Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.593
Ако групен имунитет е единственото решение, и ако за тоа ќе има сличен процент на жртви (пример 0,2% или 2000 на милион) во секоја земја, лошо се справува тој што прв ќе го направи тоа или тој што ќе одложува 8 месеци?
И самиот знаеш дека процентот на починати може да се контролира во одреден степен во зависност од тоа како се ствара имунитетот. Башка што во период од 8 месеци може да се здобијат нови знаења во најмала рака за најдобри практики. Така да не е работата џа или бу.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.508
Поени од реакции
114.604
Па секако дека не е Стефане. Ене прочитај го Берик уште еднаш, не лајкај само и колку да се искоментира. Скоро 350 на МИЛИОН.
Тоа значи дека на 10 милиони околу 3500.
СПОРЕД тебе и според тие што како тебе размислуваат на темата Шведска е за никаде, е ЕТЕ со такво за никаде здравство, мерки, превенција ... е каде? ДЕВЕТТА во свет.
А напред пред неа кои се? Овие со карантините и со мерките.
Тоа што кажува? - Неко меџу нама није наш ;)
Let that sink in.
После пак ќе попрајме муабет, ако ме цитираш.

п.с. да не заборавиме, вирусот во меѓувреме е онај истиот кој лебди во воздух, седи на површини, тоооооолку лесно е пренослив што во ебани 5 месеци во 10 милионска држава заразил 26.000 народ од кои 3000 умреле.

п.п.с.
сакаш и кај нас да споредиме?
91 мртов имаме ваљда - ако не грешам, небитно.
УТРЕ да ги укинат сите мерки... само за 30 дена ќе имаш 91 мртов од сообраќајки скопје по тоа партизанска кај што дивеат и по автопати што возат ко да му е последно.
НЕ е се' така црно. Треба дури и од сценарија како шведското да се вадат позитивните страни.
Па и сега има умрени од сообраќајки и од разно разни причини, не гледам што те буни. Проблемот е короната за која се брифира секојдневно, болест која е заразна а нема лек за неа.

Умирањето е нормален процес, сигурно ради короната нема пауза да настане во смртните случаи. :D Тука се споредуваат заразени и мртви стрикно од корона.

Ете ај да удриме глупа и безвезна математика, ние 2 милиони и 90 умрени, Шведска 10 милиони и 3500 умрени. Кај нас мерки и рестрикции кај нив не, ја гледаш разликата? Еве да замислиме дека имаме исто население како нив, т.е. 10 милиони, ако бројот на мртви би се движел правопорционално (поради мерките) би имале 450 мртви, ете и 500 нека се, да заокружиме. Тоа е 7 пати помалце од Шведска што за мене не е мала бројка. Нормално напраив глупа споредба чисто да доловам ситуација, кога веќе споредуваме земја со рестрикции и мерки со земја без рестрикции.

П. С. Тие земји што се меѓу првите ко Италија и САД се таму затоа што касно изреагираа и им се еба матер, па затоа сега условно речено џабе им се и мерки и се, голем дел од населението им е заболено.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.593
Сега кога доби факти со кои се негираат твоите "факти", ја смени референтната точка од заболени во починати.
И јас во едно од моите претходно мислења кажав зошто би било тоа случај и дека треба да се анализира од друг аспект, Крстев додал уште нешто, па да не се вртиме во круг со дискусијава...
Ти па, зезни ме. Дај ми ги бројките на заразени кај што сум зел бројки на починати.

За комшиите на Шведска беше почнат муабетот и "она 3 пати поголема смртност" е за Данска. Сега ти е моментот да го цитираш бројот на заразени во Данска, да го споредиш со бројот на заразени во Шведска и онака, најкултурно да ми го спуштиш.
Автоматски споено мислење:

Мхм.

