Сакам шопинг, ама напорен ми е. Ужасно напорен. Со душа го чекам кафето (или што и да е) после шопингот.
Ретко кога имам време и нерви да се шлаам по продавници. Си имам десетина веќе проверени во кои секогаш, ама секогаш наоѓам се` што ми треба. Она... Мој стил се, погодени ми се целосно, па знам дека нема да утнам, кога и да отидам.
Што се однесува на друштвото... Или сама, или со најдобрата другарка. Или некој со кој ептен го имаме истиот вкус/стил/имиџ. А нема таков, соодветен.
Најмногу ме невира персоналот кога ми се прави паметен, во стилот на "види што убава си (и слични лигави изјави), тебе ова мора да ти стои!; слаба си ти, XS или S би требало (иако милијарда пати повторуваш дека носиш М); не е црна, тегет е! (и обратно)..." :icon_roll
Дома... Не правам никакви комбинации, не ги ни облекувам работите. Сафра ме фаќа.