вели дека 200.000 до 400.000 се позитивни во Калифорнија, што не значи дека се и болни. Тоа го говореше и Проф. Марковски, дека 5-10% од наделениеѕо веројатно се позитивни на вирусов, што не значи дека се болни, а интересно што тие бројки впрочем се поклопуваат со дневната стапка на заболени во однос на направен број на тестови кај нас. Исто така, секако има толку голем број на сведоштва дека тестовите даваат лажна слика дали поединецот е позитивен или негативен.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.593

Дај не бегај, понуди нешто бројки за шведска и комжиите им нивни. Финска, Данска, Норвешка. Направи една куса анализа да видиме и ние нешто од оние фактине твои.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.593
@Beric Dondarrion @Stefan-kobe Многу е тешко да направиш таква споредба бидејќи различни се популациите кои се таргетираат. Информацијата треба да се земе предвид, ама нема веродостојна рамка во која би се искористила истата. За година до година и пол ќе имаме најверојатно веродостојни податоци пред се за смртноста и за имунитетот на популацијата. До тогаш, што ќе ни сервираат, то е.
 
Член од
16 декември 2011
Мислења
86
Поени од реакции
175
Шведска има 2 641 заразани на милион жители, Данска 1 815 на милион жители. Околу 50% повеќе заразени во Шведска во споредба со Данска.
Во исто време Данска има 92 починато на милион жители, кај Швеѓаните бројот е 322. Повеќе од 3 пати.

И во двете категории имаш значајни отстапки. Мерките дефинитивно имаат позитивно влијание и кај ширењето на заразата и посредно кај смртноста.

Едино, ако имаш некои други бројки, може мене изворот не ми чини.
Па сега ако се селектираат и манипулираат фактите како нам ни одговара, тогаш еве.

Франција со карантин има 2718 случаи на милион жители (ПОВЕЌЕ од Шведска), Белгија - 4612, Португалија - 2715....

Или, пак, обратна компарација.
Македонија има само 799, значи ли тоа дека имаме 100% подобар карантин од Данска?!?

Некогаш сето тоа е само лоша среќа и бројките не смеат да се релативизираат.

Факт е дека апокалипса во Шведска едноставно нема.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.593
Па сега ако се селектираат и манипулираат фактите како нам ни одговара, тогаш еве.

Франција со карантин има 2718 случаи на милион жители (ПОВЕЌЕ од Шведска), Белгија - 4612, Португалија - 2715....

Или, пак, обратна компарација.
Македонија има само 799, значи ли тоа дека имаме 100% подобар карантин од Данска?!?

Некогаш сето тоа е само лоша среќа и бројките не смеат да се релативизираат.

Факт е дека апокалипса во Шведска едноставно нема.
Мене не ми е проблем да те цитирам

Јас ги толкувам бројките и тие велат дека по глава на жител речиси и да нема отстапки од нивните карантинизирани соседи (зборувам за број на случаи).
И тоа е факт што не може да се побие и негира.
Бујрум, заврши со ова, па после може да шетаме.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
3 200 од 26 000 е 12%. Утка ти е и тоа 8%. :icon_lol:
без разлика, друго беше поентата. сепак, за ова си во право.

8% стапка на смртност тебе мала ти е? Секоја чест. Пресметај пример колку е 8% од популацијата на Америка рецимо, доколку они би негувале таков пристап и види дали е во ред.
Немој да се пенавиш, нема да умреш. И те молам не ми ставај зборови во уста пошто има шанси да се претвориш во новиот падавичар на темава. Не ти личи едноставно.
Прочитај што напишав и не ме цитирај селективно за да извадиш муабет од контекст.

Заразени колку се, не глеам, не споредувам. Различни земји имаат различен начин на тестирање, а верувам дека ни таму не се добри.
Смртност потешко може да се манипулира од заразени. И двете можат, у крајна линија, ама смртност потешко.
Ако ме прочита добро никаде не реков дека нивните мерки се идеални, туку се надоврзав на твојот муабет тврдејќи дека вистината е некаде насредина.
Тоа значи дека и од нив треба да се земи позитивниот пример.

Тоа што им испоумреа еден куп старци по старските домови е само заради недоволниот број на персонал, а исто така имаше и порано тука постирано некој на темата како витаминот Д во голема мерка игра улога дали и колку ќе се заразуваш со вируси (покрај други фактори секако), а се покажало од истражувањата дека баш таму и не се потрефиле мртвите со доволен број на вит Д.
Ако го најдам видеото ќе го постирам повторно или ќе го цитирам членот што го постира.

На крај, како год да свртиш повторно ќе ти речам дека од 10 милиони народ да ти се заразат 20 и кусур илјади од вирус кој е „баба рога“ и кој „така лесно е вирален и пренослив“ ... па не знам како не испоцркаа сите. Најверојатно има многу останати чинители зошто и колку е застапено ширењето.

Вујко ми кој секој ден го гледам на социјални мрежи и неговото семејство нема промашено да постира дали е во група и се движат со чопери некаде низ шведска, дали се по скари и пикници со пошироката фамилија, дали неговиот син со девојката се секој ден по локали, пицерии, кафичи.

НЕ се обидувам да ти наметнам дека тоа е во ред, но сакам да кажам дека и не се шири нештово така лесно бидејќи сите ќе беа пупунци до сега ширум светот - од едноствана причина што се потврди дека вирусот е тука меѓу нас од декември (а тоа се ЦЕЛИ 5 месеци) - што мора да признаеш не е мал период.

Шведска треба да ви биде аргумент повеќе кон тоа дека кон позитива оди работата отколку дека сè e поцрно од самиот ѓавол.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.593
Шведите се повикуваат и на оваа бројка и статистика. Имаат најстара популација, и тоа баајги многу:

Прегледај го приврзокот 250836
Ако ова пали кај Швеѓаните, поглупи се од шо изгледаат. Групата 65+ е околу 20% во најголем дел од земјите во европа. Кај Италјаните 23% е, кај Германците 21%. Грците се со 22%.

Перење раце е графиконов.
Автоматски споено мислење:

без разлика, друго беше поентата. сепак, за ова си во право.
Не користи математика денес, не ти оди нешто. Види без бројки нешто дали ќе ја биде поентата.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.426
Поени од реакции
5.103
Ако ги оставам малите држави, тогаш Шведска ќе биде 9-то место у свет од 200 држави.

Тоа не е успешен начин на справување со корона вирусов. Како сакаш врти го.

Можеби некои настани и нешта кои сега не ги гледаме, во иднина, некако ќе покажат дека тој модел бил подобар, но сега моментално никаков простор тоа да се каже со овие статистики.
Ако групен имунитет е единственото решение, и ако за тоа ќе има сличен процент на жртви (пример 0,2% или 2000 на милион) во секоја земја, лошо се справува тој што прв ќе го направи тоа или тој што ќе одложува 8 месеци?
 
Член од
16 декември 2011
Мислења
86
Поени од реакции
175
Мене не ми е проблем да те цитирам

Бујрум, заврши со ова, па после може да шетаме.

Па другарче, токму така, ти пуштив бројки, има за нијанса повеќе од соседите, јас не го негирав тоа.

Впрочем, ти благодарам што ме натера да истражувам малку повеќе и да му додадам уште повеќе тежина на моето тврдење со фактот дека земји како Франција, Португалија, Белгија(овие се пример, можам да набројувам уште десетици, и тоа Европски) имаат ПОВЕЌЕ заболени по глава на жител од Шведска.

Поентата што не ја сфаќаш е дека постојат незначителни варијации помеѓу земјите, а во Шведска не е воопшто полошо од оние каде "беснее" полициски час.