Еве ви подетални бројки. Првата табела е случаеви по години, починати се со црвено и последната е на интензивна/критични.
Има починато дете, не даваат никакви информации цела недела. Прегледај го приврзокот 250845
Баш фино што ја повлекле линијата на 50+. Сѐ е џабе, ако народот решил дека работата е во најдобар ред и ако едно извини заврши работа.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.189
Поени од реакции
84.066
Ако групен имунитет е единственото решение, и ако за тоа ќе има сличен процент на жртви (пример 0,2% или 2000 на милион) во секоја земја, лошо се справува тој што прв ќе го направи тоа или тој што ќе одложува 8 месеци?
Да, полоша е онаа која одложува.
Но, тоа е АКО е групен имунитет единствено решение
и АКО земјата која не презема мерки, на крајот има ист процент на мртви, со онаа која презема.

На пример, АКО се појави непозната смртоносна болест која е предизвикана од седење дома, онда тие без мерки подобро направиле.

Се тоа АКО.

Затоа ја погоре кога објаснував на двапати спомнав, го вметнав зборот - моментално. Моментално тоа се бројките, тоа се резултатите.


А ние не мораме да претпоставуваме фиктивни случаи за да докажеме дека Шведска добро се справува со вирусот. На пример, АКО јас сметам дека економските показатели, а не смртноста по глава, се показател според кој ќе оценувам дали Шведска се справува добро со вирусов, тогаш одма веднаш, ваљда можам да кажам дека е така.
Автоматски споено мислење:

На крај, како год да свртиш повторно ќе ти речам дека од 10 милиони народ да ти се заразат 20 и кусур илјади од вирус кој е „баба рога“ и кој „така лесно е вирален и пренослив“ ... па не знам како не испоцркаа сите.
Испоцркаа. Седми се од 200 земји у свет по смртност по глава.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.460
Поени од реакции
9.913
Да, полоша е онаа која одложува.
Но, тоа е АКО е групен имунитет единствено решение
и АКО земјата која не презема мерки, на крајот има ист процент на мртви, со онаа која презема.

На пример, АКО се појави непозната смртоносна болест која е предизвикана од седење дома, онда тие без мерки подобро направиле.

Се тоа АКО.

Затоа ја погоре кога објаснував на двапати спомнав, го вметнав зборот - моментално. Моментално тоа се бројките, тоа се резултатите.


А ние не мораме да претпоставуваме фиктивни случаи за да докажеме дека Шведска добро се справува со вирусот. На пример, АКО јас сметам дека економските показатели, а не смртноста по глава, се показател според кој ќе оценувам дали Шведска се справува добро со вирусов, тогаш одма веднаш, ваљда можам да кажам дека е така.
po ekonomski indikatori, svedska e sampion undisputed.
bukvalno se raboti, gi iscistia starcite, gi pomagaat tie firmi sto se zasegnati od krizata. stopiraa novi vizi izdavanje, i taka baraa nacin da namalat migracija

im se poklopi so jupiter :ROFLMAO:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.189
Поени од реакции
84.066
Јас ги толкувам бројките и тие велат дека по глава на жител речиси и да нема отстапки од нивните карантинизирани соседи (зборувам за број на случаи).
И тоа е факт што не може да се побие и негира.
Нерелевантно.
Не ми е проблем да повторувам - бројот на заразени зависи од бројот на тестирања, а тука Шведска е далеку зад Скандинавија и Европа и со 14k тестови по глава на жител е во друштво со Босна и Црна Гора (кои имаат по 12k). Данска 56k, Финска 22k, Норвешка 37k тестови по глава на жител.
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.194
Поени од реакции
13.048
Нерелевантно.
Не ми е проблем да повторувам - бројот на заразени зависи од бројот на тестирања, а тука Шведска е далеку зад Скандинавија и Европа и со 14k тестови по глава на жител е во друштво со Босна и Црна Гора (кои имаат по 12k). Данска 56k, Финска 22k, Норвешка 37k тестови по глава на жител.
А кому воопшто му се битни асимптоматските случаи?
Јер,реално неможе некој со симптоми да не биде тестиран дури и од страна на глупите,лоши Шведи?
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Па и сега има умрени од сообраќајки и од разно разни причини, не гледам што те буни. Проблемот е короната за која се брифира секојдневно, болест која е заразна а нема лек за неа.

Умирањето е нормален процес, сигурно ради короната нема пауза да настане во смртните случаи. :D Тука се споредуваат заразени и мртви стрикно од корона.

Ете ај да удриме глупа и безвезна математика, ние 2 милиони и 90 умрени, Шведска 10 милиони и 3500 умрени. Кај нас мерки и рестрикции кај нив не, ја гледаш разликата? Еве да замислиме дека имаме исто население како нив, т.е. 10 милиони, ако бројот на мртви би се движел правопорционално (поради мерките) би имале 450 мртви, ете и 500 нека се, да заокружиме. Тоа е 7 пати помалце од Шведска што за мене не е мала бројка. Нормално напраив глупа споредба чисто да доловам ситуација, кога веќе споредуваме земја со рестрикции и мерки со земја без рестрикции.

П. С. Тие земји што се меѓу првите ко Италија и САД се таму затоа што касно изреагираа и им се еба матер, па затоа сега условно речено џабе им се и мерки и се, голем дел од населението им е заболено.
Не се таму каде што се бидејќи касно изреагираа (иако е дел од причините, да) туку заради тоа што немаат менте во главата ко шведи, германци и слични т.е. не почитуваат мерки како миење раце и до некаде некоја дистанца држење.

Цело време се повикував на нешто друго да обрнеме внимание, а тоа е дека и од таа и таква шведска треба да се извлечи позитивното.
Не е во ред кај нив по вода што им ојде старото население, НО толку им се капацитетите и сосема фер си излегоа и кажаа на почеток извинете ама нема да се заебаваме, одиме на херд имјунити + спасуваме економија.
Тоа си има позитивни и нег страни.

Кај нас... 500 велиш на 2 милиони? СУПЕР. Дај кај да потпишиме.
АКО цела заебанција е за 500 кои и онака ќе умрат кои од старост кои од 2000000 пропратни болештини кои ги имаат дај бе чоек да се куртулиме.
Па само на форум се направија 50 хипохондрици кои десна рака ќе сечат само корона да не фатат. Очи ќе му извадат на некој ако мисли различно од нив.
Психички последици од нештово... очигледни пар екселанс,

Сепак, има зеаб во цела работа што 20 пати го повторив, а тоа е дека на вирус кој ти е тука од декември му се тресиме како да е СМАК света.
ДА БЕШЕ така досега ниту јас ниту ти ќе пишевме овде, туку тоа што го опиша како си се преладил од работата во банка ќе ти беше COVID и ќе ти јадевме пченица.
Тебе од работа во банка, мене пупунец ќе ме најдеа од некоја друга работа и сите ќе си одевме јабана.

Премногу ја пумпате цела работа, олабајте малце.

Мислиш дека ако потрае лудоста кај нас ќе останиш на работа?
Мислиш дека сите оние самохрани родители кои го јадоа апот што од кризава што од алчни газди им е до вирусов?
Другарчињата твои од форум што си штракаат по тастатура и се хепи оти некој ги плаќа за работа од дома се едно, ама пола мали бизниси од кои се движи дел од економијата во мкд и еден куп луѓе кои зависат од минималецот што го носеа дома не штракаат по тастатура, туку плачат за леб.

Е дај на таквите да им кажиме дека се е океј и сме ја заебале шведска, данска, америка, русија... шо ти ја знам која држава оти три месеци седевме карантин.

И АЈ и то да беше решение ама НЕ е. Оти после тоа време ПАК ќе треба да се отворат граници и ќе ти дојди некој со COVID па ајде од почеток.
Логика малце, не е само да се контраме до недоглед.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.460
Поени од реакции
9.913
А кому воопшто му се битни асимптоматските случаи?
Јер,реално неможе некој со симптоми да не биде тестиран дури и од страна на глупите,лоши Шведи?
cudno e, sekoja nedela izleguvaat so razlicni brojki za testiranja.

izlegoa ambiciozno na pres, deka kje ima 100k testovi nedelno, zasega samo na muabet.
po nekoi firmi pocnaa da testiraat.
poima nemam dali e od drzavata toa, ili firmite sami si organiziraat
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.297
Поени од реакции
26.179
Данска 56k, Финска 22k, Норвешка 37k тестови по глава на жител.
Не дека не тестираат овие Скандинавциве, ама не претерувај. Толку плунка не може да извадиш од човек. :D
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.189
Поени од реакции
84.066
Не дека не тестираат овие Скандинавциве, ама не претерувај. Толку плунка не може да извадиш од човек. :D
Ја зборувам од позиција на официјалните податоци кои ги имаме во моментов. Ако се тие неточни, тогаш е друга работа.

Ја никако не викам дека нема да дојдат во иднина нови сознанија од различен карактер, според кои би испаднало дека се во право со нивниов избор.
 
M

Macedon1um

Гостин
Кај нас... 500 велиш на 2 милиони? СУПЕР. Дај кај да потпишиме.
АКО цела заебанција е за 500 кои и онака ќе умрат кои од старост кои од 2000000 пропратни болештини кои ги имаат дај бе чоек да се куртулиме.
Па само на форум се направија 50 хипохондрици кои десна рака ќе сечат само корона да не фатат. Очи ќе му извадат на некој ако мисли различно од нив.
Психички последици од нештово... очигледни пар екселанс,
Скоро 100 имаме на строги мерки, сеуште неоптетеност на здравствениот систем а не можам ни да замислам колкави ќе бидат бројките ако има лабави мерки налик на Шведска. Па кај нас мислам рекоа скоро 20% од смртните случаи воопшто не ни стигнале до болница, е во општ хаос големи бројки кој знае што ќе станува тука

Не знам какви мерки има во Австралија но ми се чини они најдобро се справуваат до сега

1.png
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.189
Поени од реакции
84.066
А кому воопшто му се битни асимптоматските случаи?
Јер,реално неможе некој со симптоми да не биде тестиран дури и од страна на глупите,лоши Шведи?
Абе секој може да си каже кои податоци си ги смета за релевантни. Јас си кажав и објаснив.

Инаку, Шведска има направено историски многу паметни потези и не би рекол, ниту дека се глупи, нит лоши.
Тоа не значи дека секогаш правела паметни потези (таква земја, освен Бугарија, не постои). Ниту пак гарантира дека и ова им е паметен потег.
Но, во иднина може да се покаже дека било. Сега е спротивно на тоа, со овие податоци што ги имаме до сега.
Автоматски споено мислење:

Цело време се повикував на нешто друго да обрнеме внимание, а тоа е дека и од таа и таква шведска треба да се извлечи позитивното.
Не е во ред кај нив по вода што им ојде старото население, НО толку им се капацитетите и сосема фер си излегоа и кажаа на почеток извинете ама нема да се заебаваме, одиме на херд имјунити + спасуваме економија.
Тоа си има позитивни и нег страни.
Секако дека има и позитивни страни. Нема нови стеги во општеството, економија подобра (во споредба со оние со карантин), образовниот процес нема толкав прекин и др.
Дали се исплатеа?
Тоа сега не можеме да го видиме. Сега лошите страни се такви, да не можам да речам дека овој метод е правилен. Можеби во иднина повеќе ќе пркнат на виделина лошите страни на другиот начин.

Инаку и Третиот Рајх исто има позитивни страни.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.297
Поени од реакции
26.179
Ја зборувам од позиција на официјалните податоци кои ги имаме во моментов. Ако се тие неточни, тогаш е друга работа.

Ја никако не викам дека нема да дојдат во иднина нови сознанија од различен карактер, според кои би испаднало дека се во право со нивниов избор.
Не, не. Таман се бројките. Само не се по глава на жител, туку на милион жители.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.508
Поени од реакции
114.604
Не се таму каде што се бидејќи касно изреагираа (иако е дел од причините, да) туку заради тоа што немаат менте во главата ко шведи, германци и слични т.е. не почитуваат мерки како миење раце и до некаде некоја дистанца држење.

Цело време се повикував на нешто друго да обрнеме внимание, а тоа е дека и од таа и таква шведска треба да се извлечи позитивното.
Не е во ред кај нив по вода што им ојде старото население, НО толку им се капацитетите и сосема фер си излегоа и кажаа на почеток извинете ама нема да се заебаваме, одиме на херд имјунити + спасуваме економија.
Тоа си има позитивни и нег страни.

Кај нас... 500 велиш на 2 милиони? СУПЕР. Дај кај да потпишиме.
АКО цела заебанција е за 500 кои и онака ќе умрат кои од старост кои од 2000000 пропратни болештини кои ги имаат дај бе чоек да се куртулиме.
Па само на форум се направија 50 хипохондрици кои десна рака ќе сечат само корона да не фатат. Очи ќе му извадат на некој ако мисли различно од нив.
Психички последици од нештово... очигледни пар екселанс,

Сепак, има зеаб во цела работа што 20 пати го повторив, а тоа е дека на вирус кој ти е тука од декември му се тресиме како да е СМАК света.
ДА БЕШЕ така досега ниту јас ниту ти ќе пишевме овде, туку тоа што го опиша како си се преладил од работата во банка ќе ти беше COVID и ќе ти јадевме пченица.
Тебе од работа во банка, мене пупунец ќе ме најдеа од некоја друга работа и сите ќе си одевме јабана.

Премногу ја пумпате цела работа, олабајте малце.

Мислиш дека ако потрае лудоста кај нас ќе останиш на работа?
Мислиш дека сите оние самохрани родители кои го јадоа апот што од кризава што од алчни газди им е до вирусов?
Другарчињата твои од форум што си штракаат по тастатура и се хепи оти некој ги плаќа за работа од дома се едно, ама пола мали бизниси од кои се движи дел од економијата во мкд и еден куп луѓе кои зависат од минималецот што го носеа дома не штракаат по тастатура, туку плачат за леб.

Е дај на таквите да им кажиме дека се е океј и сме ја заебале шведска, данска, америка, русија... шо ти ја знам која држава оти три месеци седевме карантин.

И АЈ и то да беше решение ама НЕ е. Оти после тоа време ПАК ќе треба да се отворат граници и ќе ти дојди некој со COVID па ајде од почеток.
Логика малце, не е само да се контраме до недоглед.
Ама чек сеа пак измеша некои работи. Ти велам 500 на 10 милиони, не на два. Хипотетички ти реков ако би имале 10 милиони население, како Шведска. Сеедно лош ти е коментарот и искрено не баш човечки. Зошто? Затоа што нема што ја и ти и било кој да потпишуваме за нечии животи. Не се само старите зафатени, не знам како не го сфаќате овој момент.

Си искоментирал дека може без работа да останам ради мерките. Ок, секој од нас може, ама никој не предвиде вечни мерки, него привремени, затоа во претходните постови велев дека би жртвувал 2-3 месеци од животот живеејќи под рестрикции за да спасам одредени човечки животи (алудирам на луѓето кои би ги заразил несвесно доколку би немало мерки). Имам и јас против меркиве, особено делот околу тајмингот на воведување на истите, ама некои работи мораше да се случат, јебига. Како да работат училиштата кажи ми? Свесен си колкав промет се случува меѓу нив секојдневно? Автобуси, контакти на школо, рецепт за масовно ширење на вирусот. Истото е и за кафичите, кладилниците, кино салите итн итн. Замисли колкави ќе беа бројките да работеа редовно сите овие институции.

За крај, пак ќе напоменам, заборавате која е главната цел на мерките, да се ублажи ширењето на вирусот, а не да се искорени истиот, што е многу битен момент во вакви дискусии.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom