3 200 од 26 000 е 12%. Утка ти е и тоа 8%.
без разлика, друго беше поентата. сепак, за ова си во право.
8% стапка на смртност тебе мала ти е? Секоја чест. Пресметај пример колку е 8% од популацијата на Америка рецимо, доколку они би негувале таков пристап и види дали е во ред.
Немој да се пенавиш, нема да умреш. И те молам не ми ставај зборови во уста пошто има шанси да се претвориш во новиот падавичар на темава. Не ти личи едноставно.
Прочитај што напишав и не ме цитирај селективно за да извадиш муабет од контекст.
Заразени колку се, не глеам, не споредувам. Различни земји имаат различен начин на тестирање, а верувам дека ни таму не се добри.
Смртност потешко може да се манипулира од заразени. И двете можат, у крајна линија, ама смртност потешко.
Ако ме прочита добро никаде не реков дека нивните мерки се идеални, туку се надоврзав на твојот муабет тврдејќи дека вистината е некаде
насредина.
Тоа значи дека и од нив треба да се земи позитивниот пример.
Тоа што им испоумреа еден куп старци по старските домови е само заради недоволниот број на персонал, а исто така имаше и порано тука постирано некој на темата како витаминот Д во голема мерка игра улога дали и колку ќе се заразуваш со вируси (покрај други фактори секако), а се покажало од истражувањата дека баш таму и не се потрефиле мртвите со доволен број на вит Д.
Ако го најдам видеото ќе го постирам повторно или ќе го цитирам членот што го постира.
На крај, како год да свртиш повторно ќе ти речам дека од 10 милиони народ да ти се заразат 20 и кусур илјади од вирус кој е „баба рога“ и кој „така лесно е вирален и пренослив“ ... па не знам како не испоцркаа сите. Најверојатно има многу останати чинители зошто и колку е застапено ширењето.
Вујко ми кој секој ден го гледам на социјални мрежи и неговото семејство нема промашено да постира дали е во група и се движат со чопери некаде низ шведска, дали се по скари и пикници со пошироката фамилија, дали неговиот син со девојката се секој ден по локали, пицерии, кафичи.
НЕ се обидувам да ти наметнам дека тоа е во ред, но сакам да кажам дека и не се шири нештово така лесно бидејќи сите ќе беа пупунци до сега ширум светот - од едноствана причина што се потврди дека вирусот е тука меѓу нас од декември (а тоа се ЦЕЛИ 5 месеци) - што мора да признаеш не е мал период.
Шведска треба да ви биде аргумент повеќе кон тоа дека кон позитива оди работата отколку дека сè e поцрно од самиот ѓавол.