Па сега нека прочитаат луѓето и нека си размислат....или шетаат, упс заборавив не смеат...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.509
Поени од реакции
114.610
Немој да се пенавиш, нема да умреш. И те молам не ми ставај зборови во уста пошто има шанси да се претвориш во новиот падавичар на темава. Не ти личи едноставно.
Прочитај што напишав и не ме цитирај селективно за да извадиш муабет од контекст.
Падавичар? Њтф? Ти напиша дека ниту е многу ниту е апокалиптично. Да, не е апокалиптично, ама 8% е многу. Нигде не реков дека ќе умрам, не знам што ти е со коментаров. Милион пати е спомнато на темава дека бројките во Шведска се далеку од реални ради веќе наведените причини, а и такви пак се меѓу земјите со највисока стапка на смртност.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.593
Па другарче, токму така, ти пуштив бројки, има за нијанса повеќе од соседите, јас не го негирав тоа.

Впрочем, ти благодарам што ме натера да истражувам малку повеќе и да му додадам уште повеќе тежина на моето тврдење со фактот дека земји како Франција, Португалија, Белгија(овие се пример, можам да набројувам уште десетици, и тоа Европски) имаат ПОВЕЌЕ заболени по глава на жител од Шведска.

Поентата што не ја сфаќаш е дека постојат незначителни варијации помеѓу земјите, а во Шведска не е воопшто полошо од оние каде "беснее" полициски час.

Па сега нека прочитаат луѓето и нека си размислат....или шетаат, упс заборавив не смеат...
Од кога 3 пати поголема смртност е нијанса?

Белгија започна со моделот на Шведска, па кога почнаа и они да извезуваат заболени во Германија им дојде памет во глава. Португалците со споредлив број заразени со Шведска, имаат 1/3 од смртноста. популацијата им е нешто постара од онаа на Шведска.

Варијациите воопшто не се незначајни.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Падавичар? Њтф? Ти напиша дека ниту е многу ниту е апокалиптично. Да, не е апокалиптично, ама 8% е многу. Нигде не реков дека ќе умрам, не знам што ти е со коментаров. Милион пати е спомнато на темава дека бројките во Шведска се далеку од реални ради веќе наведените причини, а и такви пак се меѓу земјите со највисока стапка на смртност.
Па секако дека не е Стефане. Ене прочитај го Берик уште еднаш, не лајкај само и колку да се искоментира. Скоро 350 на МИЛИОН.
Тоа значи дека на 10 милиони околу 3500.
СПОРЕД тебе и според тие што како тебе размислуваат на темата Шведска е за никаде, е ЕТЕ со такво за никаде здравство, мерки, превенција ... е каде? ДЕВЕТТА во свет.
А напред пред неа кои се? Овие со карантините и со мерките.
Тоа што кажува? - Неко меџу нама није наш ;)
Let that sink in.
После пак ќе попрајме муабет, ако ме цитираш.

п.с. да не заборавиме, вирусот во меѓувреме е онај истиот кој лебди во воздух, седи на површини, тоооооолку лесно е пренослив што во ебани 5 месеци во 10 милионска држава заразил 26.000 народ од кои 3000 умреле.

п.п.с.
сакаш и кај нас да споредиме?
91 мртов имаме ваљда - ако не грешам, небитно.
УТРЕ да ги укинат сите мерки... само за 30 дена ќе имаш 91 мртов од сообраќајки скопје по тоа партизанска кај што дивеат и по автопати што возат ко да му е последно.
НЕ е се' така црно. Треба дури и од сценарија како шведското да се вадат позитивните страни.
 
Член од
16 декември 2011
Мислења
86
Поени од реакции
175
Од кога 3 пати поголема смртност е нијанса?

Белгија започна со моделот на Шведска, па кога почнаа и они да извезуваат заболени во Германија им дојде памет во глава. Португалците со споредлив број заразени со Шведска, имаат 1/3 од смртноста. популацијата им е нешто постара од онаа на Шведска.

Варијациите воопшто не се незначајни.
Сега кога доби факти со кои се негираат твоите "факти", ја смени референтната точка од заболени во починати.
И јас во едно од моите претходно мислења кажав зошто би било тоа случај и дека треба да се анализира од друг аспект, Крстев додал уште нешто, па да не се вртиме во круг со дискусијава...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom