Па и сега има умрени од сообраќајки и од разно разни причини, не гледам што те буни. Проблемот е короната за која се брифира секојдневно, болест која е заразна а нема лек за неа.
Умирањето е нормален процес, сигурно ради короната нема пауза да настане во смртните случаи.
Тука се споредуваат заразени и мртви стрикно од корона.
Ете ај да удриме глупа и безвезна математика, ние 2 милиони и 90 умрени, Шведска 10 милиони и 3500 умрени. Кај нас мерки и рестрикции кај нив не, ја гледаш разликата? Еве да замислиме дека имаме исто население како нив, т.е. 10 милиони, ако бројот на мртви би се движел правопорционално (поради мерките) би имале 450 мртви, ете и 500 нека се, да заокружиме. Тоа е 7 пати помалце од Шведска што за мене не е мала бројка. Нормално напраив глупа споредба чисто да доловам ситуација, кога веќе споредуваме земја со рестрикции и мерки со земја без рестрикции.
П. С. Тие земји што се меѓу првите ко Италија и САД се таму затоа што касно изреагираа и им се еба матер, па затоа сега условно речено џабе им се и мерки и се, голем дел од населението им е заболено.
Не се таму каде што се бидејќи касно изреагираа (иако е дел од причините, да) туку заради тоа што немаат менте во главата ко шведи, германци и слични т.е. не почитуваат мерки како миење раце и до некаде некоја дистанца држење.
Цело време се повикував на нешто друго да обрнеме внимание, а тоа е дека и од таа и таква шведска треба да се извлечи позитивното.
Не е во ред кај нив по вода што им ојде старото население, НО толку им се капацитетите и сосема фер си излегоа и кажаа на почеток извинете ама нема да се заебаваме, одиме на херд имјунити + спасуваме економија.
Тоа си има позитивни и нег страни.
Кај нас... 500 велиш на 2 милиони? СУПЕР. Дај кај да потпишиме.
АКО цела заебанција е за 500 кои и онака ќе умрат кои од старост кои од 2000000 пропратни болештини кои ги имаат дај бе чоек да се куртулиме.
Па само на форум се направија 50 хипохондрици кои десна рака ќе сечат само корона да не фатат. Очи ќе му извадат на некој ако мисли различно од нив.
Психички последици од нештово... очигледни пар екселанс,
Сепак, има зеаб во цела работа што 20 пати го повторив, а тоа е дека на вирус кој ти е тука од декември му се тресиме како да е СМАК света.
ДА БЕШЕ така досега ниту јас ниту ти ќе пишевме овде, туку тоа што го опиша како си се преладил од работата во банка ќе ти беше COVID и ќе ти јадевме пченица.
Тебе од работа во банка, мене пупунец ќе ме најдеа од некоја друга работа и сите ќе си одевме јабана.
Премногу ја пумпате цела работа, олабајте малце.
Мислиш дека ако потрае лудоста кај нас ќе останиш на работа?
Мислиш дека сите оние самохрани родители кои го јадоа апот што од кризава што од алчни газди им е до вирусов?
Другарчињата твои од форум што си штракаат по тастатура и се хепи оти некој ги плаќа за работа од дома се едно, ама пола мали бизниси од кои се движи дел од економијата во мкд и еден куп луѓе кои зависат од минималецот што го носеа дома не штракаат по тастатура, туку плачат за леб.
Е дај на таквите да им кажиме дека се е океј и сме ја заебале шведска, данска, америка, русија... шо ти ја знам која држава оти три месеци седевме карантин.
И АЈ и то да беше решение ама НЕ е. Оти после тоа време ПАК ќе треба да се отворат граници и ќе ти дојди некој со COVID па ајде од почеток.
Логика малце, не е само да се контраме до недоглед.