не сум плачела на книга ама последно што прочитав и што ме трогна многу беше ,,дамата со камелии,, насловот е крајно непривлечен ама книгата е стварно добра
,,порака во шише,, е исто така мн. трогателна книга.....
Пред неколку години кога пак ја читав Ана Каренина; моментот кога се искрадува да се види со синчето, откако го напушта домот. Ама баш си се изнаплакав.
„Чичко Горио“ и „Девојката со портокали“. За „Чичко Горио“ не мора да се објаснува многу. Тоа е прекрасна книга, една од моите омилени. „Девојката со портокали“ ми беше толку интересна, ама крајот уууууф не можев да се средам подолго време. Навистина торгателни книги. „Чичко Горио“ е психички тешка, односно тажна книга цело време, а „Девојката со портокали“ на моменти весела, на моменти тажна.
Евгенија Гранде - Балзак најнеочекуван крај што дојде шокантно и тоа на последната страница не очекував дека девојката така ке заврши. Плачев ко бебе
Поезија - Петре М Андреевски - на секоја ебена песна плачев.
има уште некои само не ми текнува сеа
ЛАЖАМ ЛАЖАМ!!!
Се изнаплаков на книгиве од Спаркс поточно на „ Страници за нашата љубов “ и „ Чекори за сеќавање “.
Плачев и на „ Знаеш ли да чуваш тајна “ и на уште една книга на која и го заборавив името :kesa:
И да на „ Пајажината на Климентина “ си плачев поштено кога ја прочитав пак.
И една солза се смета за плачење така да на :
„Петтемина што ги среќаваш во рајот“, отпосле разбрав и дека има и филм по истоимената книга, ама не сум го гледал. На збирките раскази на Братислав Димитров (си ги купив сите), повеќето од нив мислам дека беа објавени во Теа Модерна како колумни. Колку само прекрасно пишува тој човек. Исто така ме разнежни и „Последното предавање“. Ептен мотивирачка и срцепарателна книга според вистинита животна приказна. Сум пуштил солза и на многу други, ама во моментов не ми текнуваат... Во суштина јас сум голем (one teardrop) плачко, ама ај нека остане ова само меѓу нас.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.