- Член од
- 3 декември 2008
- Мислења
- 15
- Поени од реакции
- 0
чекори за сеќавање дефинитивно...каква книга ауууу прочитајте ја
И јас на оваа имам плачено и на Добра земја од Перл Бак леле таа книга се скинав во плачењеОх, на Девојчето со две имиња, на Јадранка Владова, многу плачев, бев четврто одделение мислам...
Пуштив солзи на една смешна книгичка, се вика Симчо, од Велко Неделковски е, некој си социоаутсајдерски случај се обработува, ама многу некако ме трогна, пубертетлиски... Плачев на поезијата на Пабло Неруда, имам плачено на Марта како и секој основец...
Последно така тазе исплакано ми беше на Кујна од Лили Прајор, ептен ми влезе во срце хероината.. И Мадам Бовари ја жалев...