Наречете ме фрик меѓу жените
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
pos
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
ама ретки се деновите кога сум расположена за шопинг. Како и секој друг, и јас уживам во тоа што иде ПОСЛЕ шопингот
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Им се радувам на новите нешта, ги пробувам пред огледало, комбинирам... Ама, додека да дојде до тоа- смрт! Еве во неколку подцртички како се одвива еден шопинг-ден кај мене:
-Излегувам од дома полна со кеш, со насмевка од уво до уво и секако, придружник, за друштво, совети при избор и помош при носење на кесите.
-Прва дестинација: Трговски. Шлаеш низ продавници, бутици, шопинг-центри, се буташ у гужви, чекаш у ред пред гардероба, те мава у кичма отпозади госпоѓа во години која не ни сфаќаш што бара во ваков бутик, ама битно се тепа со тебе кој прв да влезе; нигде ништо нема, а ако има нешто, ти немаш доволно пари да го купиш; на крај откако ти капнале нозе шетајќи го цел ГТЦ се откажуваш и излегуваш од таму.
-Се селиш во некој друг трговски центар, зависно од тоа колку кеш за такси имаш, а и од факторот “што прво ќе ми падне на памет„. Значи може тоа да биде Бисер, Рамстор, Буњаковец или Беверли, као најчести “под Б„ трговски центри. Тука- ништо поарно. Барем нема до тоооолку гужва ко у ГТЦ, ама овде па никаков избор во продавниците. Уморно застануваш да си купиш пица на парче по која следува пуш пауза, за да би можела да продолжиш со потрагата.
-Јадеш пицата, твојот шопинг-придружник те форсира да побрзате, зошто касни за на депилација. Се враќаш да ја довршиш мисијата “подновување„. Наоѓаш нешто што е по твој мерак, со разумна цена. Ама ко за беља, или ти е премало, или прекратко, или преголемо или предолго (последниве две поретко). Ај у К. Се мучиш уште некое време, за на крај во очај и афект да купиш нешто што не ти се ни свиѓа, не ти стои и мали се шансите да го облечеш повеќе од два пати во иднина. Ама немаш веќе живци да хараш по бутиците, па го зимаш без оглед какво е.
-Доаѓаш дома. Го вадиш од кесата тоа купеното, и сфаќаш каква глупост си напраила. Во агонија и депресија го пробуваш, застануваш пред огледало и доаѓаш до заклучок дека подобро ќе беше со парите што ги потроши на ова да си купеше пиштол и да си швркеш еден куршум у слепоочница. (Малку хипербола никого не убила) Ништо, го ставаш у шкаф со надеж дека некогаш екшли ќе го облечеш. Мајка ти ти се дере, зашто вакво нешто си купила. Не ме нервирај, мам.
-Утредента го викаш шопинг-придружникот на кафе, за да му се искупиш за преживеаниот терор додека шетал со тебе низ бутиците. Пожелна, а не и задолжителна, е да го благословиш со една масажа на стапала, пошо поише од очигледно е дека после 5 саата пешачење на мазна подлога има болки во табаните.
-Сфаќаш дека следниот пат ќе мораш ти него да го придружуваш во некоја ваква слична мисија. Fuck. Очајот и агонијата растат.
*За да не испадне се така црно, ќе напоменам дека во екстремно ретки случаеви (више екстремни него ретки) се случува и да ти се погоди тоа што ќе го купиш после 5 саата окапување по трговските центри, да се вратиш дома радосна, и со уморна, но блаженоуспокоена насмевка да го пробаш и уште 2 саата да стоиш пред огледалото восхитувајќи и се на твојата убавина.
Сума сумарум: го сакам резултатот од шопингот, но го мразам самиот процес, така да се изразам. retarda: