Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
16 декември 2011
Мислења
86
Поени од реакции
175
Заразени колку се, не глеам, не споредувам. Различни земји имаат различен начин на тестирање, а верувам дека ни таму не се добри.
Смртност потешко може да се манипулира од заразени. И двете можат, у крајна линија, ама смртност потешко.

Ако ги исклучиш Андора, Св. Мартин и слични земји со петоцифрени бројки население, Шведска е неге 5-то место по смртност у свет, по глава од жител, од некои 150+ држави (нели ги исклучуваме тие минијатурните). Толку. Не може никако да се каже дека им е добар моделот.
А на кое место е по број на заразени? Да не е тука некаде со сите соседи? Па Данска, Норвешка, Финска имаат двојно помалку заразени од Шведска, но како да се избегнува фактот дека имаат и двојно помалку жители...

Тоа со смртните случаи е сосема друго прашање и може да се анализира од аспект на нивниот здравствен систем, или некој друг проблем кој ние оттука секако не можеме да го утврдиме, а во корелација на мерките, единствено бројноста на заразени може да се стави во исто равенство.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.097
Поени од реакции
11.502
Ако ги оставам малите држави, тогаш Шведска ќе биде 9-то место у свет од 200 држави.

Тоа не е успешен начин на справување со корона вирусов. Како сакаш врти го.


Можеби некои настани и нешта кои сега не ги гледаме, во иднина, некако ќе покажат дека тој модел бил подобар, но сега моментално никаков простор тоа да се каже со овие статистики.
Треба да се јавиме до СЗО да им кажеме дека грешат. Бериќо наш подобро знае.

Не е само смртноста во прашање. Ако ги погледнеш Македонија и Шведска, нашава вукојебина има дупло помалку жители во процентуална цифра во графа 65+ него Шведска.

Ти си мислиш дека кај нас помалку умираат и имаме подобра стратегија а оно кај нас предвреме умираат луѓе и сега тебе ти изгледа дека во Шведска умирале стари.

Умираат стари во Шведска ама кај нас и без корона луѓето млади умираат. Не е проблемот во Шведска
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.593
И каква врска има карантинот со бројот на излечени ? Тоа е до начинот на лекување, не до мерките...и без карантин Шведска нема бројки на заразени/починати до небо, напротив секој ден е се подолу и подолу на табелата.
Има врска со бројот на заразени и со бројот на починати. Земи ја за пример Шведска наспроти Норвешка + Данска. Норвешка + Данска имаат 2/3 од вкупниот број заболени во однос на Шведска, а во исто време 3 пати помалку починати.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.189
Поени од реакции
84.067
А на кое место е по брпј на заразени? Да не е тука некаде со сите соседи? Па Данска, Норвешка, Финска имаат двојно помалку заразени од Шведска, но како да се избегнува фактот дека имаат и двојно повеќе жители...

Тоа со смртните случаи е сосема друго прашање и може да се анализира од аспект на нивниот здравствен систем, или некој друг проблем кој ние оттука секако не можеме да го утврдиме, а во корелација на мерките, единствено бројноста може да се стави во исто равенство
Дали ти сакаш да ми кажеш дека Шведска добро се справува со вирусов и покрај една од највисоките смртности во свет, по глава на жител, затоа што смртноста не релевантен показател?
 
Член од
16 декември 2011
Мислења
86
Поени од реакции
175
Дали ти сакаш да ми кажеш дека Шведска добро се справува со вирусов и покрај една од највисоките смртности во свет, по глава на жител, затоа што смртноста не релевантен показател?
Јас ги толкувам бројките и тие велат дека по глава на жител речиси и да нема отстапки од нивните карантинизирани соседи (зборувам за број на случаи).
И тоа е факт што не може да се побие и негира.


Дали лошо ги менаџираат болните, дали воопшто не ги лечат, дали се шири меѓу старечките домови, дали имаат и тие игранки со социјалното па сè пишуваат и припишуваат на коронава навистина не знам, но ширењето на болеста е апсолутно запрено и мало (што е и целта на карантинскиве мерки), така што, да, мислам дека се справуваат одлично.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.189
Поени од реакции
84.067
Смртноста за жал е релативно добар показател.

Ја сфаќам дека има луѓе кои од секакви причини сакаат олабавување на мерките, но Шведска е лош аргумент во таа дебата, со 5-та смртност по глава на жител, у свет.

Може аргументи да ви бидат нешта како: економијата ќе пропадне, нема да имаме од што да живееме, џабе мерки, ова никад нема да помине, не ми се седи дома, 5-G ќе наместат дур сме затворени, сакаат со алуминиум сите да не вакцинираат и тн.

Секој од овие аргументи, сега за сега, повеќе држи вода од аргументот - Глеј Шведска како немаат гајле.
Автоматски споено мислење:

Јас ги толкувам бројките и тие велат дека по глава на жител речиси и да нема отстапки од нивните карантинизирани соседи (зборувам за број на случаи).
И тоа е факт што не може да се побие и негира.
Тоа не е факт, бидејќи е неточно.

Шведска има 350 мртви на милион и е девето место у свет, ако ги рачунаме и земји со петоцифрен број на жители. Ако не, седмо е.
Данска е следна дури на 23-то место и има 102 мртви на милион.
Другите комшии се и подалеку.

 
Последно уредено:

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.593
Јас ги толкувам бројките и тие велат дека по глава на жител речиси и да нема отстапки од нивните карантинизирани соседи (зборувам за број на случаи).
И тоа е факт што не може да се побие и негира.
Норвешка има нешто помалку од 2 пати помалку заразени и преку 7 пати помалку мртви на милион жители од Шведска. Ебате фактине твои. :icon_lol:
 
Член од
16 декември 2011
Мислења
86
Поени од реакции
175
Смртноста за жал е релативно добар показател.

Ја сфаќам дека има луѓе кои од секакви причини сакаат олабавување на мерките, но Шведска е лош аргумент во таа дебата, со 5-та смртност по глава на жител, у свет.

Може аргументи да ви бидат нешта како: економијата ќе ппропадне, нема да имаме од што да живееме, џабе мерки, ова никад нема да помине, не ми се седи дома, 5-G ќе наместата дур сме затворени, сакаат со алуминиум сите да не вакцинираат и тн.

Секој од овие аргументи, сега за сега, повеќе држи вода од аргументот - Глеј Шведска како немаат гајле.
Автоматски споено мислење:


Тоа не е факт, бидејќи е неточно.

Шведска има 350 мртви на милион и е девето место у свет, ако ги рачунаме и земји со петоцифрен број на жители. Ако не, седмо е.
Данска е следна дури на 23-то место и има 102 мртви на милион.
Другите комшии се и подалеку.

Ама зошто спинуваш сега, реков дека имаат ист број на случаи по глава на жител со соседите, а ти ми одговараш со смртните случаи.


Пак ќе повторам, карантинот (хипотетички) ја прекинува, намалува заразата, не влијае дали ќе се излечиш ако си веќе болен, тоа веројатно ни е јасно на сите.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.510
Поени од реакции
114.611
Прегледај го приврзокот 250808

Првиот резултат што ми излезе на гугл.
Не знам дали е точен, али да речиме дека е.
3225 мртви на 10.23 милионски народ?

Тоа ако не се лажам му иди 0,25% од цело население да се заразени - што е така минорна бројка.

Од сите регистрирани COVID случаи (26322) некаде благо над 8% им е смртноста, со оглед на тоа дека имаат старо население и не се испотресоа да го заштитат.

НИТУ е многу, ниту е апокалиптично со оглед на тоа дека имаа различни мерки од цел свет. Сепак кај нив беше лабаво.

СО ОВА, не заговарам дека се најпаметни или дека таа е добитната стратегија (вистината е секогаш измеѓу), но исто така не се апокалиптично многу.
Секако, од др страна, дека може подобро во однос на старските домови но очигледно намерно и свесно си ги пуштија низ вода старците заради herd immunity.
8% стапка на смртност тебе мала ти е? Секоја чест. Пресметај пример колку е 8% од популацијата на Америка рецимо, доколку они би негувале таков пристап и види дали е во ред.
 
Член од
16 декември 2011
Мислења
86
Поени од реакции
175
Норвешка има нешто помалку од 2 пати помалку заразени и преку 7 пати помалку мртви на милион жители од Шведска. Ебате фактине твои. :icon_lol:
Неточно, не се ни близу двојно помалку заразени по глава на жител.

Еве Данска има речиси ист број заразени по глава на жител (сепак малку помалку, да бидам поточен).

Поентата е дека со такви агресивни мерки и без нив разликата е апсолутно незначителна.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.510
Поени од реакции
114.611
Интересно, 12-18 месеци минимум. Ме интересира дали знаеш колку е максимумот? Тие луѓе што пробуваме да ги заштитиме, вајда не мислиш дека ќе живеат вечно. Тоа што животот е парализиран не значи дека е природниот процес запрен. Имаше една статистика поназад у темата, просечна година на умрените во Италија беше 81 година. Колку од нив ќе ја дочекаат вакцинава?
Не знам кој е максимумот, можда вакцината ќе дојде порано од овие проектирани 12-18 месеци, можеби подоцна, а можеби и воопшто нема да дојде.

Мислам дека џабе вртиме во круг ја ти и Инглориус кога вистината е тука некаде на средина, само има пар работи околу кои не се согласуваме. Јас сметам дека може да се жртвуваат 2-3 месеци од нашите животи за да се заштитат постарите и хронично болните, секако под услов населението да се однесува одговорно, вие сметате дека не треба и тоа е тоа, мислам дека џабе се објаснуваме кога нема конкретен заклучок. :D
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.189
Поени од реакции
84.067
Јас ги толкувам бројките и тие велат дека по глава на жител речиси и да нема отстапки од нивните карантинизирани соседи (зборувам за број на случаи).
И тоа е факт што не може да се побие и негира.
Може да се негира.

Веќе реков дека јас лично, бројката на заразени ја ставам како второстепен показател, во споредба со бројот на смртни случаи. Објаснив зошто.

Но еве, ако го земеме тој параметар да го разгледуваме, ваљда сфаќаме дека ако не тестираш нема да има и заразени. Дајте ми мене власт и ќе имам по нула нови случаи, у текот на колку сакате време.

Не можеш така лесно да го земеш бројот на заразени, по глава на жител, како некаков показател за добро справување со вирусов, при споредба со комшиите, затоа што, Шведска има само 14k тестови по глава на жител, а Данска има 56k тестови по глава на жител, Норвешка има 37k тестови по глава на жител, Финска има 22k.
Тоа ја прави Шведска со тестирање, у група со Босна и Црна Гора, кои имаат по 12k тестови по глава на жител.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.593
Шведска има 2 641 заразани на милион жители, Данска 1 815 на милион жители. Околу 50% повеќе заразени во Шведска во споредба со Данска.
Во исто време Данска има 92 починато на милион жители, кај Швеѓаните бројот е 322. Повеќе од 3 пати.

И во двете категории имаш значајни отстапки. Мерките дефинитивно имаат позитивно влијание и кај ширењето на заразата и посредно кај смртноста.

Едино, ако имаш некои други бројки, може мене изворот не ми чини.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.189
Поени од реакции
84.067
Шведска има 2 641 заразани на милион жители, Данска 1 815 на милион жители. Околу 50% повеќе заразени во Шведска во споредба со Данска.
Во исто време Данска има 92 починато на милион жители, кај Швеѓаните бројот е 322. Повеќе од 3 пати.

И во двете категории имаш значајни отстапки. Мерките дефинитивно имаат позитивно влијание и кај ширењето на заразата и посредно кај смртноста.

Едино, ако имаш некои други бројки, може мене изворот не ми чини.
Кога се кажува колку има заразени, би требало да се има увид плус бројот на тестови по глава на жител. А Шведска таму е катастрофална, во споредба со комшиите.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.510
Поени од реакции
114.611
Може да се негира.

Веќе реков дека јас лично, бројката на заразени ја ставам како второстепен показател, во споредба со бројот на смртни случаи. Објаснив зошто.

Но еве, ако го земеме тој параметар да го разгледуваме, ваљда сфаќаме дека ако не тестираш нема да има и заразени. Дајте ми мене власт и ќе имам по нула нови случаи, у текот на колку сакате време.

Не можеш така лесно да го земеш бројот на заразени, по глава на жител, како некаков показател за добро справување со вирусов, при споредба со комшиите, затоа што, Шведска има само 14k тестови по глава на жител, а Данска има 56k тестови по глава на жител, Норвешка има 37k тестови по глава на жител, Финска има 22k.
Тоа ја прави Шведска со тестирање, у група со Босна и Црна Гора, кои имаат по 12k тестови по глава на жител.
Би било добро кога се споредуваат бројки меѓу земјите да има еден дел со параметри по кои се тестира. Не може да ја споредиш Шведска каде за да те тестираат треба да си на смртна постела (така иде зборот де) и Германија на пример која масовно тестира од почетокот.

Ете и Македонија е добар пример, откако почнаа по 100/150/200 тестови дневно одма нагло опадна кривата, а тоа е резултат на помалото тестирање.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom